Tоскана 06.12-10.12.2024

октомври 24, 2024
ПРОМО цена за резервација до 15.11.2024 – 179€/11.098ден
***со пријава на пакет екскурзии 
Редовна цена на аранжманот 229€/14.198ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
 Програма на патување:
1.ден 06.12.2024 (петок) СКОПЈЕ
Состанок на групата во 10.30 часот (претпладне) на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Италија во 11.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2.ден 07.12.2024 (сабота) БОЛОЊА – МОНТЕКАТИНИ  
Утрото попатна посета на Болоња. По пристигнувањето пешачки разглед и слобдно време за одмор од патувањето. За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна.  Болоња е главниот град на регионот Емилија Ромања и тука ќе уживате шетајќи покрај ренесансни палати и бројни аркади, ќе се воодушевите на црвените кровови и средновековната архитектура. Ќе може се насладите во вкусовите на Parmigiano Reggiano, prosciutto crudo или mortadella и ќе можете да откриете барем една од седумте тајни која ги крие овој чудесен студентски град. Покрај катедралата Св. Петар може да најдете штандови за време на божиќниот адвент. Освен традиционалните боќиќни украси и италијански слатки, тука ќе може да најдете бројни прикладни поклони рачно изработени од целиот регион.  По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), патувањето продолжува кон  Монтекатини. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини Терме. Ноќевање.
3.ден 08.12.2024 (недела) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО – МОНТЕКАТИНИ  
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад во облик на школка, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Пешачки разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и Piazza Del Campo. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи производи со шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна  вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
4.ден 09.12.2024 (понеделник) МОНТЕКАТИНИНИ – ЛУКА – ПИЗА – МОНТЕКАТИНИ  
Појадок. Ден предвиден за организирана посета на Пиза и Лука. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO,  Крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). По посетата на Пиза, заминуваме накај Лука, познат  по своето речиси недопрено старо градско  јадро, опкружено со ѕидини од времето на ренесансата… Лука е одалечен на само 70 км од Фиренца и низ него тече реката Серико која на 10 км западно се влева во Тиренско море.  Враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини Терме препорачуваме посета на некоја од адвентските програми во градот кој е божиќно украсен.
5.ден 10.12.2024 (вторник) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме пешачкиот разглед.  разгледот на Фиренца: Понте Векио, Палацо Векио, Галерија дељи Уфици, Плоштадот Сињори, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот следи слободно време за посета на адвентскиот саем пред црквата Санта Кроче со бројни штандови со храна и пијалоци како варено вино. Уште два големи саеми се поставени пред Фортеца да Басо и Стазционе Леополда, како и пред Санта Марија Новела. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета на некои од музеите, дегустација на локални производи во најубавиот ренесансен град на Италија. Во договорено време собирање на групата и поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Италија, Словенија, Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје следниот ден во попладневените часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотел 3*/4* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок
-Попатна посета на Болоња
-Организирани посети и разгледи според програмата
-Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник
-Бесплатен трансфер од Неготино, Кавадарци, Велес и Штип
Во цената на аранжманот не е вклучено: 
-Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ доплата на лице место
-Посета на Пиза и Лука 50€ доплата на лице место
-Задолжителна посета на Фиренца 30€ доплата на лице место
-Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)
-Задолжително патничко осигурување
 
ПРОМО пакет екскурзии 120€ наместо 130€!!!
 
Напомени: 
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– Доплатата за еднокреветна соба изнесува 60€/3.720мкд
– Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)
– Доплата за дополнително седиште во автобус 85€/5.270мкд
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
waik