Измир 06.03.2025-09.03.2025

декември 25, 2024

ИЗМИР

(Со посета на АлaчатиЧешме, Ефес)

Промо цена за резервации до 04.02.2025:  325€ / 20.150 мкд

Цената е валидна се до пополнување на места во авион и во хотел

(ограничен број на места)

Редовна цена на аранжманот –  355 22.010 мкд

 

Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот град Измир е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејски брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна крајбрежна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.

 

 

Прв ден: 06.03.2025 (Четврток)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 16:10 часот и слетување во 19:25 часот локално време. Трансфер од аеродром до хотел и сместување. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќниот живот. Ноќевање.

 

Втор ден: 07.03.2025 (Петок)

Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка градска тура и време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на клубот на јахтите на Чешме. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.

 

Трет ден: 08.03.2025 (Сабота)

Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈАПосета на античкиот град Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Посета на Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на куќата на Дева Mарија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука кај ѕидот на желбите ќе имате можност да ги напишете вашите желби за љубов, здравје и среќа. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Одличен спој на античка приказна и архитектура. Ручек во традиоционален турски ресторан. Попатна посета на православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен и редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.

 

Четврти ден: 09.03.2025 (Недела)

Појадок. Панорамски разглед на градот. Во 09:00 часот започнува организирана претпладневна тура со разглед на градот со  автобус, како и пешачка тура низ Измир, градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за индивидуални активности како и прошетка по Алеа Кордон со кафе и локум со прекрасен поглед кон морето. Заминување и трансфер кон аеродром во 13:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 16:10 часот. Пристигнување во Скопје во 15:25 часот локално време.

 

 

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата :

06/03/2025  Thurs PC1572 Skopje – Izmir 16:10 19:25 PPAGT/QC

09/03/2025     Sun PC1571 Izmir – Skopje 16:10 15:25 PPAGT/QC

  • Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
  • Три ноќевања со појадок во хотел Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир
  • Туристичка такса
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сите трансфери по програма
  • Разглед на Измир со локален водич на англиски јазик
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич – 30€ по лице
  • Целодневна факултативна посета на Ефес со влезница за куќата на Богородица (вклучен ручек, локален водич и посета на православното село Ширинџе) – 150€ по лице (за минимум 9 лица)
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Бакшиш за возач и водич
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 60€

 

Напомени и услови:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред термин на поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој во сообраќајот, доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.
  • Организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени лица факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • имп