Јапонија 14.04 – 22.04.2026

февруари 8, 2026

 

ЈАПОНИЈА – ТРАДИЦИЈА, МОДЕРНОСТ И НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА

14 – 22 април 2026 | 9 дена / 8 ноќи
Токио • Кјото • Нара • Осака

Доживејте ја Јапонија во нејзината најубава сезона – резервирајте навреме

Sakura Season | Целосно вклучена програма

Ова патување во Јапонија е реализирано во најпосакуваниот период од годината – сезоната на цветање на црешите (sakura), кога земјата нуди уникатна атмосфера и природна убавина. Програмата е внимателно осмислена за да обезбеди целосно организирано искуство, со вклучени сите планирани тури, разгледувања и трансфери според програмата. Со избрано сместување, локален водич, приватен превоз и посета на најзначајните знаменитости, патувањето овозможува безгрижно уживање без дополнителни доплати за основните активности. Ова е можност да се доживее Јапонија во нејзината врвна сезона, со јасна структура и комплетна вредност, каде секој ден е однапред испланиран и вклучен во цената.

📅 ДЕН 1 – ✈️ Ден 1 – Пристигнување во Токио
Патувањето започнува со пристигнување во Јапонија и прв допир со динамичната метропола Токио. По слетувањето на аеродромот Ханеда, следи организиран трансфер до хотелот
🏨 21:00 | Check-in
Сместување во Tokyo Monday Toyosu Hotel и време за одмор.

📅 ДЕН 2 – Tokyo City Tour |
Комбинација од традиција и модерна метропола
Овој ден е посветен на првото вистинско запознавање со Токио – град каде што старите јапонски традиции и футуристичката архитектура живеат рамо до рамо. Турата се одвива со приватен автобус и лиценциран водич, што овозможува комфорно разгледување без напор.

🌸 Утро , Ueno Park – зелено срце на градот
09:30 – 10:30
Денот започнува мирно, со прошетка низ Ueno Park – зелена оаза идеална за прилагодување, лесно движење и убави пролетни фотографии.
Посетата започнува со прошетка низ Ueno Park, еден од најпознатите паркови во градот.
Зеленило, езерца и мирна атмосфера – идеално место за прилагодување по пристигнувањето и прв контакт со секојдневниот живот на Токијците.

⛩️ Пред пладне | Meiji Shrine
11:30 – 12:30
Продолжуваме кон Meiji Shrine, сместен во густа шума во срцето на градот.
Овој дел од денот носи тишина, духовност и автентично јапонско чувство, пред динамичниот дел што следи

️ Ручек | Akihabara
13:30 – 14:45
Пристигнување во Akihabara и резервиран ручек (индивидуално плаќање).
Ручекот е позициониран како енергетска пауза, без брзање и логистички стрес.

⚡ Попладне → вечер | Akihabara , свет на неон, аниме и технологија
15:00 – 16:30
Кратка прошетка низ Akihabara кога квартот почнува да оживува – неоните се палат, улиците се полнат, а атмосферата станува вистинска „Tokyo experience“.
Добредојдовте во Akihabara – кварт што никогаш не спие.
Шарени реклами, продавници со најнова технологија и аниме култура што „експлодира“ на

Касно попладне | Odaiba
17:30 – 18:45
Премин кон Odaiba, модерна островска зона во Токискиот залив.
Прошетка со панорамски погледи, Rainbow Bridge и чувство на футуристички Токио во златниот час.

🚶 Крај на денот | Sumida River Walk (опционално)
19:15 – 19:45
Лесна вечерна прошетка покрај реката Sumida, како опуштен финиш на динамичниот ден.

️ Ден 3 – Tokyo | Урбана култура и модерен ритам
Овој ден е посветен на урбаната енергија и современата култура на Токио. Ќе прошетаме низ најпознатите и најдинамични квартови на градот,каде ќе ја почувствуваме урбаната енергија, младинската мода и современата култура на градот. Денот ќе го заокружиме во Shinjuku – дел познат по шопинг, неонски светла и жива вечерна атмосфера.

🐕 Утро | 🚦 Shibuya & Cat Street
🚶 08:30 – 17:00 | Пешачка прошетка
Започнуваме во Shibuya, дом на светски познатиот Scramble Crossing, опкружен со бројни продавници, кафулиња и неонски реклами.
Продолжуваме со прошетка по Cat Street, стилска улица што ги поврзува Shibuya и Omotesando, позната по модерната архитектура и дизајнерски бутици.

🐕 Shibuya Shibuya – е најпознатиот пешачки премин во светот, каде за само една минута минуваат илјадници луѓе, создавајќи сцена што го симболизира пулсот на модерниот свет.
👗 Omotesando – претставува елегантна авенија каде современиот дизајн и урбаниот стил го прикажуваат порафинираното лице на Токио.

🚇 ️🌃 17:00 Вечер – Shinjuku & Golden Gai
Со метро се упатуваме кон Shinjuku, еден од најживите делови на градот,продолжуваме кон Golden Gai, мрежа од мали барови што ја доловуваат носталгичната атмосфера на токиската ноќ.Слободно време во Shinjuku, дел од градот познат по шопинг, неонски светла, ресторани и жива вечерна атмосфера.
🏨 Враќање во хотел
По завршувањето на програмата.

️ Ден 4 – Tokyo | Традиционален и елегантен Токио
Овој ден ќе прошетаме низ поелегантното и историското лице на Токио, каде луксузниот шопинг, царската историја и традиционалните квартови се спојуваат во еден балансиран и богат ден.

🚇 🚶 09:00 – 13:30 | Пешачка прошетка со водич и метро
09:30 – 11:30
Денот започнува во Ginza, најелегантниот шопинг кварт во Токио, познат по луксузни бутици, flagship продавници и современи галерии.
11:30 – 13:00
Продолжуваме кон Imperial Palace, каде ќе прошетаме околу надворешните градини и ќе ги видиме импресивните ѕидини и ровови.
Од тука следи прошетка кон историската Tokyo Station, препознатлива по црвената циглена архитектура.

️ 13:30 – 14:30 | Ручек (индивидуално)
🛕 15:30 – 17:00 | Asakusa & Senso-ji
Со метро се упатуваме кон Asakusa и го посетуваме Senso-ji, најстариот будистички храм во Токио, како и живописната Nakamise Street со традиционални сувенири.
🗼 17:00 | Tokyo Skytree
Посета на Tokyo Skytree, највисоката кула во Јапонија, со можност за панорамски погледи и фотографирање.
️ 18:30 | Вечера (индивидуално)
🏨 20:00 | Пристигнување во хотел и одмор

Ден 5 – Од модерниот Токио до традиционалното Кјото
Овој ден означува преод од современиот ритам на Токио кон автентичната атмосфера на Кјото. По удобно патување со брзиот воз, попладнето е резервирано за прв допир со историските улици и храмови на поранешната јапонска престолнина.

️ Утро | Појадок во хотел
Појадок во хотел и подготовка за заминување.

🚐🚄 09:30 – 13:30 | Tokyo → Kyoto
09:30 Поаѓање од хотел
11:00 Трансфер до железничка станица и патување со брз воз (Shinkansen) кон Кјото
13:30 Пристигнување во Кјото, пречек и трансфер до хотел
Краток одмор по патувањето

⛩️ 15:00 | Kiyomizudera Temple
Посета на Kiyomizu-dera, еден од најпознатите храмови во Јапонија, сместен на рид со спектакуларни погледи кон градот.

️ 16:30 | Sannenzaka & Ninenzaka
Прошетка низ Sannenzaka и Ninenzaka, традиционални калдрмисани улици со дрвени куќи, чајџилници и продавници за сувенири – вистинско чувство на старо Кјото.

️ 18:00 | Вечера (индивидуално)
🏨 19:30 | Пристигнување во хотел и одмор

Ден 6 – Кјото: златни храмови, црвени порти и бамбусова магија
Денес ќе го доживееме Кјото во неговото најиконично издание – од Златниот павилјон што блеска над мирното езерце, преку легендарните илјадници црвени тории порти, до прошетка низ бамбусовата шума во Араширма. Ова е ден полн со фотографии, атмосфера и „Јапонија како на филм“, со флексибилно темпо според енергијата на групата.

🚌 09:30 – 17:30 | Разгледување со водич
🏯 10:00 | Kinkaku-ji – Златниот павилјон
Kinkaku-ji – Златниот павилјон е будистички храм во Киото, Јапонија, познат по својата златна фасада која се огледува во мирното езеро пред него. Изграден е во 14. век и е симбол на јапонската естетика, мир и хармонија со природата. Храмот е еден од најпосетуваните туристички локалитети во Јапонија и е на листата на UNESCO светско наследство. Златна фасада, тивка вода и совршена сцена за првите „wow“ фотографии од Кјото

️ 12:00 | Ручек (индивидуално)
⛩️ 13:30 | Fushimi Inari Taisha
Fushimi Inari Taisha е најпознатиот храм посветен на божеството на оризот и просперитетот – Inari, лоциран во Киото, Јапонија. Познат е по илјадници црвени “порти” кои формираат долги патеки по планината Inari, создавајќи ефектен„тунел“ низ природата. Храмот е важна духовна дестинација и е омилен за фотографии.

🌿 15:30 | Arashiyama Bamboo Grove
Една од најфотогеничните природни локации во Кјото – високи бамбуси, мирна атмосфера и чувство дека сте во друга димензија.

️ 17:30 | Вечера (индивидуално)
🏨 19:00 | Пристигнување во хотел и одмор

️ Ден 7 – Кјото → Нара → Осака
Овој ден ќе го посветиме на духовното и историско срце на Јапонија, со посета на Нара – првата постојана престолнина, а потоа продолжуваме кон динамичната и модерна Осака.

️ Утро | Појадок во хотел и check-out
🚌 09:30 | Поаѓање од Кјото кон Нара
🦌 11:00 | Nara Deer Park
Посета на Nara Deer Park, познат по слободно движечките елени – симбол на градот и едно од најпрепознатливите искуства во Јапонија
🛕 11:45 | Todai-ji Temple
Посета на Todai-ji, дом на Големиот Буда и еден од најзначајните будистички храмови во земјата.
️ 13:30 | Ручек (индивидуално)
⛩️ 12:45 | Kasuga Taisha. OPTINIAL
🚌 16:10 | Поаѓање кон Осака
🏨 17:30 | Пристигнување во Осака и check-in
Слободно време за одмор или индивидуални активности.

️ Ден 8 – Осака: историја, панорами и шопинг атмосфера
Овој ден ќе ја доживееме опуштената и разиграна страна на Осака – град познат по својата енергија, модерна архитектура, богата историја и одличен шопинг. Ден со лесно темпо, идеален за уживање и слободно истражување.

️ Утро | Појадок во хотел
🚌 09:30 | Поаѓање од хотел
🏯 10:00 | Osaka Castle
Посета на Osaka Castle, еден од најпознатите симболи на градот, опкружен со зелени паркови и ровови – совршено место за прошетка и фотографии.
🌆 12:00 | Umeda Sky Building
Посета на Umeda Sky Building, модерна архитектонска икона со панорамски поглед кон целиот град.

️ 13:30 | Ручек (индивидуално)
🍜 15:00 | Dotonbori & Shinsaibashi
Слободно време во Dotonbori и Shinsaibashi, најживите зони во Осака, познати по шопинг, улична храна, неонски реклами и автентична градска атмосфера.
️ 18:00 | Вечера (индивидуално)
🏨 19:30 | Враќање во хотел и одмор

Ден 9 – Осака | Слободен ден и последни впечатоци од Јапонија
Последниот ден е оставен слободен за уживање во Осака во сопствен ритам. Ова е идеална можност за последен шопинг, прошетки, кафе-паузи и впивање на урбаната атмосфера на градот, без брзање и без организирана програма. Во доцните попладневни часови следи организиран трансфер кон аеродромот за вечерниот лет.

💡 Предлози
️ Последен шопинг Shinsaibashi и Namba – совршени за сувенири, козметика, јапонски слатки и модерна мода.
🍜 Јапонски ручек без брзање Идеален момент за ramen, okonomiyaki или sushi, без временски притисок.
☕ Кафе и прошетка
Уживање во локални кафулиња или мирна прошетка низ градските квартови.

💰 Цена по лице: 2.890 €
(9 дена / 8 ноќи | април 2026 – sakura сезона)

✅ Во цената е вклучено
• Авио превоз со Turkish Airlines (економска класа)
• Сместување во хотели со појадок
• 4 ноќи Токио / 2 ноќи Кјото / 2 ноќи Осака
• Сите трансфери според програмата
• Приватен автобус за разгледувањата
• Англискоговоречки локален водич
• Влезници за атракциите наведени во програмата
• Брз воз (Shinkansen) Токио – Кјото

Цената вклучува целосно организирана програма со сите тури, разгледувања и трансфери според програмата.

❌ Во цената не е вклучено
• Лични трошоци и дополнителни активности
• Оброци кои не се наведени во програмата
• Напојници за водич и возач (препорачано: 2 USD по лице на ден)
• Патничко и здравствено осигурување

✈️ Авио летови – Turkish Airlines
Одење | Скопје → Токио (Haneda)
• TK1006 | 13.04.2026
Скопје – Истанбул | 20:15 – 22:45
• TK198 | 14.04.2026
Истанбул – Токио (Haneda) | 02:05 – 19:20

Враќање | Осака (KIX) → Скопје
• TK087 | 22.04.2026
Осака – Истанбул | 22:10 – 04:55 (+1)
• TK1003 | 23.04.2026
Истанбул – Скопје | 07:25 – 07:55

🏨 Сместување
Токио (14.04 – 18.04.2026 | 4 ноќи)
Tokyo Monday Toyosu Hotel
Кјото (18.04 – 20.04.2026 | 2 ноќи)
Holiday Inn Kyoto
Осака (20.04 – 22.04.2026 | 2 ноќи)
Dorsett by Agora Osaka