Малта 19.06.2026 – 26.06.2026

декември 24, 2025

ЛЕТНА АВАНТУРА НА МАЛТА

Термин: 19.06.2026 –26.06.2026

РЕДОВНА ЦЕНА: 649 € / 40.240 мкд

ПРОМО ЦЕНА: 599 € / 37.140 мкд

Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.

ПРВ ДЕН – 19.06.2026 (ПЕТОК)  СКОПЈЕ – МАЛТА        

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18:45 часот. Полетување во 20:45 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:30 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.

ВТОРИ – ШЕСТИ ДЕН – 20.06.2026 – 25.06.2026  

Појадок. Во периодот од вториот до шестиот ден престојот е предвиден за слободни активности и индивидуално уживање во убавините на Малта – плажи, прошетки, локална култура, шопинг и релаксација. Во текот на престојот ќе има можност за организирање факултативни излети, и тоа:

Посета на Валета – главниот град на Република Малта и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО. Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година и има атмосфера на Медитеран со северно африкански пресврт. Оваа дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година.Опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот.Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града.

Целодневен излет до островот Гозо – вториот најголем остров на Малтешкиот архипелаг е Гозо е само околу 25 минути возење со ферибот од главниот остров, Малта. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Овој ден одиме овде на целодневна факултативна посета каде што ќе не пречека волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки од заливот Dwejra Bay. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот. Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи.

Посета на тематскиот парк Popey Village – наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Потоа следува посета на рибарското градче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 26.06.2026 (ПЕТОК)

Појадок и одјавување од хотелот, куферите ги оставаме во хотел. Слободно време до 19 часот. Во 19.30 часот состанок на групата. Организиран трансфер до аеродром 20:00 часот. Полетување за Скопје во 23:05 часот. Слетување во 00:45 часот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
-Аеродромски такси
-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во Малта на база 7 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен
-Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма
-Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Организација на аранжманот и придружник на патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
-Посета на Попај село и рибарското градче Марсашлок (трансфер и влезница) – цена дополнително
-Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) (трансфер, локален водич) – цена дополнително
-Посета на Гозо – (трансфер, брод, локален водич) – цена дополнително
-ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – цена дополнително
-Туристичка такса 1200 мкд по соба (се плаќа во агенција)
-Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба

 

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
  • При отказ на резрвација од страна на клиентот или промена на име, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ

HAV