Сицилија

февруари 14, 2025

8 Дена / 7 ноќевања / Авион

Сицилија е најголемиот остров во Средоземното Море, привлечен и сместен токму во неговото срце. Иако, неизбежно, првата асоцијација се однесува на некои организирани криминални групи на мафијата, овој остров со долга и богата историја, обдарен со разновидни природни убавини има да

 понуди многу повеќе. Од прекрасни плажи, добро вино, преку волшебни села и историски споменици – Сицилија никого не остава рамнодушен!

Марина ди Рагуза се наоѓа на листата на 5 -те најубавите плажи на Сицилија!

Марина ди Рагуза, се наоѓа на југоисточниот брег на Сицилија – вистински бисер меѓу туристичките дестинации и со право се наоѓа на листата на 5-те најубавите плажи на Сицилија. Оваа шармантна крајбрежна дестинација, позната по пространите златни плажи и кристално чистото море е идеално место за оние кои бараат релаксирачки одмор покрај море, уживајќи во сонцето и разни спортови и активности на вода. Плажите на Марина ди Рагуза се карактеризираат со ситен, златен песок, постепен влез во морето што ги прави совршени за семејства со деца, како и за оние кои сакаат удобно и безгрижно искуство на плажа. Лунгомаре, крајбрежното шеталиште е опкружено со бројни кафулиња, ресторани и продавници, нудејќи им на посетителите можност да уживаат во локалната кујна, пијалоци и пријатна атмосфера.

Покрај плажите, Марина ди Рагуза нуди и жив ноќен живот и културни настани во текот на летните месеци, со различни фестивали, концерти и настани кои го оживуваат градот и обезбедуваат забава и културни искуства за посетителите. Марина ди Рагуза е исто така добра почетна точка за истражување на други знаменитости и градови во регионот, како што се барокниот град Рагуза Ибла, Сцикли и Модика, кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.

Со посета на Марина ди Рагуза, ќе откриете не само прекрасни плажи, туку и гостопримлива атмосфера, богата културна понуда и автентични сицилијански искуства.

Хотел Acacia Marina 4* во Марина ди Рагуза – на 100 метри од морето со вклучени следниве услуги: WI-FI, лежалки и чадори покрај базен, тениско игралиште (со резервација), паркинг на отворено Mинерални води и коктел за добредојде.

Сите соби гледаат кон убава градина и кон море. Опремени во модерен стил, тераси, удобни кревети, голем телевизор, фен, сеф, минибар…

Ден 1 СКОПЈЕ – ТИРАНА – СИЦИЛИЈА

Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Сицилија – аеродром Комизо во 15.30 и пристигнување во 17.05 часот. Организиран трансфер од аeродром до хотел (30km). Сместување. Слободно време. Ноќевање.

Ден 2-7 СИЦИЛИЈА

Појадок. Денови за одмор, уживање и капење. Можност за посета на факултативни излети…

Еден вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Сцикли (Scicli) со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли.

Ноќевање.

Ден 8 СИЦИЛИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Тирана во 17.40 и слетување во 19.05 часот. Трансфер до Скопје.

Хотел Acacia Marina 4*

27.06-04.07

18.07-25.07

08.08-15.08

Стандард 1/2 соба

1046

1188

1365

Стандард 1/3 соба

1036

1167

1327

1во и 2ро дете до 11 год.

702

786

887

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на релација Скопје-Тирана-Скопје

  • Авионски превоз на релација Тирана-Сицилија-Тирана

  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

  • Сместување во хотел Acacia Marina 4* на база 7 ноќевања со појадок

(минерални води и коктел за добредојде)

  • Вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Scicli со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли

  • Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

  • Факултативни излети

  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во хотелот

  • Вечера 30-35 евра по лице на ден (уплата во хотел)

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

  • Патничко – здравствено осигурување

  • ИзлетиЕтна и Таормина / Сиракуза / Ното / Агриџенто / Модика / Рагуза Ибла / Сцикли и Модика / Посета на винарија…

Напомена:

Цените се по лице за сместување во соодветен тип на соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 маг