Alegria Mariner 4* LLoret de Mar
ОПИС
Ова лето одиме во Шпанија со директен лет од Скопје!
Дозволете си сончево бегство на прекрасната Коста Брава – рајска дестинација која го комбинира сјајот на медитеранските плажи со шармот на традиционалната шпанска култура! Уживајте на златните плажи и кристално чистото море, истражете ги шармантните приморски градови и локалните пазари, и опуштете се со врвна удобност и одлична гастрономија во хотелите.
Хотел ALEGRIA Mariner е модерен хотел со 4 **** во Лорет де Мар, Шпанија сместен на само 3 минути пеш од плажата. Овој хотел е препорачан за возрасни, што го прави идеален избор за парови и пријатели кои сакаат релаксирачки одмор на Коста Брава.
Хотел Маринер во Лорет де Мар е совршено место за опуштање и уживање во прекрасните плажи и живата атмосфера на Коста Брава. Сместен во срцето на ова популарно летувалиште, нуди удобен престој, пристап до сите клучни атракции и врвни услуги. Со ветување за удобност, опуштање и авантури, престојот во Хотел Маринер е шанса да се опуштите и наполните со енергија, создавајќи спомени кои ќе ги паметите засекогаш.
Сместување
- Пространи и светли соби со приватен балкон и поглед кон море, базен или планина
- Клима уред, сателитска ТВ, сеф, приватна бања со фен и бесплатна козметика
- Надворешен базен и сончева тераса
- Дозволени домашни миленици
Храна и забава
- Бифе-ресторан со разновидна континентална и интернационална кујна
- Вечерна програма со жива музика и тематски вечери со локални специјалитети еднаш неделно
Дополнителни услуги
- 24-часовна рецепција
- Багажна служба
- Бесплатен појадок
- Wi-Fi
- Одлична локација
Хотелот е на само неколку минути пеш од центарот на Лорет де Мар, што го прави совршен за истражување на градот, шопинг и ноќен живот.
Датум: | 21.06.-20.09.2025 |
Цени: | од 899€ по лице *Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2025”! *Цените за рана резервација важат за уплата до 16.03.2025. |
Во цената е вклучено: | 7/10/11 во Хотел Маринер 4* на база полупансион Аеродромски такси Повратен авионски билетSKP 18:50-BCN 21:40BCN 22:15- SKP 01:00 Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром |
Во цената не е вклучено: | Туристичка такса 2 евра од ден по лице Патничко осигурување |
*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса [email protected] или на телефон +389 78 298 701.
- Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
- Доплата за багаж од 20 кг – 30 евра во правец.
- Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
- Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
- При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
ЦЕНА
Полупансион + Трансфер + Авионски билети
ЕКСКУРЗИИ
Барселона Панорамика- 55€, деца од 2-12 плаќаат 50%
Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)
Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Музеј Дали + Георна- 65€, деца од 2-12 плаќаат 50%
Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.
Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.
Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.