ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2025: 199€ /12.340 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 €/ 14.820 ден.
1 ден 13.02.2025 Скопје – ВиенаСостанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. и поаѓање за Виена во 12:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.
2 ден 14.02.2025 ВиенаПо пристигнувањето во Виена, предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 15.02.2025 OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF – БратиславаПојадок. По појадокот можност за целодневен излет. Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… . Во пладневните часови, продолжуваме накај Братислава. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Ноќевање.
4 ден 16.02.2025 Виенски шумиПојадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета – трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед – 360о на градот). Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 17.02.2025 СкопјеПланирано пристигнување во Скопје во пладневните часови( во зависност од граничните премини).
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
- Професионален туристички придружник
- Организација и реализација на програмата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Виена со локален водич –20€
- Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€
- Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
- Излет OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF – Братислава – 50€
- Патничко осигурување – 300 ден (за лица до 60 год)
- Доплата за еднокреветна соба 3 600 ден
- Туристичка такса 2€ по лице на ден
- Доплата заседиште по избор 20€
- Доплата за дополнително седиште 150€
НАПОМЕНИ
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.
- neh