Нирнберг 29.11 – 02.12.2025
Авионски
Божикниот базар во Нирнберг е еден од најстарите и најпознатите базари во Светот. Постојат 1001 причина повторно да се заљубите во божиќниот град Нинберг. За некои тоа е вкусната арома на далечноисточни зачини во светски познатите нирнбершки слатки. За други тоа е нирнбершкиот Christkindlesmarkt, каде што можете да најдете стаклени украси за елка, рачно изработени ангели од златна фолија или оревокршачи направени од дрво. За љубителите на божиќната музика има многу висококвалитетни концерти, за страствените меѓународни купувачи има многу ексклузивни бутици и продавници со оригинални идеи за подароци, а за најмалите тука е детскиот Божиќ и Стерненхаус (Куќата на ѕвездите).
Ден 1
(Сабота)- Скопје-Нирнберг
Состанок на групата на аеродромот Скопје во 15:00 часот. Време на полетување за Нирнберг е во 17:25 часот. Пристигнување во Нирнберг и трансфер до хотел. Сместување во хотел (3*/4*). Прошетка до ценарот и посета на најстариот божиќниот базар во целиот свет кој датира од 1628 година во Нирнберг. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 2
(Недела) – Историски и Културен Нирнберг
• Појадок во хотел • Посета на замокот Kaiserburg – симболот на Нирнберг замокот што доминира над градот и нуди убави панорамски видици. Kaiserburg е царска тврдина, била империска резиденција на царевите во Светото Римско Царство во средниот век. Претставува симбол на моќта на царската власт и значењето на Нирнберг како плитички центар во тие времиња. Императорскиот дворец вклучва, Сина капела, Старата вода кула и градски зидини, прекрасен панорамски поглед на целиот град…- факултатива 9 евра комвинирана (Палас Доппелкапелле Каисебург Мусеум+дееп њалл синњелл тоњер) • Посета на музејот на играчки (Spielzeugmuseum)-факултатива- собира околу 85000 експонати од кои околу 5% се изложени, остатокот е во депо кое може да се разгледува виртуелно. Експонатите опфакаат играчки од Антика до денешни денови • Главниот плоштад (Hauptmarkt)е централен плоштад на старото градско јадро на Нирмберг, на овој плоштад се одрзува седмичен пазар, во Периодот на Божиќ , плоштадот се претвара во познатиот Christkindlesmarkt-впечатлив Божиќен Базар кој привлекува многу туристи, на плоштадот се наогаат важни знаменитости како Фонтаната Schöner Brunnen (увабата фонтана), Црквата Frauenkirche (Црквата на Богородица) • Пауза за ручек • Посета на куќата на Албрехт Дирер (Albrecht-Dürer-Haus), тоа е куќата на еден од најважните ренесансни уметници во Германија, куќата е сочувана од 16ти Век и денес функционира како Музеј, посветен на неговиот живот, уетноста и техниката – факултатива 7,50 евра возрасен деца 2,05 евра • Слободно попладне за индивидуални активности и шопинг • Вечера во ресторан со традиционална музика • Ноќевање во хотел
Ден 3
(Понеделник)- Rothenburg ob der Tauber
• Појадок во хотел • Посета на Ротенбург над Таубер (со локален превоз воз), град во покраината Баварија (Баварски Франконија). Од неговото формирање во среден век добил статус на слободен Имериален град (Free Imperial City) • Во пешачката тура ке се видат знаментитоси на градодскиот зид и патеката на кулите, Свети Јаков, Божиќниот музеј Kathe Wohlfahrt Christmas Museum – Музејот во Хернгасе покажува како се славелo Божиќ во Германија и како во зависност од регионот, се појавиле различни обичаи. До 14 век, Божиќ бил претежно свештеничка прослава. После тоа, првите божиќни обичаи се развиле во средината на занаетчиските еснафи. Потоа, од 18 век, прославата се проширила и во приватните домови. Постојаната изложба прикажува предмети создадени помеѓу 1870 и 1950 година. Можете да видите божиќни елки, украси за божиќни елки и свеќи, држачи за божиќни елки, божиќни разгледници и хартиени сцени од раѓањето на Исус, светилки за божиќни елки, адвентски венци, божиќни календари и многу повеќе. Во соседното „Божиќно село“ можете да купите божиќни предмети од сите видови.
Ден 4
(Вторник) – Нирнберг – помеѓу историјата и модерното време – заминување од Нирнберг
• Појадок во хотел • Одјавување од хотел • Посета на Документациониот центар (Nazi Party Rally Grounds) по Германски –Reichsparteitagsgelande-) огромен комплекс кадешто нацистичката партија одржувала големи митинзи, собири (1927-1938) • Меморијален музеј на Нирнбершките процеси (Memorium Nürnberger Prozesse) е информативен и документарен центар посветен на судењата на главните нацистички злосторници во Втората Светска Војна • Слободно време за купување сувенири или кафе покрај реката Пегниц • Пауза за Ручек во близина на езерото Dutzendteich • Опционална посета и дегустација во локална пиварница • Враќање во Хотел – Трансфер до аеродром