Бари – Алберобело – Пулија

07 – 10 ноември 2025 – 3 ноќи / 4 дена

 Летови:
07.11.2025 | Скопје (14:30) → Бари (15:40)
10.11.2025 | Бари (16:15) → Скопје (17:25)

Цена по лице 359 евра 

( Задолжителен пакет факултативи -разглед на Бари со водич,  целодневна  Пулија и Матера – 130 евра по лице – уплата во канцеларија )
Опис
Ден 1 – 07.11 (Петок) | СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата во 12:30 на Скопскиот аеродром. Пристигнуваме во шармантниот град Бари – срцето на регионот Пулија. По трансферот до хотел и сместување, ќе направиме  индувидуална вечерна прошетка низ Бари Векија – старото градско јадро. Ќе ги видиме калдрмисаните улички, локалните жени кои сè уште рачно подготвуваат тестенини пред вратите на своите куќи, како и импресивната Базилика на Св. Никола – важен духовен и историски центар.
Ноќевање во Бари.

Ден 2 – 08.11 (Сабота) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОЛИЊАНО А МАРЕ & АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија:Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО.
Попладне продолжување кон Полинјано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети.Враќање во Бари. Слободна вечер за прошетка и вечера во локален ресторан.
Ноќевање.

Ден 3 – 09.11 (Недела) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – МАТЕРА

Појадок. Денес одиме на незаборавно патување до Матера, еден од најстарите населени градови во светот и европска престолнина на културата во 2019 година.
– Прошетка низ Sassi di Matera – антички населби и цркви издлабени во карпите, кои создаваат уникатен пејзаж што изгледа како филмска сцена.
– Посета на локални занаетчиски продавници и можност за дегустација на традиционални јадења.
Попладне враќање во Бари. Последна вечер за да се прошетате покрај морето или да се опуштите со чаша локално вино.
Ноќевање.

Ден 4 – 10.11 (Понеделник) | БАРИ – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотел. Слободно време за утринско кафе или брза набавка сувенири.
Трансфер до аеродромот. Полетување кон Скопје попладне.

 

Факултативни излети:

1. Полинјано а Маре & Алберобело
– Траење: целодневна тура
– Вклучува: превоз, придружник/водич, слободно време за разглед
– Главни атракции: панорамски видиковци, плажата Lama Monachile, трули куќички во Алберобело

2. Матера
– Траење: полудневна/целодневна тура
– Вклучува: превоз, придружник/водич, влезници во одредени објекти
– Главни атракции: Sassi di Matera, историски цркви, улички со занаетчиски продавници

📌 Во цената е вклучено:

– Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
– Аеродромски такси

– Превоз аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања во хотел во Бари со појадок
– Организација и придружник

📌 Во цената не е вклучено:

– Факултативни излети ( пакет факултативи 130 евра )

-влез во двете цркви во Матера  € 8.00 по лице ( се плаќа на лице место)
-Trullo Sovrano во  Alberobello: € 3.00 по лице (,се плаќа на лице место)
– Туристичка такса

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 15 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

Кратко патување – големо доживување

Иако турата трае само четири дена, таа е внимателно осмислена за да ви овозможи максимум искуство во минимално време. Идеално е за оние кои сакаат брз бег од секојдневието, без да земаат долг одмор од работа. За краток период ќе посетиме неколку култни локации, ќе вкусите вистинска италијанска гастрономија и ќе понесете со себе незаборавни впечатоци – доказ дека понекогаш најдобрите приказни се сместени во најкратките патувања.

Зошто да патувате со нас?

✅ Организирана тура со водич
✅ Комбинација на култура, историја, природа и гастрономија
✅ Кратко, но содржајно патување – идеално за ноемвриски одмор
✅ Искусете ја „la dolce vita“ во нејзиното најчисто издание

📌 Тура Бари – Алберобело – Пулија
🗓️ Датум: 07 – 10 ноември 2025
🔒 Ограничен број места – резервирајте навреме!

J