Вила Savas

декември 23, 2025

Лето 2026 Крф-Вила Savas- Dassia


Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. . Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

20% ПОПУСТ  до 31.12

на цените  во табелата (со минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

 

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2,  1/3  СТУДИО И ВО 1/4 АПАРТМАН. ТРЕТО И ЧЕТВРТО ЛИЦЕ ИМААТ 30% ПОПУСТ

 

 

Термин Цена по лице
29.05-05.06.2026 124€ 99
05.0612.06.2026 136€ 109
12.06-19.06.2026 161€ 129
19.06-26.06.2026 186€ 149
26.06-03.07.2026 211€ 169€
03.07-10.07.2026 236€ 189€
10.07-17.07.2026 261€ 209€
17.07-24.07.2026 261€ 209€
24.07-31.07.2026 289€ 231€
31.07-07.08.2026 289€ 231€
07.08-14.08.2026 289€ 231€
14.08-21.08.2026 289€ 231€
21.08-28.08.2026 249€ 199€
28.08-04.09.2026 211€ 169€
04.09-11.09.2026 186€ 149
11.09-18.09.2026 161€ 129€
18.09-25.09.2026 136€ 109€
25.09-02.10.2026 124€ 99€

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  мазонети. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата.

Соба бр.9– Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.

Апп бр.10-Апартманот е на приземје. Има една спална соба со брачен кревет и посебна кујна во која има уште еден брачен кревет. Спалната соба е одвоена  со врата од ходникот каде што е и тоалетот. Кујната е опремена со основен прибор за јадење и готвење, фрижидер и индукциска плотна. Апартманот има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) 

Соба бр. 11 – Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10. 

Аппбр. 12 – Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.

Собабр.13 Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).

Соба бр. 14  Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.

Апп бр. 15 – Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.

МА