БАРСЕЛОНА-28.02-03.03.2025

декември 24, 2024

Програма

 

БАРЦЕЛОНА е град на најразвиената шпанска провинција Каталонија и во сè го опишува културното и историското богатство на овој регион. Во целиот свет е познат по својата уникатна архитектура, чиј творец беше еден од најголемите современи архитекти, Антонио Гауди. Барселона е модерен град со широки булевари, пространи плоштади, трговски центри, прекрасни споменици, прекрасна плажа, огромно пристаниште и многу шарени населби. Покрај тоа, ова е градот на забавата, градот на младите, градот на најголемиот фудбалски клуб во светот. Овој град на своите посетители им нуди многу активности и грст случувања…

 

1 ДЕН (петок – 28.02.’25) : БИТОЛА – ТИРАНА – БАРЦЕЛОНА Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 11.00 часот…поаѓање за Албанија (Тирана – аеродром) во 11.30 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…пристигнување на аеродром Тирана околу 17.30 часот. Лет за Барцелона со WIZZ Air во 19.35 часот. Авионот слетува на El Prat (Барцелона) во 22.20 часот – локално време. Трансфер до хотел. Ноќевање.

2 ДЕН (сабота – 01.03.’25) : БАРЦЕЛОНА Појадок. По појадокот – започнува панорамскиот разглед на градот…споменикот на Колумбо, Монжуик (опсерваторија), обиколка на Олимпискиот стадион, Волшебните фонтани и Plaza Espana (изграден за време на Меѓународната изложба во 1929 година, според проектот подготвен од Жозеп Пуиг и Гилем Бускетс, а завршен од Антони Дардер. Со 34.000 m², тој е вториот по големина плоштад во Шпанија, по плоштадот Еспања во Мадрид и пред плоштадот Каталуња во Барселона, Gran Via, Paseo De Grazia – една од главните и најпознати авении во Барселона поради нејзината туристичка важност, комерцијалните области, бизнисите и одличната изложба на извонредни дела на модернистичката архитектура, како што се зградите на архитектите Антони Гауди и Луис Доменех и Монтанер, прогласени за светско наследство. Воодушевувајте се на ремек-делата на Гауди – зградата Battlo…редизајнирана во 1904 година од страна на Гауди, обновена неколку пати потоа, како и La Pedrera (или Casa Mila – доаѓа од фактот дека тоа беше новиот дом на семејството Мила. Двојката го заземала главниот кат, а другите станови ги изнајмувала). La Pedre-ra или Casa Mila (1906-1912) е најлегендарното дело на граѓанската архитектура на Антони Гауди поради неговите конструктивни и функционални иновации и украсните решенија…кратко кажано – тотално уметничко дело. Стигнуваме и до „иконата“ на градот – базиликата Sagrada Familia (без влез)…единствен храм, по своето потекло, основа и цел. Плод на работата на генијалниот архитект Антони Гауди, проектот беше промовиран од народот за народот. Пет генерации сега го гледаат напредокот на Храмот во Барселона. Денес, повеќе од 140 години по поставувањето на камен-темелникот, продолжува изградбата на базиликата. Оригинален дизајн за проектот за Саграда Фамилија е од епархискиот архитект Франциско де Паула дел Вилар, следејќи ги преовладувачките насоки од тоа време, со неоготски елементи…овални прозорци, потпори, летечки потпори и зашилена камбанарија. Техничките разлики, околу цената на материјалите, доведоа до тоа да овој архитект биде заменет со друг кој почна да се истакнува на теренот, а кој друг ако не – Антонио Гауди, кој го одведе проектот во друга насока, трансформирајќи го во амбициозен предлог за „црквата на иднината“. Разгледот на овој фасцинантен град го завршуваме на La Rambla – култната пешачка зона која изобилува со прекрасна архитектура и продавници за облека од водечките светски марки…слободно време. Враќање во хотел во касните попладневни часови. Ноќевање.

3 ДЕН (недела – 02.03.’25) : БАРЦЕЛОНА Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање на факултативна екскурзија (т.н. „Трите Паркови“) – Ciutadella, Tibidabo и Pueblo Espa-ñol (Шпанско село), Ciutadella е поранешна тврдина и денес најубав парк во градот. Прошетка покрај Зоолошката градина во Барселона, Парламентот на Владата на Каталонија, романтичното езеро и централната фонтана, која е дело на каталонски архитекти, меѓу кои и Антоние Гауди. Потоа заминување до видиковецот Тибидабо, од каде можете да уживате во прекрасен поглед на Барселона. Панорамска обиколка на неоготската црква Sagrat Cor. По турнејата, патување до етнo – селото Пуебло Еспањол, кое е создадено во 30-тите години на 20. век како дел од проектот кој требаше да ја покаже различноста на шпанската селска архитектура. Слободно време. Враќање во хотелот во попладневните часови. Вечерта – можност за посета (факултативно) на фламенко вечер – фантастично шоу на танчери и гитаристи (со пијалок). Ноќевање.

4 ДЕН (понеделник – 03.03.’25) : БАРЦЕЛОНА – ТИРАНА – МАКЕДОНИЈА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот…слободно време, или факултативна посета на една од најголемите атракции во Барцелона – Parco Guell…Во 1886 година, Еузебио Гуел му ја доверил на Гауди изградбата на неговата нова куќа, Палау Гуел на улицата Ноу де ла Рамбла во стариот кварт на градот. Подоцна, во 1895 година Гауди изградил винарија во округот Гараф во соработка со Франсеск Беренгер. Во 1898 година тој ја планирал црквата за Колонијата Гуел, дом на работниците во големата текстилна фабрика што индустријалецот ја поседувал на периферијата на Барселона. И конечно, во 1900 година, Гауди ја доби задачата да го дизајнира паркот Гуел. Гуел подобро од кој било од неговите современици го разбрал значењето на архитектурата на Гауди. Врската меѓу двајцата мажи не беше само врска на уметник и неговиот покровител, туку вистинска приказна за пријателство. Долги години семејството Гуел живееше во големата семејна куќа (сега училиште) што се наоѓаше на земјиштето каде што се наоѓаше градбата, додека Гауди живееше во една од двете куќи што беа изградени таму. За време на животот на бизнисменот, паркот веќе се сметаше за една од најголемите туристички атракции на Барцелона, а големиот плоштад честопати беше пуштан за организирање каталонски настани, традиционално каталонско танцување „сардана“ и други граѓански и социјални настани. Враќање во центарот на Барцелона…прошетајте низ главната шопинг улица (пешачка зона) La Rambla, или „изгубете“ се во тесните улички и мали плоштади во безвременскиот Готски кварт…состанок на групата во договореното време, враќање во хотел за подигање на багажот и трансфер до аеродромот…лет за Тирана во 23.00 часот. Пристигање во Тирана во 01.35 часот – наредниот ден. Упатување кон Македонија – пристигање во Битола во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 32.800,00 денари (529 €)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

– Трансфер (минибус или автобус) на релација Битола – Тирана (аеродром) – Битола;

– авиобилет на релација Тирана – Барцелона – Тирана (WIZZ AIR);

– Аеродромски такси

– Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 42х32х25 см.);

– трансфер Барцелона (аеродром) – хотел – Барцелона (аеродром);

– 3 НП во хотел со 3* во Барцелона (сместување во 1/2 или 1/3 соби; ДОПЛАТА за 1/1 соба – 55 € на ден

– Разглед на Барцелона со стручен водич;

– организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

– Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;

– патничкото осигурување – 300,00 ден. по лице.

– Туристичката такса – 5 € по лице на ден (се плаќа на рецепција)

– ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА :

– факултативната посета на „трите парка“ – 3.ден (трансфер + локален водич + влезница за „Шпанското село“) – 80 € по лице;

– факултативната посета – ФЛАМЕНКО шоу програма – 55 € по лице (вклучен еден пијалок);

– факултативната посета на Parco Guell – 4.ден (метро карти + влезница) – 45 € по лице;

– Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.

 

ВАЖНО : Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција, странски партнер на т.а.ПАЛАС. Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети.

 

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

pa