Барселона
Барселона – скапоцен камен на Медитеранот, град полн со живот, уметност и незаборавни искуства.
Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот. Жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање. Тоа е космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона е синоним за Медитеранот, што ја прави еден од главните туристички, економски, трговски и културни центри во светот. Нејзиниот годишен временски просек од 20ºc ја прави совршена за уживање во активен животен стил на отворено. Барселона е град со широк спектар на оригинални опции за слободно време кои ве поттикнуваат да ја посетувате одново и одново. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот на градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи.
Кулинарските специјалитети се исто така разновидни, со светски познати ресторани за висока кујна, традиционални каталонски јадења, пазари за храна и други места кои ве носат низ светот со нивните вкусови. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.
Датум: | 11.10 – 14.10.2025 |
Цена: | 539 € за возрасно лице
489 € за дете од 02 – 11.99 години 80€ за деца до 02 години |
Во цената е вклучено: | Повратен авионски лет од Скопје Аеродромска такса 3 ноќевања со појадок во Viladomat 3* Трансфер од аеродром – хотел – аеродром |
Во цената не е вклучено: | Туристичка такса 5,50 евра по лице / ден Факултативни излети Патничко осигурување Локален транспорт: метро или автобуски билети |
– Пристигнување на аеродромот Ел Прат (Barcelona – El Prat) во 21:40 часот.
– Организиран трансфер од аеродромот до хотелот.
– Пристигнување и сместување во хотел.
– Ноќевање.
– Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со професионален водич:
Саграда Фамилија
Катедралата на Барселона
Готска четврт
Плоштад Каталуња
Плоштадот Ла Рамбла
Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи
– Факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца.
– Слободно време за индивидуални активности, прошетки, шопинг и разгледување.
– Препораки за факултативни излети/атракции: Музејот на Пикасо, Каса Батљо, Ла Педрера и други.- Ноќевање.
– Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
– Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона.
– Шпанско Село (Poble Espanyol) – уникатен музеј на отворено, кој опфаќа 49.000 м² со автентична архитектура од различни региони на Шпанија.
– Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура.
– Слободна вечер за сопствени активности.- Ноќевање.
– Можност за факултативна посета: Музеј Дали + Герона
– Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
– Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
– Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
– Слободно време до трансфер.
– Организиран трансфер до аеродром.
– Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет.
– Полетување за Скопје.
Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.
Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на хотелот.
Цена на излетот: 65 €
Деца до 12 години: 35 €
Аквариум Барселона – 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Музеј Дали + Герона- 75€, деца до 12 години: 40 €
Тргнување во утринските часови од хотел.
Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.
Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.
Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови.
Цена на излетот: 75 €
Деца до 12 години: 40 €
Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.
Времетраење: 7 часа
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
- Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
- Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
- Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
- При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
- Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
- Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.