Трст, Љубљана и Ријека 07.11.2025 – 10.11.2025

септември 9, 2025
ТРСТ – ЉУБЉАНА – РИЈЕКА
07.11.2025 – 10.11.2025
389€
24,120 мкд
авионски превоз
3 ноќи + трансфер + разгледи
со појадок
4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

ТРСТ
Елегантен јадрански град со Piazza Unità d’Italia и замокот Мирамаре. Уникатна мешавина од италијанска и австриска култура, познат и по своето кафе. Град кој плени со романтика и погледи кон морето.

ЉУБЉАНА
Главниот град на Словенија плени со Змејовиот мост, шармантните улици и средновековната тврдина над реката Љубљаница. Град со космополитски дух и богата историја.

РИЈЕКА
Најголемото пристаниште во Хрватска, познато по Корзо и старите театри. Впечатлив град со културна традиција и жива атмосфера на Јадранот.

1 ден 07.11.2025 (Петок)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Љубљана во 12:00 часот, слетување во 13:30 часот. Организиран трансфер со автобус и панорамски разглед на градот: Ljubljana Castle, Dragon Bridge, Prešeren Square, пешачката зона и историските улици. Факултативно: влез во Ljubljana Castle. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден – 08.11.2025(Сабoта)

Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Блед (приближно 1 час). Слободно време за прошетки или факултативна пловидба со бродче до островчето во езерото. Попладне поаѓање кон Ријека (околу 2,5 часа). Панорамски разглед на градот: Korzo, City Tower, Old Theater. Слободно време за вечера (факултативно). Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден – 09.11.2025 (Недела)

Појадок. Организирано поаѓање кон Пула (околу 1 час и 30 минути). Панорамски разглед: Roman Arena, Pula Forum, Temple of Augustus, Ancient Port. Факултативно: влез во Roman Arena и Temple of Augustus. Попладне поаѓање за Трст (околу 2 часа). Разглед на градот: Piazza Unità d’Italia, Roman Theater, Miramare Castle, Grand Canal. Факултативно: влез во Miramare Castle или Roman Theater. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.11.2025 (Понеделник)

Појадок. Слободно време за шопинг или уживање со италијанско еспресо во центарот на градот. Трансфер до аеродромот во Љубљана. Полетување во 14:10 часот, пристигнување во Скопје во 15:40 часот.

 

 

 

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

 

·          Авио билет на релација Скопје-Љубљана-Скопје со Wizz Air

·          Аеродромски такси

·         Бесплатен багаж 40x30x20 cm

·          3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата

·          Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

·          Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус

·          Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој

·         Туристичка такса

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

 

·          Сè што не е наведено во програмата

·          Влезница за во објектите и културно-историски споменици

·          Предлагаме по 1 еур од возрасен на ден за пратителот на група

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
  • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани .Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.

FB