Хотел Alegria Maripins 4* Malgrat De Mar

април 14, 2025

Хотел Alegria Maripins 4*

Ова лето одиме во Шпанија со директен лет од Скопје!

OПИС

Дозволете си сончево бегство на прекрасната Коста Брава – рајска дестинација која го комбинира сјајот на медитеранските плажи со шармот на традиционалната шпанска култура! Уживајте на златните плажи и кристално чистото море, истражете ги шармантните приморски градови и локалните пазари, и опуштете се со врвна удобност и одлична гастрономија во хотелите.

Вашиот совршен летен одмор во ALEGRIA Maripins 4**** – Малграт де Мар!

Замислете се себеси како се будите со мирисот на морето, сончевите зраци ве топлат додека пиете утринско кафе на терасата, а денот ви е исполнет со авантури, одмор и незаборавни моменти!

ФАНТАСТИЧНА ЛОКАЦИЈА – Хотелот е сместен на прва линија до плажа, совршено место за уживање во брегот на Коста Барселона! Само на чекор до песочната плажа и близу до Барселона за дневни екскурзии!

КОМФОРНИ И МОДЕРНИ СОБИ – Опремени со сè што ви е потребно за удобен престој: приватен балкон, клима, ТВ, минибар, удобни кревети и прекрасен поглед кон морето или базенот!

БЕСКРАЈНА ЗАБАВА И РЕЛАКСАЦИЈА – Хотелот располага со голем базен, бар покрај базенот, анимации за деца и возрасни, како и опуштена атмосфера идеална за секој вкус!

ГУРМАНСКО ИСКУСТВО – Уживајте во богатиот избор на вкусови во ресторанот со шведска маса, каде што ќе најдете разновидна локална и интернационална кујна!

ИДЕАЛНО ЗА СЕМЕЈСТВА, ПАРОВИ И ДРУШТВО! – Без разлика дали патувате со семејството, саканата личност или пријателите, ALEGRIA Maripins 4**** е вистинскиот избор за вас!

Датум: 21.06.-20.09.2025
Цени: од 899€ по лице
*Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2025”!
*Цените за рана резервација важат за уплата до 16.03.2025.
Во цената е вклучено: 7/10/11 во Хотел Алегриа Марипинс 4* на база полупансион
Аеродромски такси
Повратен авионски билетSKP 18:50-BCN 21:40BCN 22:15- SKP 01:00Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено: Туристичка такса 2 евра од ден по лице
Патничко осигурување

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса [email protected] или на телефон +38978298701

 

  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
  • Доплата за багаж од 20 кг – 30 евра во правец.
  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.

ЦЕНИ

Полупансион + Трансфер + Авионски билети

ЕКСКУРЗИИ

Барселона Панорамика- 55€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)

 

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Времетраење: 1,5 часа

Музеј Дали + Георна- 65€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.

Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.

Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.