КИНА
Интересни спознанија за источната култура кои ќе не` фасцинираат!
Комплетна програма со лет од Скопје без никакви факултативи!
(13.10.2025-22.10.2025)
1.4 милијарди луѓе живеат на површина од 9 милиони и 600.000 квадратни километри во земјата во која има 5 официјални религии… Кога би се споиле сите кинески пруги, два пати би го обиколиле светот… Секој петти ден во некој град никнува по еден нов облакодер… Кина е најголемиот извозник на продукти во светот… Најважното суштество во Кинеската митологија е змејот, а симбол на моќ и храброст се животните панди-сите панди во целиот свет не припаѓаат на ниту една зоолошка градина туку се позајмени од Кина…
Ова ќе биде едно од најнеобичните патувања во една од најатрактивните земји во светот во која не постои писмо туку над 20.000 знаци од кои неопходно е да научите најмалку 2500 за да можете да комуницирате… Ова е патување во земјата од каде потекнува свилата и каде казната за криумчарење свилени кожурци била смрт… Ова ќе биде предизвик да откриеме една сосема друга култура, да се увериме дека основата на кинеската кујна не се базира само на ориз, да се соочиме со интересни факти кои тука се вообичаени…
Ова е патување во земјата во која белата боја симболизира жалост а црвената среќа!
Прв ден: 13.10.2025 (понеделник)– Скопје-Виена-Минхен-Пекинг
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 02.30 часот. Полетување кон Виена во 04.25 часот, слетување во 06:00 часот по локално време. Бонус организирана посета на Виена. Летот за Минхен е во 13.15 часот, пристигнување во 14.15. Поаѓање за Пекинг во 19.35 часот.
Втор ден: 14.10.2025 (вторник)– Пекинг
Пристигнување во Пекинг во 11:40 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Guangxi Hotel“ 4* (или друг хотел од иста категорија). Пекинг е најголемиот главен град во светот, познат по многубројните палати и храмови. Сместување на групата и краток одмор од патувањето. Потоа организирана посета на уличките Hutong во областа Houhai, кои се сметаат за срцето на стариот Пекинг. Алеите Хутонг се уникатни тесни улички карактеристични за Пекинг, и се сметаат за прозорец кон традиционалниот начин на живот на жителите на овој град. За време на прошетката може да се набљудуваат локалните обичаи и навики и да се пробаат локални специјалитети. Организирана вечера, а потоа враќање во хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 15.10.2025 (среда)– Пекинг
Појадок. Во претпладневните часови организирана посета на Храмот на Небото (Temple of Heaven), ремек-дело на архитектурата и дизајн на пејзажот, каде што древните императори се молеле за Божјиот благослов на целата нација. Пред Храмот веројатно ќе видиме и многу локални пензионери кои таму ги прават своите утрински вежби. Во близина на Храмот ќе посетиме и центар за свежи бисери; Кина е најголемиот производител на слатководни бисери, со 95% од светското производство. Организиран ручек, а во попладневните часови организирана посета на плоштадот Tiananmen, најголемиот Плоштад на светот. Оттаму одиме во посета на Забранетиот град (Forbidden City), кој е заштитен со високи ѕидови и ровови од сите четири страни, и се состои од десетици сали и дворови. Сега музеј, Забранетиот град бил центар на политичката моќ на Кина во текот на 500 години и 24 императори. Во него ќе имаме можност да се восхитуваме на најлегендарните кралски палати во светот и на неверојатни богатства изложени за јавноста. Организирана вечера – традиционална пекиншка патка. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 16.10.2025 (четврток)- Пекинг – Кинески Sид
Појадок. Организирана посета на Летната палата (Summer Palace), омилената летна резиденција на царските владетели на династијата Qing. Летната палата е голем комплекс на езера и градини, а во 1998-ма била впишана како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Потоа посетуваме фабрика за жад за да видиме како се обработуваат овие скапоцени камења и се претвораат во кинеско негувано богатство. По ручекот, одиме на екскурзија до делот од Кинескиот ѕид во Juyongguan – планински превој 50-тина километри од Пекинг. Кинескиот ѕид е едно од најголемите светски чуда и симбол на Кина, изграден во текот на повеќе од 2000 години во вкупна должина од 21.000 километри. Делот од ѕидот што го посетуваме бил изграден од династијата Минг и бил користен како северна бариера за одбрана на главниот град и царските гробници. Организирана вечера. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 17.10.2025 (петок)- Пекинг–Ши–Ан (Xi’an)
Појадок. Одјавување од хотелот и трансфер до железничката станица, од каде што се качуваме на прочуениот кинески ултра брз воз – bullet train, кој со максимална брзина од 450 километри на час е најбрз воз во светот. Околу 14 часот пристигнуваме во Xi’an, главен град на провинцијата Шаанџи (Shaanxi) и најголем град во северозападна Кина со 13 милиони жители. Сместување во хотел “Xian Grand Dynasty Culture Hotel” 4* (или друг хотел од иста категорија). Xi’an е еден од четирите древни главни градови на Кина, а од антиката до средниот век бил почетна точка на Патот на свилата, од каде кон Европа тргнувале конвои со свила, чај, бои, парфеми и порцелан. Попладнето организирана прошетка низ стариот муслимански кварт во близина на центарот на Xi’an, кој во последните години прерасна во туристичка атракција прочуена по локалната култура и храна. Посета на Голема Џамија (the Great Mosque of Xi’an) изградена во 742 година откако императорот Xuanzong наредил дека муслиманското население во градот треба да има сопствен религиозен објект. Слободно време за прошетка низ градот. Вечера и ноќевање.
Шести ден: 18.10.2025 (сабота)- Ши–Ан (Xi’an)
Појадок. Претпладне одиме на прошетка по стариот градски ѕид, кој е најзачуван антички ѕид во Кина. Изграден од императорот Zhu Yuanzhang во 14-ти век, ѕидот е со вкупна должина од 14 километри. Оттаму посетуваме фабрика за изработка на реплики на теракотни фигури, каде што може да се види како биле изработувани глинените војници во мавзолејот на императорот Qin Shi Huang. По ручекот, организирана посета на една од најпознатите туристички атракции во Кина – Музејот на теракотната армија. Колекцијата на теракотни војници и коњи била откриена 1974, а во 1987 е вклучена во светскот културно наследство на УНЕСКО. Теракотните скулптури биле изградени во 200-та година пред новата ера и биле закопани заедно со првиот кинески император Qin Shi Huang, за да го чуваат во задгробниот живот. Армијата броела над 8000 војници, 130 кочии и 530 коњи. Прошетка низ редовите војници кои чуваат стража до гробот на императорот, кој е во големина 100 на 75 метри и никогаш не е отворен, за да не се уништат историските артефакти кои се зачувани во него. Вечера и ноќевање.
Седми ден: 19.10.2025 (недела)- Ши-ан-Шангај (Shanghai)
Појадок. Одјавување од хотелот и посета на уште едно светско културно наследство од листата на УНЕСКО – Малата Пагода на Дивата Гуска (Small Wild Goose Pagoda). Висока 43 метри, пагодата е кула што во будизмот служи како религиозен објект во кој се чуваат значајни реликвии и артефакти. Веднаш потоа, го посетуваме музејот на градот Xi-an, кој располага со 130.000 артефакти – праисториски алатки, статуи, бронзени ѕвона, златни предмети од династијата Танг итн. По ручекот се упатуваме кон Шангај, повторно со ултра брз воз кој растојанието од 1400 километри го поминува за помалку од 6 часа. Пристигнување во Шангај, кој со 25 милиони жители е најголемиот град во Кина и втор најголем во светот. Населен уште пред 6000 години, Шангај е еден од најголемите светски финансиски, научни, туристички и културни центри, а во него се наоѓа најголемото транспортно пристаниште во светот. Сместување во хотел “Baolong Hotel Shanghai” 4* (или друг хотел од иста категорија). Ноќевање.
Осми ден: 20.10.2025 (понеделник)- Шангај
Појадок. Посета на градината Ју (Yu Garden), една од најголемите кинески градини со четириесетина живописни места вклучувајќи павилиони, карпести формации и езерца. Централното место во градината го зазема Yu Ling Long – 5-тонски камен од жад со 72 дупки, донесен од реката Жолтата река (Huanghe). Следува пауза за шопинг во областа околу градината, позната по неколку големи трговски центри. Потоа се упатуваме кон крајбрежјето на Шангај, познато како the Bund. Лоцирано во централен Шангај, ова е место каде што истовремено можат да се видат историски градби од колонијалниот период и модерни облакодери. По ручекот следува посета на поранешната француска концесија која била под француска управа до 1943 година, и во која може да се види типична европска архитектура од колонијалниот период. Оттаму следува организирана прошетка во областа Тианзифанг (Tianzifang), позната по многуте мали продавнички во кои се продаваат облека, украси, сувенири, кафе и храна од локално производство. Остатокот од денот слободно време за прошетка низ улицата Нанџинг (Nanjing), една од најпрометните улици за шопинг во светот. Вечера и ноќевање
Деветти ден: 21.10.2025 (вторник)- Шангај–Франкфурт-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот, а потоа посета на Oriental Pearl Tower, која со 468 метри долго време била највисоката градба во Кина. Се искачуваме на платформата на висина од 263 метри, која нуди уникатна панорамска глетка на Шангај. На првиот кат од кулата може да се посети и музејот за историскиот развој на Шангај (Shanghai City History Development Museum). Оттаму одиме на организирана посета на фабрика за свила, каде што ќе научиме како се произведува еден од најпознатите традиционални кинески производи. Подоцна го посетуваме познатиот Шангајски музеј кој располага со ретки уметнички дела, како и традиционален кинески мебел, антички предмети итн. На крајот од денот, прошетка низ локален пазар каде можат да се купат разни сувенири и други локални продукти. По вечерата, организиран трансфер до аеродромот во Шангај. Полетување кон Франкфурт во 23:50 по локално време.
Десетти ден: 22.10.2025 (среда)- Шангај–Франкфурт-Скопје
Слетување во Франкфурт во 07.25 часот по локално време. Летот за Скопје е во 11.50 часот, пристигнување во 14.05.
Промотивна цена за уплата до 15.04.2025…….. 1990 евра (123.380 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………2190 евра (135.780 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Скопје–Виена-Минхен-Пекинг-Шангај-Франкфурт-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Билет за воз на релација Пекинг-Ши-Ан
• Билет за воз на релација Ши-Ан-Шангај
• Сите трансфери вклучени во програмата
• 3 ноќевања во Пекинг во хотел со 4*
• 2 ноќевања во Ши-Ан во хотел со 4*
• 2 ноќевања во Шангај во хотел со 4*
• 6 ручеци и 7 вечери во согласност со програмата
• Влезници во објектите кои се посетуваат
• Лиценциран локален туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Патничко осигурување
• Доплата за еднокреветна соба – 250 евра
• Бакшиш за локалните водичи и возачите (вкупно 40 евра)
Напомена: За потврда на резервација неопходна е задолжителна уплата од 30% од аранжманот. Целосна доплата до 01.09.2025
За време на реализација на програмата можно е да има промени во распоредот на посетите во зависност од достапноста на слободните термини за влез во објектите.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници
атлк