CHATEL – PORTES DU SOLEIL 23.01.2026
Ве водиме во CHATEL, дел од огромниот ски центарPORTES DU SOLEIL – Вратата на Сонцето. Незаборавно зимување на падините на импозантниот Мон Блан, скијање со еден ски пас во 2 држави: Франција и Швајцарија. Целиот комплекс има 650 км поврзани стази, прекрасна микро клима и многу природен снег. Ви гарантираме врвно скијашко уживање за сите категории на скијачи. Комплексот опфаќа дури 12 Ски ресорти во Франција и Швајцарија и познатите ски центри. Франција: Abondance – Avoriaz 1800 – Châtel – La Chapelle d’Abondance – les Gets – Montriond – Morzine – Saint Jean d’Aulps. Швајцарија:Champéry – Morgins – Torgon – Val d’Illiez les crosets Champoussin 4 ски центри во
12 French-Swiss village resorts.
CHATEL е многу симпатично алпско село, чие скијалиште е поврзано со останатите скијалишта од регијата PORTES DU SOLEIL. Во самиот центар отворен е нов Aqua centar “Forme d’O” : затворен и отворен термален базен,базен за деца,wellnes зона (сауна, масажа…). Ориентациона цена за неделно користење на класик услуга е 40 евра а за децата 30% поефтино. Местото е полно со кафичи и ресторани,продавници за зимска опрема и неколку големимаркети
(Scherpa i Casino). До/од Резиденциите возат бесплатно ски автобуси кои ги собираат скијачите по пат кон жичарите и центарот на градот.
ПОПУСТИ: Деца 5-15 год. -50 евра, Студенти 16-25 год. -30 евра
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
Програма:
- ден-петок СКОПЈЕ- CHATEL.Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за Шател во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота CHATEL.Пристигнување во Шател во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8. ден Шест дневно скијање во CHATEL– PORTES DU SOLEIL. Ноќевање
9. ден-сабота CHATEL-СКОПЈЕ.Напуштање на собите до 09:30 часот. Клучевите се предаваат на водичот. Поаѓање за Скопје со попатна посета (2 часа) на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10. ден – недела СКОПЈЕ. Пристигнување во попладневните часови.Ноќно возење.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–CHATEL–Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани Апартмани според ценовникот во CHATEL
- 6 дневен скипас за стазите на CHATEL.
- Користење на загреан внатрешен и надворешен базен, сауна,парна соба, џакузи- за гостите во
- “LE GRAND LODGE” и “LE GRAND ERMITAGE”
- Постелнина
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 950 мкд
- Туристичка такса 18€ по особа за целиот престој. Задолжителнo се плаќа во агенција.
- Доплата за електронска ски карта: 2€. Задолжително се плаќа во агенција.
- Доплата за PORTES DU SOLEIL ski pass за 6 дена (650 км стази) Задолжителна предрезервација и плаќање во агенција. Наша топла препорака !
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15.Декември 2025. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 15 oктомври 2025.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус. .
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 15.12.2025. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со образложение за отказот.За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената
> 12 – 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина: Постелнината е вклучена во цената, една за цел престој.
- Крпи: Во цената не се вклучени крпите (LE GRAND LODGE), а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 10€ за сет крпи по лице. ВоLE GRAND ERMITAGE крпите се вклучени во цената. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на крпи. Цените се информативни.
- Прибор за лична хигиена: нема тоалет хартија, сапуни, шампон во апартманите,
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по Апартман во “LE GRAND LODGE”, 450€ по Апартман во “LE GRAND ERMITAGE”. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30 .
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
- За ова патување важат Општите услови за патување на агенцијата травел со Лиценца “А” бр.УП 1-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
НХ