ЉУБЉАНА – ПРОЛЕТНА АВАНТУРА
19.03 – 22.03
3 ноќи / 4 дена
Ден 1 – 19.03 ( Четврток ) | Скопје – Љубљана
Состанок на групата во 09:30 часот на Скопскиот аеродром. Полетување од Скопје во 11:40 часот. Слетување во Љубљана во 13:10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување и краток одмор. Во попладневните часови следува организиран разглед на главниот град на Словенија – Љубљана: Прошетка низ стариот дел на градот со локален водич:
- Плоштадот Прешерен
- Тромостовје (Triple Bridge)
- Змејскиот мост
- Катедралата Св. Никола
- Љубљанскиот замок (панорамски поглед)
По разгледот – слободно време за индивидуални прошетки, кафе покрај реката Љубљаница или уживање во локалната гастрономија. Ноќевање.
Ден 2 – 20.03 ( Петок ) | Факултативен излет – Трст
Појадок. Факултативен целодневен излет до Трст:
- Piazza Unità d’Italia
- Canal Grande
- Централното градско подрачје
- Посета на шопинг мол
Слободно време за шопинг во аутлет центри во Трст. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
Ден 3 – 21.03 ( Сабота ) | Факултативен излет – Опатија и Ријека
Појадок. Факултативен излет кон Хрватска во Опатија – Елегантно туристичко место на Јадранското крајбрежје, познато по прекрасната Lungomare променада и австро-унгарската архитектура. Потоа се упатуваме кон Ријека – Разглед на градот:
- Корзо
- Стариот град
- Поглед кон пристаништето
- Можност за посета на Трсатската тврдина
Слободно време за кафе, прошетка или индивидуални активности. Враќање во хотел.
Ноќевање.
Ден 4 – 22.03 ( Недела ) | Љубљана – Скопје
Рано утрински трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 08:35 часот.
Пристигнување во 10:05 часот на скопскиот аеродром.
Летови:
19.03.2025 | Скопје (11:40) → Љубљана (13:10)
22.03.2025 | Љубљана (08:35) → Скопје (10:05)
Цена по лице за рана уплата 319 евра
Редовна цена 369 евра
Факултативни излети:
– Трст 65еур
– Опатија и Ријека 75еур
– Пакет факултативи 110еур
📌 Во цената е вклучено:
– Авионски билет Скопје – Љубљана – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 8кг
– Аеродромски такси
– Превоз аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања во хотел во Љубљана со појадок
– Организација и придружник
📌 Во цената не е вклучено:
– Факултативни излети
– Туристичка такса 3 евра по лице на ден
No

