Mалта 03.10-06.10.2025 / 31.10-03.11.2025

мај 23, 2025

Малта

Октомври. во два термини

03.10- 06.10.2025   и     31.10 – 03.11.2025  

 

4дена – 3 ноќи

1 ден СКОПЈЕ -МАЛТА

Состанок на групата na Скопскиот аеродром 19.00 часот  . Полетување за Ла Валета во 20.55ч. Пристигнувањево 23.00 часот. Трансфер до хотелот .Сместување во хотел Ноќевање.

2 ден ВАЛЕТА И ТРИТЕ ГРАДА -факултативно

Појадок.  По појадокот  целодневна  посета на Валета главниот град на Малта и нејзините главни атракции,катедралата Свети Јован, Палатата на Големиот мајстор, градините “Barracca  со поглед на Трите града како и нејзините тесни и сликовити  улички украсени со шарени балкони  полни со цвекиња   Разгледот продолжува према Големиот Залив и Трите града Vittoriosa“ (Birgu), „Cospicua“  и „Senglea… Најстариот од трите града е Виториоза, кој датира од средниот век а другите  два града, Сенглеа и Коспикуа, биле основани од Редот на витезите на Свети Јован во 16 век Прошетка  низ најголемиот од нив  „Cospicua“  восхитувајќи се на  сите историски градби и неверојатни богатства кои се наоѓаат на секој чекор,Заштитник на градот е Цркават на Дева Марија со нејзината златно сјајна статуа сместена во центарот на градот.Следно е Senglea со нејзините базилики  Рождеството на Марија и Пресвета Богородица За крај останува прошетката  низ  “Vittoriosa“местото каде витезите се населуваат по доаѓањето од Родос на Малта и го наименуваат како главен град на Малта. Слободно време, Враќање во хотел  Ноќевање

 

3 ден  МАЛТА–ГОЗО факултативно

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел..  Ноќевање.

 

4 ден  МАЛТА- МДИНА факултативно

Појадок. По појадокот Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на  Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот   Попатна посета на римокатоличка црква Ротунда од Моста, сместена во истоимениот град.. Покрај тоа што наликува на Римскиот Пантеон, има огромна купола која некогаш била трета по големина во светот. Таа е најголемата и најпознатата црква во Малта каде  за

време на Втората светска војна, во 1942 година, бомба тешка 500 килограми паднала врз црквата токму за време на миса,ја пробила куполата, и воопшто не експлодиралаТрансфер до аеродром во 21:00 часот.Полетување за Скопје во 23.50 часот.Пристигнување во Скопје во 01.35 наредниот ден

Цена  349€/21.640.00 до 15 Јул 2025

РЕДОВНА ЦЕНА 389€ /24.100,00

 

Цената на аранжманот е по особа и  вклучува:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм , максимум 8 kg
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
  • Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Гозо 55€
  • Факултативна посета на Валета и Трите града   50€
  • Факултативна посета на Мдина и Рабат 40€
  • Влезници за културно историските музеи
  • Доплата за багаж – информација во агенција
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса се плака во хотел
  • Индивидуални трошоци

 

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

Важноста на пасошот мора да биде мин 6 месеца до денот  на враќањето

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

 

fl