24,120 мкд

ТРСТ
ЉУБЉАНА
Главниот град на Словенија плени со Змејовиот мост, шармантните улици и средновековната тврдина над реката Љубљаница. Град со космополитски дух и богата историја.
РИЈЕКА
Најголемото пристаниште во Хрватска, познато по Корзо и старите театри. Впечатлив град со културна традиција и жива атмосфера на Јадранот.
1 ден – 07.11.2025 (Петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Љубљана во 12:00 часот, слетување во 13:30 часот. Организиран трансфер со автобус и панорамски разглед на градот: Ljubljana Castle, Dragon Bridge, Prešeren Square, пешачката зона и историските улици. Факултативно: влез во Ljubljana Castle. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден – 08.11.2025(Сабoта)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Блед (приближно 1 час). Слободно време за прошетки или факултативна пловидба со бродче до островчето во езерото. Попладне поаѓање кон Ријека (околу 2,5 часа). Панорамски разглед на градот: Korzo, City Tower, Old Theater. Слободно време за вечера (факултативно). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден – 09.11.2025 (Недела)
Појадок. Организирано поаѓање кон Пула (околу 1 час и 30 минути). Панорамски разглед: Roman Arena, Pula Forum, Temple of Augustus, Ancient Port. Факултативно: влез во Roman Arena и Temple of Augustus. Попладне поаѓање за Трст (околу 2 часа). Разглед на градот: Piazza Unità d’Italia, Roman Theater, Miramare Castle, Grand Canal. Факултативно: влез во Miramare Castle или Roman Theater. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден – 10.11.2025 (Понеделник)
Појадок. Слободно време за шопинг или уживање со италијанско еспресо во центарот на градот. Трансфер до аеродромот во Љубљана. Полетување во 14:10 часот, пристигнување во Скопје во 15:40 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
· Авио билет на релација Скопје-Љубљана-Скопје со Wizz Air · Аеродромски такси · Бесплатен багаж 40x30x20 cm · 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата · Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно · Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус · Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој · Туристичка такса |
Во цената не се вклучени следниве услуги:
· Сè што не е наведено во програмата · Влезница за во објектите и културно-историски споменици · Предлагаме по 1 еур од возрасен на ден за пратителот на група |
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
- Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани .Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.
FB