Вила Хелиос Гарден – Лименас

март 11, 2025

Вила ХЕЛИОС ГАРДЕН, се наоѓа во Лименас, околу 350м од центарот на градот и околу 900 м, од градската плажа. Покрај одличната локација во мирно окружување, вилата има голем базен( без дел за деца) со лежалки и чадори (без доплата), мала рецепција со лоби, мало игралиште за деца, ѕидана скара која е на располагање на гостите и паркинг. Двокреветните студија се опремени со француски лежај, дел со кујна, купатило и тераса со гарнитура за седење. Студијата имаат плазма ТВ и интернет. Климата е со доплата 6 Еур на ден. Величина на студијата 16-18м2+ тераса

 

Vila-Helios-Garden

Vila-Helios-Graden-Tasos Vila-Helios-Garden-Limenas

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО за 7 НОЌЕВАЊА

* уплатите се вршат исклучиво во денари по курс 1 евро = 62 денари

Дополнителни информации

  • Доплата за клима – 6 евра по соба на ден (опционално) – се плаќа при пристигнување во објектот
  • Задолжителна туристичка такса (се плаќа во објектот) 2 евра по соба на ден
  • За уплата за 2 споени термини се одобрува 10% попуст (попустот не се комбинира со други попусти)
  • Во студиата дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, т.е бројот на легла.

Сместувањето во собите е после 14 часот по локално време

  • Напуштањето последниот ден е до 09 часот по локално време
  • Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнина и пешкири, а за хигиена се грижат самите гости.
  • Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на пресотојот.
  • Минимум уплата за резервација –  30% неповратен депозит. 
  • Доплата за автобуски превоз (со вклучена карта за траект):

Возрасни: 80 евра

Деца од 2 – 12 години: 65 евра

Деца од 0 – 2 години: БЕСПЛАТНО (не користат седиште во автобус)

  • Автобусот ги носи патниците до најблиската точка до вилата каде може да се застане со автобус
  • Агенцијата не одговара за квалитетот и брзината на интернет конекцијата во вилата

Поаѓање од:

Скопје – 01: 00ч. Паркингот кај спортска сала Борис Трајковски

Велес – 01:45ч Бензинска пумпа кај Мотел Македонија

Неготино – 02:15ч Макпетрол бензинска на автопат во правец кон Гевгелија

Смоквица – 02:45ч Шел бензинска на автопат во правец кон Гевгелија

Гевгелија – 03:00ч Шимов, бензинска пумпа пред граница

Поаѓања од Тасос

  • Вила Елени, Потос 13: 00ч.  (локално време)
  • Вила Пенелопе, Скала Потамиа 09 :30ч. (локално време)
  • Вила Атина, Голден Бич 09:15 ч. (локално време)