ЛЕТНА АВАНТУРА ВО ШПАНИЈА
МАЛАГА-СЕВИЉА-РОНДА
Со лет од Скопје
Комбинација од прекрасни плажи и одлични екскурзии!!!
Промотивна цена за уплата до 03.03.2025…….. 899 евра (55.740 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………949 евра (58.840 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
(02.07.2025-08.07.2025)
Прв ден: 02.07.2025 (среда) – Скопје-Франкфурт-Малага
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13.30 часот. Полетување кон Франкфурт во 15.30 часот, слетување во 18:00 часот по локално време. Летот за Малага е во 20:00 часот, пристигнување во 23.00 по локално време. Организиран трансфер со автобус до
Torremolinos, туристичкото место во кое ќе летуваме на брегот на Алборанското Море. Сместување на групата во „Hotel Apartamentos Bajondillo“ 4 **** (https://www.bajondillo.com/) лоциран на самиот морски брег. Сите хотелски апартмани имаат прекрасен поглед на море и се комплетно опремени со мини кујни со фрижидер за самостојно подготвување на лесни оброци, бесплатен Wi-Fi, клима уред, централно греење, сателитска ТВ со национални и меѓународни канали, телефон во собата и сеф (со доплата). Ноќевање.
Втор ден: 03.07.2025 (четврток) – Торемолинос–Малага
Појадок на богата шведска маса. Првиот ден од нашиот одмор во Шпанија е превиден за уживање во содржините што ги нуди хотелот. Хотелскиот комплекс располага со надворешен базен кој е достапен за користење на гостите во хотелот, а пред нас е песочна плажа покрај која се простира преубаво широко шеталиште во должина од над 7 километри. Слободен ден за индивидуални активности. Во вечерните часови предлагаме организирана посета на Малага, родното место на Пабло Пикасо и на познатиот глумец Антонио Бандерас. Петтиот по големина град во Шпанија е вистински музеј на отворено токму заради богатата историја. Организиран трансфер со локален автобус до центарот каде ќе прошетаме низ Плоштадот Plaza de la Merced во чија близина се наоѓа родната куќа на Пабло Пикасо и Катедралата Catedral de la Encarnacion чија градба траела скоро два века и никогаш не е докрај завршена. Слободно време за индивидуални прошетки низ улиците на медитеранскиот град кој има 320 сончеви денови годишно, богата уметност и неодолива храна. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 04.07.2025 (петок) – Торемолинос – Севиља
Појадок на богата шведска маса. За денеска предлагаме целодневна посета на Севиља, главниот град на Андалузија. Заминуваме со локален автобус кон градот за кој велат дека ниту еден друг не му е рамен по архитектонското наследство. Секоја градба ќе ни го одземе здивот додека шетаме низ улиците по кои шетал барокниот сликар Bartolomeo Muriljo. Но она што прво ќе не` пречека во градот е мирисот на портокалите – во 12. век се верувало дека оној кој има повеќе од две стебла портокали ќе има среќа, што на крај придонело до тоа денес градот да пука од среќа – посадени се повеќе од 40.000 стебла, а дополнително фасцинира и податокот дека некои од нив се стари и до 600 години. Главната атракција на градот е Катедралата, трета по големина во светот прогласена во 1986 година од УНЕСКО како светско културно наследство. Многу познати личности се погребани во неа, меѓу нив и Кристофер Колумбо (во слободното време можете индивидуално да ја посетите Катедралата). Најпознатиот градски Плоштад во Севиља е толку голем што не може да влезе во еден кадар… Ова ремек дело на архитектурата е изградено во 1929 година како дел од Ибероамериканската изложба која се одржувала токму тука, а Плоштадот бил центар на таа изложба. Деталите на зградите одушевуваат – се` е украсено со препознатливите керамички плочки познати како „azulejos“ што значи плаво. Севиља е дом на двете најголеми шпански традиции-фламингото и коридата, па на плоштадот секојдневно можете да уживате во фламинго перформансите. Слободно време за индивидуално уживање во еден од најубавите европски градови. Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Четврти ден: 05.07.2025 (сабота) – Торемолинос
Појадок на богата шведска маса. Слободен ден за уживање на плажа и за индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 06.07.2025 (недела) – Торемолинос-Ронда
Појадок на богата шведска маса. За денеска предлагаме целодневна посета на најубавиот бел град во овој дел од Шпанија. Ернест Хемингвеј во својот есеј „Смрт попладне“ пишува дека постои еден најромантичен град во кој треба да се оди ако некој одлучи да оди на меден месец во Шпанија. Тој град е Ронда. Тоа е најубавиот мал град во Андалузија кој со своите 3500 жители годишно го посетуваат и до 200.000 туристи. Изграден е во планинска област на 760 метри над нивото на морето и е поделен на два дела – стариот и новиот кои се разделени со 120 метри длабокиот кањон El Taho а го поврзуваат три моста- еден го изградиле Маврите, вториот Арапите, а третиот „најновиот“ и најимпресивниот мост во Шпанија е завршен во 1793 година. Тесни улички, куќи на ивицата на кањонот, драматичен пејзаж кој го одзема здивот на секој кој ќе го посети ова спектакуларно место. Тука се наоѓа и една од најстарите и најголемите арени за борби со бикови во Шпанија. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.
Шести ден: 07.07.2025 (понеделник)
Појадок на богата шведска маса. Слободен ден за уживање на плажа и за индивидуални активности. Ноќевање.
Седми ден: 08.07.2025 (вторник)
Појадок на богата шведска маса. Во 10:30 часот организиран трансфер кон аеродромот. Летот за Франкфурт е во 13.10 часот, слетување во 16.10. Летот за Скопје е во 20:10 часот, пристигнување во 22.25 по локално време.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Скопје-Цирих-Малага-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
• Сите трансфери вклучени во програмата
• 6 ноќевања со појадок на богата шведска маса во хотелот „Hotel ApartamentosBajondillo“ 4 *во Торемолинос
• Организирани посети на Малага, Севиља и Ронда
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Туристичка такса – 1.5евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)
• Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 350 евра (21.700 денари). Целосна доплата на аранжманот до 30.05.2025.
atla