Vila Porto Pefkohori

Vila-Porto-Pefkohori-Zulu
јуни 19, 2024

Вилата Порто Пефкохори се наоѓа во центарот на селото Пефкохори во многу мирна област блиску до пристаништето. Оваа вила е оддалечена 20 m од песочна и отворена широка плажа со голема градина, погодна за семејства кои можат да ја користат градината за детско игралиште и скара. Порто се состои од 13 студија со по 3 кревети, 8 студија се на приземје и 5 студија на 1 кат. Секое студио има еден брачен кревет и еден единечен кревет и е погодно за 3 лица. Студиото располага со комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, WIFI, клима, и се е ново. Балконот е со поглед на градина. Порто се препорачува за семејства на кои приоритет им е да бидат во мирна област и да бидат многу блиску до плажа.

Цените во табелата се однесуваат за наем за студио за 7 дена. Исто така студиото може да се резервира и индивидуално, за колку дена сакате.

Vila-Porto-Pefkohori-Zulu