ЛИОН и АНСИ
Таму каде што се среќаваат Рона и Сона, Лион стои како поет кој шепоти стихови низ водата, Единствен и моќен, одраз на два света, два теченија, еден град!!
Анси: Езерски ветар, планински предизвик! „Таму каде што реките се прегрнуваат, а езерото зборува – Лион и Анси.“ Вкус, поглед и љубов – сè на француски начин!!!!!
Вкус, поглед и љубов – сè на француски начин!
- 27 Септември / Авион –4 дена
- 27 Септември (Сабота) СКОПЈЕ – ЛИОН
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Лион во 18:50 и слетување во 21:20 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.
- 28 Септември (Недела) ЛИОН
Појадок. Прошетка по старото градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и скриените „traboules“ пасажи. Можност за посета на Базиликата Нотр-Дам де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање. Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles, andouillette и tarte à la praline. Ноќевање.
29 Септември (Понеделник) АНСИ
Појадок. Посета на Анси, еден од најшармантните градови во Франција. Тргнување од Лион со раниот воз од станицата Lyon Part-Dieu – патувањето трае околу 2 часа. Прошетка покрај Palais de l’Isle – мал замок од 12 век сместен на островче во реката Тиу, кој е еден од најфотографираните објекти во Франција до замокот Анси (Château d’Annecy), каде се ужива во панорамскиот поглед кон градот и езерото. За ручек, препорачуваме едно од многуте локални бистроа со вкусување на тартифлет, фондју или специјалитети од риба од езерото. Прошетката продолжува покрај езерото Анси (Lac d’Annecy) – едно од најчистите природни езера во Европа до по градините Jardin de l’Europe и на романтичниот Pont des Amours (Мост на љубовта). Враќање во Лион во вечерните часови. Ноќевање.
30 Септември (Вторник) ЛИОН
Појадок. Прошетка до квартот Прескил, полн со шопинг улици, кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence District e модерна зона каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 евра (30.950 денари)
Цената вклучува:
Авионски превоз на релација Скопје-Лион-Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
Трансфери во Лион од Аеродромот до Хотелот и обратно
Сместување во Хотел 3* во Лион на база 3 ноќевања со појадок
Прошетки во Лион и Анси според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
Повратна карта за воз до Анси, околу 50 Евра
Влезници во музеите и културно историските споменици
Карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
atlp