Будимпешта
- Будимпешта – главниот град на Унгарија, лежи на двете страни на Дунав – историскиот Будим и динамичната Пешта. Градот плени со својата раскошна архитектура, живописни мостови и богата култура. Позната е по своите термални бањи, како Сечени и Гелерт, како и по величествени знаменитости: Парламентот, Кралската палата и Рибарската тврдина. Вечерните прошетки покрај Дунав откриваат романтични погледи, а локалната кујна нуди вкусови кои се паметат.Будимпешта често ја нарекуваат „Париз на Истокот” поради романтичната атмосфера, раскошните згради и светлата одразени во Дунав. Градот нуди одличен баланс меѓу историја, култура, релаксација и модерен урбан живот.
-
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.
Директен лет од Скопје со авиокомпанијата WIZZ AIR во 11:55 ч. Пристигнување во Будимпешта во 13:20ч. Трансфер до Будимпешта. Разглед на градот – синџерестиот мост Széchenyi, вклучувајќи го и првиот висечки мост во светот – мостот на Елизабета, споменикот на Св. Гелерт, мостот на Маргарита, ридот Гелерт кој нуди еден од најубавите панорамски погледи на градот, црквата Св. Матијас. Изборно – влез во црквата Св. Матијас. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.2 ден
Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Будимпешта – катедралата Св. Стефан, замокот Vaydaunjad, плоштадот на хероите, Цитаделата, Рибарската тврдина, Будимскиот замок (Кралската Палата). Изборно – Влез во катедралата, во Рибарската тврдина, Vayahunjad замокот, Будимскиот замок. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на Сентендре и Вишеград. Изборно – влез во катедралата. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Директен лет Будимпешта – Скопје. Поаѓање од Будимпешта со авиокомпанијата WIZZ AIR во 13:55ч. Пристигнување во Скопје во 15:20ч.
-
Вклучено
• Авионска карта на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizzair
• Аеродромски такси
• Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*, во двокреветни или трокреветени соби, трето легло во собите е помошно (дополнително), цената е иста како за стандардно легло.
• Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
• Претставник на македонски јазик
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во БарселонаЦена по лице – €329
-
Не е вклучено
• Патничко осигурување
• Индивидуални трошоци
• Влез во туристичките знаменитости и музеи
• Останати трошоци кои не се спомнати
• Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот -
Напомена
1. Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
2. Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
F



