Малта за денот на вљубените
-романтичен викенд со малтешко вино-
14 – 17 Февруари 2025
Цена на аранжманот: 296 еур-18 350 мкд
Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!
14 Февруари 2025 (петок) Битола – Скопје – Малта
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 12,30 часот. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 15.00 часот. Полетување во 17:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 19,00 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Идеален момент за прекрасна романтична вечера во некој од многуте ресторани покрај море, кој специјално се уредени за овај голем католички празник. А се разбира дека ќе го спомнеме и прославиме и нашиот Св.Трифун со чаша (или две) добро малтешко вино. Наздравје! Ноќевање1.
15 Февруари 2025 (сабота) Моста-Мдина-Валета
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до Mоsta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата: 55 Eur. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање2.
16 Февруари 2025 (недела) Малта-Гозо
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободна вечер. Цена на турата 55 Еур. Ноќевање 3.
17 Февруари 2025 (понеделни) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. Одјавување од хотел. Предлагаме полудневна факултативна екскурзија до јужниот дел на Малта, каде се наоѓа рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Потоа следи возење до блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери. Можно возење со брод низ тиркизно сината пештера, доколку времето дозволи (билет се купува на лице место). Цена на турата 30 Еур. Враќање во хотел во попладневните часови. Организиран трансфер до аеродром во 16:00 часот. Полетување за Скопје во 19:35 часот. Слетување во Скопје во 21:30 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата…
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема на база 3 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Трансфер Битола-Скопје-Битола 15 Еур РТ
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 55 Еур
– Факултативна посета на Гозо 55 Еур
– Факултативна екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур
– Цена со попуст за уплата во агенција на сите 3 екскурзии 130 еур
– Туристичка такса во хотел
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
ari