МАЛАГА – Октомври
МАЛАГА – Октомври
Андалузија е регион во јужна Шпанија познат по својата богата историја, култура и живописна природа. Главниот град на Андалузија е Севиља, а други важни градови се Гранада, Кордоба и Малага. Регионoт е препознатлив по маварската архитектура, особено Алхамбра во Гранада и Мескита во Кордоба. Андалузија е родното место на фламенкото – традиционална музика и танц што ја изразува душата на регионот.
Географски, регионот е многу разновиден — нуди се, од песочни плажи на Атлантикот и Медитеранот до високи планини (Сиера Невада) и плодна долина на реката Гвадалкивир.
Денес, економијата ја движат туризмот (околу 13 % од регионалниот БДП), земјоделството (Андалузија произведува околу три четвртини од шпанското маслиново масло) и секторот на услуги — што ја прави глобално конкурентна агро-прехранбена и туристичка дестинација
23.10– 28.10.2025 – редовна линија на Turkish Airlines
Програма на патувањето:
1 ден (23.10.2025.) СКОПЈЕ – МАЛАГА – ТОРЕМОЛИНОС
Средба и чекирање на патниците на скопскиот аеродром во 06:45 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот( лет ТК1004). Пристигнување во Малага во 17:00 часот (лет ТК1305) По пристигнувањето трансфер до хотелот. Сместување во хотел во градот Торемолинос, медитеранскиот бисер на Коста дел Сол. Торемолинос е општина во провинцијата Малага, на околу 13 км западно од градот Малага.
Торемолинос го карактеризираат прекрасните плажи и долгите пешачки патеки.
Главните плажи во Торемолинос се La Carihuela, Bajondillo, Playamar и Los Álamos – сите со широк песочен појас, добар пристап и барови на плажа („chiringuitos“) кои служат свежа морска храна и тапас. La Carihuela е најдолга и пријатна за семејства, додека Playamar и Los Álamos имаат помодерна динамика.
Calle San Miguel е најпозната пешачка улица во Торемолинос —полна со продавници, кафулиња и улични артисти. На нејзиниот крај се наоѓа историската Торре Пиментел (Torre de los Molinos), која е дел од старата одбранбена мрежа против пиратите.
Вечера. Ноќевање.
2 ден ( 24.10.2025) ТОРЕМОЛИНОС – МАЛАГА
Доручек. Следи организиран разглед на градот на брегот на Средоземното море, кој успешно ги спојува траговите на богатата историја, феникијската, римската, арапската и христијанската епоха, со духот на модерна Шпанија: пристаништето Малагета, Центарот Помпиду, Плаза де торос де Ла Малагета (корида), замокот Гибралфаро (“Свeтилник на врвот”) од 14-тиот век, Алказаба, Ел Театро Романо (римски амфитеатар и најстар споменик во Малага, се наоѓа во културниот центар на градот), музејот на Пикасо, родното место на познатиот уметник и истовремено музеј во кој се изложени 233 негови слики, Катедралата на Малага (Катедралата Ла Манкита, т.е. “Еднорака дама” изградена помеѓу 16-тиот и 18-тиот век, мешавина на стилови кои се протегаат од готика до неокласични архитектонски елементи). Плаза де ла Конституцион (Плоштадот на Уставот, еден од најубавите плоштади во градот), главната трговска улица Калле Маркес де Лариос. Слободно време за да се освежите со сангрија и пробате локален андалузиски специјалитет. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3 ден (25.10.2025.) ТОРЕМОЛИНОС – СЕВИЉА
Појадок. Организирано се упатуваме кон Севиља. еден од најубавите градови во земјата, ако не и најубав, а доколку сакате да ја запознаете Шпанија, тогаш е задолжително да ја посетите Севиља. Градот својот цут го доживеал по откривањето на Америка, како речно пристаниште и важен трговски град каде се истоварувале стоките од шпанските прекуокеански колонии.
Разглед на градот: Торе дел Оро – Кралскиот Алказар. Катедралата Барио Санта Круз, стариот еврејски кварт со тесни улички, бели куќи, цветни дворови и мали плоштади со палми и портокали. Овде ќе гo пробаме најспецифичниот шпански “тапас” и ќе прошетаме до реката Гвадалкивир со Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Она по што овој град е запаметен и со кое плени не се само неговите грандиозни споменици и згради, туку неговата атмосфера, романтика и шарм – Севиља е најважниот град на шпанскиот југ, градот на Кармен, Дон Жуан и Фигаро, архетипот на Андалузија, сонце, темперамент и страст. Слободно време за прошетка и купување на сувенири. Во попладневните часови се враќаме кон Торемолинос. Патувањето трае 1 час и 15мин . Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден (26.10.2025.) ТОРЕМОЛИНОС – КОРДОБА
Појадок. Посета на Кордоба, „далечна и осамена“, како што напишал славниот Лорка. Кордоба е град со прекрасна и типична андалузиска архитектура со некои од најпознатите споменици во светот. Целиот историски центар е дел од светското наследство на УНЕСКО, а ги има и најубавите затворени дворови (патиоси) во Шпанија . Градот, кој бил важен политички и културен центар дури и во римско време, се развил во прекрасната метропола на Калифатот на шпанското тло во 929 година. Еврејската, арапската и христијанската култура живееле во мир и хармонија, а науката и филозофијата доживеале невиден подем – Кордоба тогаш била еден од најважните градови во светот во тоа време. Во центарот на стариот град, околу познатата Мескита и денес се чувствува дел од таа атмосфера. Прошетајте низ историскиот центар на градот до Јудерија, некогаш еврејскиот кварт, со тесни улички украсени со цвеќиња, меѓу кои се издвојува Calleja de la Flores. Слободно време за да се проба некој вкусен специјалитет и да уживаме во прекрасниот амбиент на градот. Во попладневните часови се враќаме кон Торемолинос. Патувањето трае 1 час и 30 мин. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
5 ден (27. 10.2025) МАЛАГА – ГРАНАДА – МАЛАГА
Појадок. Се упатуваме кон Гранада, сама по себе впечатлива и посебна, но она што ја прави место од 1001 ноќ е големото арапско наследство кое буквално го обликувало градот со векови – Арапите останале во Гранада до 1492 година, кога Гранада паднала како нивно последно упориште на Пиринејскиот Полуостров. Ова најдобро се гледа во нејзината најатрактивна знаменитост – Алхамбра. Обиколка на најпознатиот локалитет во Шпанија, кој остана и по заминувањето на Арапите од Шпанија, најромантичниот европски споменик. По посетата на Алхамбра, пешачиме до катедралата, капелата на католичките кралеви и старата арапска улица Алкасерија. Би било штета Гранада да се обележи само со Алхамбра – Гранада има многу повеќе да понуди! Прошетка низ Албаичин, впечатлива градска област со бели фасади и тесни улички со прекрасна глетка, Мирадор де Сан Николас, од која можете да уживате во прекрасен поглед на Алхамбра. Враќање во хотел. Патувањето трае 1 час. Вечера. Ноќевање.
6 ден (28.10.2025) ТОРЕМОЛИНОС – МАЛАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелските соби. Трансфер до аеродромот. Полетување за Истанбул во 12:40 (лет TK1304). Слетување во Скопје во 20:15 ( TK1005). Крај на програмата.
Early booking цена до 10.10 – 889 евра
Редовна цена 949 евра
Во цената е вклучено :
- Авионски превоз со Turkish Airlines на релација Скопје –Истанбул- Малага – Истанбул – СкопјАеродромски такси
- 1 парче багаж од 23 кг и рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)
- Трансфер од аеродром до хотел и обратно
- 5 ноќевања во хотел со појадок и вечера Alua Sun Torremolinos 4* или сличен
- Локални водичи на сите локации
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНА -889€ / по лице
Во цената не е вклучено :
- Туристичка такса
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативен излет во Малага 30 евра
Факултативен излет во Кордоба 80 евра- Факултативен излет во Севиља 90 евра
- Факултативен излет во Гранада 75 евра
- пакет за уплата на сите екскурзии ( без влезови во музеи) 260 евра
- влез во музејот Алхамбра 52 евра со вклучени слушалки
- влез во музејот Мескита 20 евра во вклучени слушалки