Прага 20.03 -23.03.2026 

ноември 27, 2025

ПРАГА 20.03 -23.03.2026  Сигурна Реализација 

 П Р А Г А
со посета на Карлови Вари

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

 

20 март (петок)                                               СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 12.15 часот. Авионот за Прага на Визер полетува во 14.20 часот и слетува во 16.35. Трансфер и сместување во хотел. Вечерна прошетка во центарот на градот во придружба на нашиот водич. Ноќевање.

 

21 март (сабота)                                             ПРАГА 

Појадок. Разглед на градот во придружба на локален водич: Храдчани- еден од најголемите замоци во светот, кој е и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост (најстариот градски мост, воедно и најпознатото градско обележје и го поврзува Стариот град со другиот брег на Влтава – Мала Страна), Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад , астрономски часовник, плоштадот Вацлав… Факултативно крстарење со брод по реката Влтава, пловење покрај најпознатите згради и споменици на „Златниот град“. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на чешки ресторан – пивница со шоу програма и можност да се проба традиционална храна и Пилснер пиво. Совршен начин да се доживее традиционална чешка вечер! Ноќевање.

 

22 март (недела)                                           КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме патување до Карлови Вари, прекрасна туристичка дестинација, која многумина ја сметаат за најубавиот град во Чешка, со традиција за велнес која трае повеќе од 600 години. Во 2021 година, УНЕСКО го призна исклучителното значење на овој град и го вклучи на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Градот е богат со прекрасна, шарена архитектура, која е законски дефинирана како културно богатство со цел да се зачува посебниот шарм и атмосфера на ова место, кое привлекува посетители стотици години. Придружете им се на великани како Петар Велики, Бетовен, Шопен, Шилер, Карл Маркс и Гете и откријте што е толку посебно во врска со ова уникатно место.

Можност за посета на хотел “Thermal” каде што може да се опуштите во единствениот отворен базен со 100% природна термална вода со температура на водата од 38 °C, сауна и прекрасен поглед на Карлови Вари . Враќање во Прага.  Ноќевање.

 

23 март (понеделник)                                ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Прага. Летот кон Скопје е во 17.10 часот.

 

Цена за рана уплата до 20.12:                389 евра (24.120 мкд)

За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

Цена на аранжманот:                                  439 евра  (27.220 мкд )

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје – Прага – Скопје
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел Olympik 4* https://www.olympik.cz/en/olympik/ во Прага на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Разглед на Прага со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса се плаќа на рецепција
Посета на Карлови Вари 55 евра / влезница Хотел “Thermal” 35 евра
Крстарење по Влтава 20 -25 евра
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 6.700 мкд

 

Напомена: 

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.