
ПРОЛЕТНА ШПАНСКА МАГИЈА ВО КОСТА ДЕЛ СОЛ
Сонце, медитернаски ритам и андалузиска душа Добредојдовте на најпознатата шпанска прибрежна дестинација – Коста дел Сол, бисерот на јужна Андалузија. Овој регион е синоним за сончево време, долги песочни плажи и опуштен медитерански начин на живот. Од живописната Малага, културното срце на регионот, до гламурозната Марбеља и малите шармантни андалузиски градчиња, Коста дел Сол нуди богатство од доживувања за секој тип патник. Тука релаксацијата и авантурата одат рака под рака. Без разлика дали сакате мирни прошетки покрај море, истражување на историски градови, активен одмор во природа или уживање во локалната гастрономија, Коста дел Сол нуди совршен баланс меѓу култура, природа и уживање.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ДЕН. 09.04.2026 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – МАЛАГА
Состанок на групата на аеродром ТАВ – Скопје во 06:30 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот со Turkish Airlines. По пристигнувањето во Истанбул во 11:20 часот, следува конекција за Малага во 13:15 часот. Слетување во Малага во 16:50 часот. По пристигнувањето, следи трансфер до хотелот, сместување и превземање на собите. Остатокот од денот е предвиден за одмор, индивидуални прошетки и запознавање со околината на хотелот и медитеранската атмосфера на дестинацијата. Вечера во хотел. Ноќевање.
2 ДЕН. 10.04.2026 МАЛАГА
Појадок. Организиран разглед на Малага – најголемиот град на југот на Шпанија, познат како „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на генијалниот уметник Пабло Пикасо. Ќе имате можност да го посетите музејот посветен на неговиот живот и уметност, кој се наоѓа во срцето на неговиот роден град. Следува прошетка низ живописниот стар дел на градот, со посета на Римскиот театар, прекрасната Катедрала – наречена и „Еднорака дама“ поради нејзината недовршена втора кула, како и уживање во атмосферата на тесните калдрмисани улички исполнети со шарм и историја. Сместена на брегот на Медитеранот, Малага нуди идеален спој на древни културни влијанија и современ градски пулс. Ќе ги видите и мавританската тврдина Гибралфаро, која се издига над градот, како и импресивната палата Алкасаба, некогашна резиденција на муслиманските владетели, која иако често засенета од славната Алхамбра, нуди свој уникатен шарм и погледи што одземаат здив. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.
3 – 6 ДЕН. 11.04.2026 – 14.04.2026
ПРЕСТОЈ ВО МАЛАГА СО МОЖНОСТ ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ И ПОСЕТИ Во периодот од третиот до шестиот ден, престојот е стациониран во хотелот во Малага на база полу пансион (појадок и вечера), со доволно слободно време за индивидуални активности, одмор и уживање во убавините на регионот. Овие денови се идеални за релаксација, прошетки покрај море, фотографирање, посета на локални кафулиња и ресторани или едноставно впивање на медитеранската атмосфера. За патниците кои сакаат подинамичен одмор и дополнителни доживувања, постои можност за факултативни излети до најатрактивните места во Андалузија:
Гранада
Истражете го богатото културно наследство на Гранада преку незаборавна посета на импресивната Алхамбра, која плени со својата историска важност и естетска убавина, комбинирајќи исламски, христијански и еврејски влијанија. Уживајте во прошетките по тесните улички на стариот град и во панорамските видиковци со поглед на околните планини на Сиера Невада. По пристигнувањето, нашиот локален водич ќе ве воведе во магијата на најпосетениот споменик во Шпанија – величенствената Алхамбра со нејзините прекрасни градини.
Кордоба
Панорамска тура и прошетка со локален водич кој ќе ве запознае со најважните знаменитости на овој историски град. Ќе ја посетиме Големата џамија (Мескита) – еден од највпечатливите и најдобро сочуваните споменици од времето на Омајадите, уникатен по својата архитектура и духовно значење. Ронда Посета на еден од најромантичните бели градови во Андалузија, сместен на 750 метри надморска височина, на работ од длабок кањон. Пуенте Нуево, спектакуларниот мост што го поврзува стариот и новиот дел на градот, нуди незаборавни погледи. Ронда е позната и како колевка на борбите со бикови, со една од најстарите арени во Шпанија..
Севиља
Целодневна посета на срцето на Андалузија – Севиља. Разглед на Плоштадот на Шпанија, Паркот Марија Луиза, прошетка низ еврејската населба Санта Круз, како и разгледување однадвор на Катедралата и Алказар Палатата – едни од најзначајните споменици во градот. Каминито дел Реј (Патеката на кралот) За љубителите на природата и авантурата – можност за посета на една од највпечатливите пешачки патеки во Шпанија. Оваа спектакуларна патека, изградена по стрмните карпи на кањонот Ел Чоро, нуди драматични пејзажи, мостови и панорамски погледи кои создаваат незаборавно искуство.
7 ДЕН. 15.04.2026 МАЛАГА – СКОПЈЕ
По појадокот, следува трансфер до аеродромот во Малага. Лет за Истанбул во 11:55 часот со Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 17:25 часот и продолжување за Скопје во 18:55 часот. Пристигнување во Скопје во 19:25 часот по локално време.


Важни Забелешки: •
.• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманоти копија од пасош.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, за помалку пријавени патници цената може да биде соодветно корегирана.
• Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето
ау