ИСТАНБУЛ – царската престолнина на два континенти
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
05 декември (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
(Панорамски разглед Азиски дел)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 08:45 часот. Полетување за Истанбул во 10:50 и слетување во 14:15 часот (локално време). Панорамски разглед на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Кадикој… населби во Анадолија каде водичот ќе ве запознае со културната разликост на европскиот и азискиот дел на градот. Кратка прошетка по сликовитиот дел на градот Ускудар од каде може да се види Моминската кула, Михримах џамијата, Чамниџе џамија… разгледот продолжува преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул… во Европсиот дел на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
06 декември (Сабота) ИСТАНБУЛ
(Султан Ахмед плоштад – Топкапи палата – Потонатата палата – Археолошки музеј – Капали чаршија)
Појадок. Факултативно, пешачка тура во Срцето на Истанбул – Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул – Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија (индивидуално)– изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Факултативно, прошетка по просторииите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец ”Топкапи палата” која ги чува приказните за огромното богатство на султаните… Препорачуваме да ја посетите Потонатата палата Yerebatan Saray, 14 метри под нивото на земјата, и во Византиско и во Османслиско од овие простори се снабдувале домакинствата со вода. Со 336 мермерни столбови, приказната за медузите и нивната положба на која се поставени… Посета на Археолошкиот музеј, склоп на три Музеи кои поседуваат над еден милион предмети кои ги претставуваат сите епохи и цивилизации во историјата на светот. Посета на Капали Чаршија (индивидуално) – затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Ноќевање.
07 декември (Недела) ИСТАНБУЛ
(Долма Бахче Сарај – Крстарење – Таксим)
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Посета на главниот плоштад во Истанбул – Таксим со познатата улица Истиклал… Слободно време и можност за уживање на турско кафе или чај во традиционален турски ресторан. Ноќевање.
08 декември (Понеделник) ИСТАНБУЛ -СКОПЈЕ
(Вселенска патријаршија – Балат)
Појадок. Факултативно, посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Прошетка покрај брегот на Златниот рог, стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи – место каде што се снимаат бројни турски серии… Трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 15:45 часот (локално време).
За резервација до 25.10: 25.360 мкд (419 евра)
Цена на аранжманот: 29.700 мкд (479 евра)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со авио компанијата “Pegasus Airlines”
– Рачен багаж до 8кг (55х40х20cm) и чекиран багаж до 20кг.
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Панорамски разглед на Истанбул со локален водич
– Сместување во хотел Golden Horn Sirkeci Hotel 4* на база 3 ноќевања со појадок
– Организиција на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
1. Топ Капи палатата влезница со локален водич 80 евра
2. Разглед на историскиот дел на Истанбул Султанахмет со локален водич 35 евра
3. Влезница за Долма Бахче Сарај и крстарење по Босфор со вклучен превоз и локален водич 85 евра
4. Посета на Вселенска Патријаршија и Балат со вклучен превоз 35 евра
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 145 евра за бр.2, бр.3 и бр.4.
– Туристичка такса 400 мкд (се плаќа во агенција)
– Билети за јавен превоз
– Влезници во музеи
– Доплата за еднокреветна соба
– Патничко-здравствено осигурување
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
ma