Hotel Bellagio 3* All inclusive – Фурка 2026

ноември 17, 2025

Хотелот се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од  песочната плажа  на Фурка, на западната и на помирната страна на  полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Bellagio 3* создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини. Причината што многу гости се враќаат повторно повеќе години, покрај својот квалитет, придонесува и профилот на фамилијарни гости со деца за кои има многу содржини, дружења, нови познанства и сеќавања кои траат засекогаш. Кога децата имаат преокупација и простор за дружење, возрасните имаат повеќе време за нив, за вистински одмор.

https://maps.app.goo.gl/gCj5hCfozW6VJ3Mi7

 

Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Автобуски превоз за деца од 2 до 11,99 год. Попуст 10 Евра од редовната цена.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Попустите не може да се комбинирааат.
Програмата се вклучено се состои од 3 оброци со вклучени пијалоци,
како и користење на базен, клима уред и сите содржини на хотелот.
Туристичката такса 35 еур од соба се плаќа на рецепција.

 

Хотелот вклучува појадок, ручек и вечера како и пијалоци.
Појадокот, ручекот и вечерата се сервирани на база на шведска маса и тоа:
-појадокот се сервира од 8-10 часот по локално време и вклучува сувомеснати производи, млечни производи, леб, јајца салата, мармалад, свежо овошје и слично;
-ручекот се сервира од 13-15 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења на база на месо, како и салати, леб, солени намази;
-вечерата се сервира од 19-21 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења од кои 2 се на база на месо, леб, солени намази и слично;
-барот покрај базенот служи бесплатни пијалоци од од 10-21 часот, а после 21 часот може да се купи пијалок по редовна цена. Мини барот работи до 24 часот.
Информација околу димензиите на креветите:
-единечен кревет е 75х185 цм
-француски лежај е 120х 185 цм
-помошен кревет на отворање е 65х175 цм
Во цената исто има вклучено:
-клима
-паркинг
-интернет
-крпи
-телевизор
-користење на базен

Информација околу времето за сместување и за напуштање на собата
-сместувањето е после 14 часот по локално време
-напуштањето на собата е до 11 часот по локално време
Рецепцијата е отворена 24 часа.

Препорачуваме посета на Akropolis i Zattero Beach Bar – Fourka https://www.facebook.com/zattero/

Најблиската плажа (350м)  до хотел Bellagio e пред Хотел Greek Pride Seafront, каде туристите  можат да изнајмат лежалки или да постават свои.

Идеална плажа за фамилии со мали деца заради ситниот песок и постепена длабочина.

 

AR