ДоломитСКИ ретрит 13.01 – 20.01.2026

октомври 8, 2025

ДоломитСКИ ретрит – Италија

499€ по лице

Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.

Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.

Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.

Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.

Нашиот искусен тим ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.

 Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.
Искусете уникатни моменти и создадете спомени за цел живот.

13.01.2026
Собир на група и тргнување од Скопје во 17.00 часот со автобуски превоз
Ноќно возење
14.01.2026
Пристигнување во Фалкаде
Сместување во хотел (после 15.00 часот)
Помош при купување ски карти и ски рент
Вечера во хотел и ноќевање
15.01 – 18.01.2026
Појадок во хотел
Индивидуални активности/Ски активности
Вечера
Слободни активности
Вечера во хотел и ноќевање
19.01.2026
Појадок во хотел
Тргнување кон Скопје
20.01.2026
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонаta
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД