Узбекистан 10.04-18.04.2026

декември 23, 2025

„Ве покануваме на ексклузивно патување низ Узбекистан, каде импозантните градови Ташкент, Самарканд, Бухара и Кива нудат префинето доживување низ историјата, културата и луксузот на Патот на свилата.“

УЗБЕКИСТАН – вистински раскош на Патот на свилата

ТАШКЕНТ, САМАРКАНД, БУХАРА, КИВА

 

10. Април (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:15 часот и пристигнување во 22:45 часот.

 

11. Април (Сабота) ИСТАНБУЛ – ТАШКЕНТ

Полетување за Ташкент во 01:45 часот и пристигнување во 07:45 часот по локално време, летот трае 4 часа и 30 минути. По пристигнување во Ташкент, модерен град каде историското и современото се спојуваат во уникатен урбан пејзаж, трансфер до ресторанот и појадок. Разгледот започнува со Хаст Имам комплексот, духовното срце на градот. Овде се чува Утмановиот Куран, еден од најстарите и највредни примероци на куранот во светот. Сместување во хотелот. Следува посета на живописниот пазар Чорсу, каде боите, мирисите и звуците создаваат автентично ориентално доживување. По ручекот, посета на плоштадот Амир Тимур и на Плоштадот на независноста, симболи на величието на минатото и современата државност. Разгледот завршува со прошетка по Ташкентски Бродвеј каде што може да се почувствува модерниот градски ритам споен со локалниот шарм. Ноќевање.

 

12. Април (Недела) ТАШКЕНТ – САМАРКАНД (270 км)

Појадок. Патуваме со брз воз до Самарканд, бисерот на Патот на свилата. Сместување во хотелот. Разгледот започнува со мавзолејот Гур-е-Амир, на Амир Тимур и неговите наследници. Тиркизносината купола плени со својот блесок и убавина. Потоа следува посета на плоштадот Регистан, некогашното срце на градот, опкружен со трите прочуени медреси: Улуг Бег, Шер-Дор и Тила-Кари – архитектонски бисери што зборуваат за образовната величина на Самарканд. Ноќевање.

 

13. Април (Понеделник) САМАРКАНД

Појадок. Претпладнето започнува со разглед на џамијата Биби-Ханум, некогаш една од најголемите во исламскиот свет, и прошетка низ Сијаб пазарот, сместен покрај џамијата. По ручекот, посета на Шах-и-Зинда, украсена со шарени и сини мозаици. Попладне, слободно време за кафе, шопинг и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

14. Април (Вторник) САМАРКАНД – БУХАРА (220 км)

Појадок. Патување со воз до Бухара, град со вековна духовност, нарекуван „свет град“. Сместување во хотелот. Посета на плоштадот Лјаб-и-Хауз, оаза со сенки и чајџилници, и разглед на Чор Минор, вистински архитектонски бисер. Следува посета на медресата Надир Диван и џамијата Магоки Аттори, кои ја одразуваат автентичната духовност и културно наследство на градот. Слободна вечер а индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

15. Април (Среда) БУХАРА

Појадок. Разгледот започнува со тврдината Арк, поранешна резиденција на бухарските емири, и мавзолејот на Саманидите, градежно ремек-дело направено од тули. Прошетка низ старите маала, тесни сокаци и традиционални куќи, а потоа посета на џамијата Боло Хауз и комплексот Пој-Калон, каде доминира величественото минаре Калон, џамијата Калон и медресата Мир-и-Араб. Попладнето, можност за шопинг во пазарите покриени со куполи: Токи Заргарон, Токи Сарафон и Токи Телпакфурушон. Овдека, на секој чекор лебди духот на трговијата од времето на Патот на свилата. Ноќевање.

 

16. Април (Четврток) БУХАРА – КИВА (430 км)

Појадок. Патување со автобус или брз воз низ пустината Кизилкум кон Кхива, град кој ја зачувал својата историја во секој камен. Кхива е првиот град во Централна Азија впишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Сместување во хотел и слободна вечер за прошетка низ волшебните улици. Ноќевање.

 

17. Април (Сабота) КИВА

Појадок. Разглед на Ичан-Кала, стар град опкружен со впечатливи ѕидини. Посета на Калта Минор, препознатлив по тиркизната боја, Куња-Арк, резиденцијата на кановите/владетелите, и џамијата Џума со 218 дрвени резбани столбови. Прошетка низ дворецот Таш-Хаули и минарето Ислам Хоџа, а попладне слободно време за уживање во занаетчиските улици во кои се нудат – текстил, сувенири и чај. Ноќевање.

 

18. Април (Сабота) КИВА – УРГЕНЧ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран превоз до аеродромот во Ургенч. Полетување за Истанбул во 08:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 10:50 и полетување за Скопје во 18:55. Пристигнување во Скопје во 19:25 часот.

 

За резервации до 31 Декември 1890 евра (117.180 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1999 евра (123.950 денари)

 

Цената вклучува:

– Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Ташкент и Ургенч–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси и оброци за време на летовите

– Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg) – Трансфери со автобус и брз воз на наведените релации според програмата

Седум ноќевања со појадок во двокреветни соби во Хотели 4* (локална категоризација) (Едно во Ташкент, Две во Самарканд, Две во Бухара, Две во Кива)

– Ручеци и вечери во локални ресторани

– Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со локален водич и вклучени влезници

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

– Електронска виза 20 Евра

– Бакшиш за локалните водичи и возачи

– Доплата за еднокреветна соба 18.000 денари

– Дополнителни влезници во локалитети (доколку има)

– Патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

ap