Италијанска ривиера и Азурен брег 04.04-11.04.2026

Италијанска ривиера и Азурен брег

Милано – Џенова – Ница – Антиб – Марсеј – Лион

Детали за турата

  • Локација

    Милано – модерна метропола на северна Италија, позната по економијата и модната индустрија. Градот нуди динамичен урбан живот и многу можности за културни и деловни активности.

    Џенова – приморски град на северозападна Италија со богата историја и тесни, живописни улици. Морската атмосфера и пристаништето ја прават градската средина посебно привлекувачка.

    Ница – бисер на Француската ривиера, со прекрасни плажи, средоземноморска атмосфера, култура и гастрономија, идеален за прошетки, уживање во море и автентично француско искуство.

    Антиб – шармантен приморски град на Француската ривиера со живописни улици, марини со јахти и музејот на Пикасо, идеален за прошетки и уживање во средиземноморската атмосфера.

    Марсеј – најстарото пристаниште на Француската ривиера е совршено место за прошетки, култура и средоземноморски пејзажи.
    Лион – историски град на реките Рона и Сона, кој нуди ренесансна архитектура, музеи и живописни плоштади, идеален за прошетки и запознавање со културата на Прованса.

     

  • Програма

    1 ден – 04.04.2026 (сабота)

    Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.

    Директен лет од Скопје до Милано со авиокомпанијата  WIZZ AIR во 18:10ч. Пристигнување во Милано во 20:20 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот во Милано. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    2 ден – 05.04.2026 (недела)

    Појадок. Организирана посета на Милано: замокот Сфорца, плоштадот и катедралата Дуомо – најголемата готска катедрала во светот,  галеријата Виторио Емануеле – првиот трговски центар, Ла Скала операта. Поаѓање за Рапало (околу 3 часа). Краток разглед (околу 30 мин). Поаѓање за Портофино. Краток разглед. Враќање во Санта Маргерита Лигуре. Краток разглед. Поаѓање кон Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    3 ден – 06.04.2026 (понеделник)

    Појадок. Организиран панорамски разглед на Џенова: палатите на улицата Via Garibaldi, Piazza de Ferrari – главниот плоштад, Carlo Felice Theater, Via Balbi – историска улица со импресивни барокни палати, Palazzo Reale – кралската палата, катедралата Sаn Lorenzo, пристаништето. Поаѓање за Вараце (околу 40 мин.). Краток разглед (околу 30 мин.). Поаѓање за Савона (околу 30 мин.). Краток разглед (околу 30 мин.). Поаѓање за Санремо (околу час и половина). Краток разглед (околу 1 час). Поаѓање за Вентимиља (околу 30 мин.). Кратка прошетка во Вентимиља. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    4 ден – 07.04.2026 (вторник)

    Појадок. Поаѓање за Мантон (околу 30 мин.). Краток разглед (30 мин.). Патувањето продолжува за Монте Карло (околу 20 мин.). Разглед на Монте Карло: стариот историски дел, океанографскиот музеј, Saint Martin паркот, резиденцијата на монаршката фамилија Грималди, променадата Albert I, каде се оддржува Formula 1, плоштадот Казино. Поаѓање за Ница (околу 40 мин.). Разглед на Ница: националниот театар и плоштадот Грибалди, стариот град, катедралата во Ница, плоштадот на Правдата, Англиското шеталиште – едно од најубавите на Медитеранот, каде што се наоѓаат едни од најлуксузните хотели како Westminster, Hotel Royal и Negresco, Булевар на Павилјонот – познат по луксузни продавници, хотели и ресторани, плоштадот Масена. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    5 ден – 08.04.2026 (среда)

    Појадок. Поаѓање за Антиб (околу 30 мин.). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по луксузното пристаниште. Поаѓање за Кан (околу 30 мин.). Краток разглед на Кан (околу 30 мин.), градот на модата и кинематографијата. Поаѓање за Фрејус (околу 1 час). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), значаен римски град и пристаниште. Поаѓање за Сен Тропе (околу 1 час). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по своите плажи и луксузни резиденции. Поаѓање за Иер (околу 1 час и 15 мин.). Панорамски разглед на овој средовековен град. Поаѓање за Тулон (околу 30 мин.). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по военото пристаниште. Поаѓање за Сиота (околу 50 мин.). Краток разглед на градот (околу 15 мин.) со историско кинематографско значење, убави плажи и живописно пристаниште. Поаѓање за Касис (околу 30 мин.). Панорамски разглед на овој провансалски град со пристаниште и карпести заливи. Поаѓање кон Марсеј (околу 50 мин.). Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    6 ден – 09.04.2026 (четврток)

    Појадок. Организиран разглед на Марсеј: Notre Dame de la Garde – катедрала на највисоката панорамска точка во градот, старото пристаниште, дворецот со фонтански комплекс Лонгшамп. Заминување за Перпињан. Патувањето трае околу 4 часа . Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    ден – 10.04.2026 (петок)

    Појадок.

    Посета на главните споменици: Средновековната порта  Le Castillet , катедралата Saint Jean Baptiste , дворот  Campo Santo, центарот на Стариот град, Кралската палата на Мајорка, Плоштадот на Републиката итн. Поаѓање за Жирона. Патувањето трае 1 час. Посета на спомениците:  Passeig de la Muralla, катедралата во Жирона, Ајфеловиот мост, Шарените куќи на Оњар и Стариот кварт на Ел Кол. Патувањето продолжува кон Барселона. Пристигнување во Барселона. Сместување во хотел. Ноќевање.

     

    8 ден – 11.04.2026 (сабота)

    Појадок.  Посета на спомениците во Барселона:  Las Ramblas, Mirador de Colom,  Plaça Catalunya – централниот плоштад.  Passeig de Gracia,  Casa Batlló, Casa Amatller, Casa Milà (La Pedrera),, Готскиот кварт – палатата на каталонската музика,  плоштадот   Placita de la Seu, катедралата  Saint Eulalia. Трансфер до аеродормот . Поаѓање за Скопје во  21:35. Пристигнување во  Скопје во  00:20

Цена по лице : 699 Eур

 

Вклучено

  • Авионска карта на релација Скопје – Милано и Барселона – Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
  • 7 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
  • Претставник на македонски јазик
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој

 

    • Не е вклучено

      • Патничко осигурување
      • Индивидуални трошоци
      • Влез во туристичките знаменитости и музеи
      • Факултативни излети
      • Останати трошоци кои не се спомнати
      • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

       

    • Напомена

      1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
      2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
      3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
  • F