Посетете ги светите места во Израел и Палестина
22.09-28.09.2025 КРСТОВДЕН
/5 Ноќи -6 Дена
7 Дневна програма со вклучени со над 25 посети и разгледи. На ова благословено патување ќе го следиме патот на Господ Исус Христос и светите отци, посетувајки места каде што се родила православната вера.Свештен доживувачки пат, по кој ке бидеме духовно водени, со благослов од протојереј ставрофор отец Синиша Јанковиќ од Беране –Црна Гора и отец Гоце Димитриевски од Драчево-Македонија, исполнети со мир и благослов.
Програма на патувањето:
1 Ден: 22.09.2025 – СКОПЈЕ-СОФИЈА
Состанок на групата пред хотел Холидеј Ин во Скопје во 22:00h. Трансфер до аеродромот во Софија.Полетување за Тел Авив во 05:55 и пристигнување во 08:25 часот по локално време во Израел.
2 Ден: 23.09.2025 – СОФИЈА- ТЕЛ АВИВ- ГАЛИЛЕЈСКО ЕЗЕРО-ТАБХА-КАПЕРНАУМГОРАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА
Слетување на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во 08:25 часот по локално време. По завршување на аеродромските формалности и полициски контроли, ја посетуваме Табха – местото каде што Христос ги благословил петте леба и двете риби и нахранил 5.000 луѓе. Посета на „Црквата на умножувањето“.
Потоа продолжуваме кон Капернаум – домот на Светиот апостол Петар. Во Капернаум, Исус направил многу чуда: исцелување на паралитик, слугата на стотникот и тештата на Петар. Тој го поминал голем дел од својата јавна мисија токму тука – поучувајќи и проповедајќи. Ова место се смета за симбол на Христовото присуство, поука и чуда.
Потоа се искачуваме на Гората на Блаженствата. Според Евангелието според Матеј (глави 5–7), тука Исус ја одржал „Беседата на гората“ – едно од најмоќните учења во христијанството. Во православната богослужба, Блаженствата се читаат на секоја литургија.Се упатуваме кон Хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 Ден :24.09.2025 – НАЗАРЕТ- ТАВОР-КАНА ГАЛИЛЕЈСКА
Појадок .По појадокот се упатуваме во Назарет и ја посетуваме Црквата на Благовештението – едно од најсветите места за христијаните ширум светот.Современата црква е изградена во 1969 година на темелите на постари византиски цркви. Архитектурата комбинира древна симболика со модерна експресија.Според преданието, тука Архангел Гаврил ѝ ја соопштил на Пресвета Богородица веста дека ќе го роди Синот Божји.
Овој настан симболизира љубов, смиреност и мир – суштината на христијанската порака. Исто така ја посетуваме и Црквата на Свети Јосиф, за која се верува дека е изградена на местото на домот на Светото Семејство. Се смета за свето место за молитва и духовен спокој. Потоа патуваме кон Гората Тавор – местото на Преображението на Христос. Гората е висока 588 метри и нуди спектакуларен поглед кон Галилејската долина.
На врвот се наоѓа Црквата на Преображението, изградена од италијанскиот архитект Антонио Барлуци.Се смета дека тука Христос се преобразил пред Петар, Јаков и Јован – откривајќи ја својата божествена слава. Поклониците го опишуваат ова место како длабоко духовно искуство, исполнето со небесен мир. Потоа се упатуваме кон Галилејското Езеро. Постојат можности за факултативна пловидба со брод и дегустација на „Петрова риба“.
Ручек во ресторан на брегот од Галилејското Езеро. .Денот го завршуваме во Кана Галилејска – местото каде што Исус го направил своето прво чудо, претворајќи вода во вино за време на свадбената гозба (Јован 2:1–11). Ова место има длабока духовна симболика, особено за младенци кои можат да ги обноват своите завети.Во близина има продавница каде што се нуди благословено вино од Кана. Вечера. Ноќевање.
4 Ден :25.09.2025 – ЕРУСАЛИМ-МАСЛИНОВА ГОРА-ХРИСТОВОТО СТРАДАЊЕ- МАЈКИН ГРОБ
Појадок. По појадокот започнуваме целодневна пешачка тура низ најсветите места во Ерусалим. Првата станица ни е Маслиновата Гора, од каде ќе уживаме во прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Ќе ги посетиме следиве светилишта:
Црквата “Оче Наш”- kaде сите заедно ке се помолиме на македонски јазик.
Капелата Доминус Флевит, каде Исус заплакал за судбината на Ерусалим.
Базиликата на агонијата(на Сите Нации) во Гетсиматската градина, местото каде Јуда Искариот со бакнеж во образ за 30 сребреника го предава Исус Христос на првосвештетениците и Римските војници. Тука ги поминува последите часови пред да биде уапсен. Потоа ќе го посетиме:
Гробот на Мајката Божја, кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот.
Во близина се и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким,како и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица, кој е празен бидејќи нејзиното тело било вознесено на небото од самиот Господ Исус Христос.
Следува прошеткa по Via Dolorosa-патот на Христовото страдање,кој води до Црквата на Светиот Гроб. Тука ке имаме можност да се поклониме на:
Светиот Гроб на нашиот Господ Исус Христос
Плочата на помазувањето
Голгота, местото на распнувањето на нашиот Господ Исус Христос.
Во завршница на денот ќе се упатиме кон Планината Сион, каде ќе влеземе во собата на Тајната вечера -местото каде се одржала последната вечера на Исус со апостолите.
Ќе ги посетиме и гробот на Давид(Царот Давид ги има испишано псалмите).
Sидот на плачот (најголемото еврејско светилиште).
Вечера.Ноќевање.
5 Ден :26.09.2025 – ВИТЛЕЕМ-СВЕТИ САВА- ЈЕРИХОН- ЈОРДАН
Појадок. По појадокот се упатуваме кон величенствената Базилика на Раѓањето Христово, нашиот Спасител- изградена над пештерата место каде што Бог слезе на земјата. Ќе се поклониме и на Полето на пастирите,каде ангелите ја објавиле радосната вест за Христовото раѓање.
Потоа продолжуваме кон пустината, и го посетуваме еден од најславните -манастирот Свети Сава Осветен-(Mar Saba) највлијателен монашки центар во православниот свет,место на подвижништво,молитва и чудеса.
Следната станица ни е Јерихон-најстариот град во светот. Во Јерихон ,ќе ги посетиме манастирот на Свети Ѓорѓи Хозевит, вграден во стрмните карпи на клисурата Вади Келт.
Следно одиме во куќата на Закхеј, или дрвото на Закхеј, под кое Господ го повикал да слезе бидејќи ке престојува во неговиот дом , всушност на покајание.
Посета и на манастирот Свети Герасим Јордански • Посета на Гората и манастирот на искушението Господово-доколку има заинтересирани паници за влез во манастирот се доплаќа влезница од 20 Еура со жичара.
Следува и Изненадување ☺
Река Јордан-Продолжуваме по патот кон Јандерит, местото каде Свети Јован го извршил крштевањето на Господ Исус Христос –свет извор на нов живот и духовно раѓање. Каде и ние ќе имаме можност да се крстиме-потопиме во светите води на реката Јордан. Вечера. Ноќевање.
6 Ден :27.09.2025. – ВИТЛЕЕМ- ЕРУСАЛИМ – КРСТОВДЕН
Појадок. По појадокот заминуваме кон Ерусалим. Ке имаме можност за прошетка и шопинг, пак да се поклониме на Светиот Господов гроб, Литија по повод Крстовден, на овој свет ден кога Христос се воздигнува, ке го чествуваме празникот на самото свето место-Ерусалим. Нека силата на Чесниот Крст донесе благослов, мир и духовно обновување на сите нас. Прошетка низ стариот град Ерусалим и посета на Рускиот манастир Света Марија Магдалена. Вечера.Ноќевање.
7 Ден: 28.09.2025 –ЛИДА- ТЕЛ АВИВ
Појадок. Одјавување од хотелот во раните утрински часови. Продолжуваме кон Лида – Гробот и Црквата на Свети Ѓорѓија победоносец-сведоштво за верата и храброста.
Организиран трансфер до Аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.Полетување во 09:20 часот по локално време и пристигнување во Софија во 12:05 часот на пладне. По царинските формалности се враќаме назад со Организиран Трансфер Софија / Скопје.
Крај на Програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1200 евра (74 400 денари)
Рана уплата до 15.06: 1150 евра (71 300 денари)
Во Цената е влучено:
-
- Aвионски превоз Софија -Тел Авив -Софија со Wizz Air
- Аеродромски такси -Рачен багаж (1 торба до 10 кг со димензии 40x30x20 см
- Автобуски Tрансфер Скопје /Софија/Скопје
- Трансфери според програмата
- Сместување во Хотел Grand Hotel Bethlehem 4* на база Полупансион (појадок и вечера)
- 5 ноќевања -Сите влезници за местата кои се посетуваат согласно програмата
- Водич на групата за време на целиот престој во Израел -Вклучени 25 екскурзии според програмата
Во Цената не е влучено:
-
- Патничко и здравствено осигурување
- Доплата за багаж: чекиран багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
- Задолжителен бакшиш за возачите – 30 € (се плаќа во Израел )
- Факултатива Жичарница до Манастирот на искушението -25 € (се плаќа во Израел )
- Факултатива Пловење со брод по Галилејско Езеро и Ручек на Галилејско езеро – порција риба “Св. Петар – 35 € (се плаќа во Израел )
Напомени:
-
- Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Целосна доплата на аражманот е 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Во случај на задржување на некој од патниците од страна на полициските, царинските или имиграционите Израелски служби или доколку некој биде вратен по одлука на овие служби, агенцијата не сноси никаква одговорност и средствата уплатени за аранжманот не се враќаат затоа што сите услуги се плаќаат однапред од стана на агенцијата.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Агентур Скопје и Зулу Травел Куманово
Жиро сметка. 270 068 2132 401 44
Халк Банка 210 068 2132 401 37-Нлб Банка