Венеција Рамазан Март 


Италија Италија Italija

Во чест на продолжениот мартовски викенд за Рамазан, Ваикики Ве води на незаборавно патување низ Венеција, Падова, Верона и Сирмионе. Италијанска елеганција, романтични канали, уметност и богата историја се спојуваат во ова прекрасно патување, создавајќи совршена можност за празнично уживање и нови, незаборавни доживувања.
Програма на патување:
1.Ден 19.03.2026 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2.Ден 20.03.2026 (петок) ПАДОВА
Пристигнување во претпладневните часови во Италија. Првиот град кој ќе го посетиме во програмата е неодоливата Падова. Град кој ќе сакате повторно да се вратите, а секако ќе имаме околу 3 часа токму во најубавиот централен дел на Падова. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, ботаничката градина. Бидејќи самиот град е спој на минатото и сегашноста, во непосредна близина на центарот има и шопинг центар кој може да го посетите. Во договорено време сместување во хотел. Слободна вечер за одмор од патувањето. Ноќевање.
3.Ден 21.03.2026 (сабота) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Ден предвиден за посета на безвременската убавица на Јадранот, Венеција. Пловидба со брод вапорето кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на разглед на градот: Mостот на Воздишките, Дуждевата Палата (влез со доплата), Црквата Св. Марко (влез со доплата), Плоштадот Сан Марко, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индисидуални прошетки и разгледи. Во договорено време собир на групата и враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден 22.03.2026 (недела) СИРМИОНЕ – ВЕРОНА
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Сирмионе и Верона. Ве водиме до Сирмионе и езерото Гарда, место познато по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Патувањето продолжува кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошеткии, разгледи и шопинг. Во договорено време со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
5. Ден 23.03.2026 (понеделник) СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата по граници.
ПРОМО цена за резервации до 31.01.2026 – 149€/9.238ден
***со пријава на пакет екскурзии 70€
Редовна цена на аранжманот – 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* во Венето на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани посети според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување
– Посета и разглед на Венеција – 35€ (доплата на лице место)
– Задолжителна посета на Сирмионе и Верона – 35€ (доплата на лице место)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (5€ по лице од ноќ доплата на лице место)
– Индивидуални трошоци (влезници за музеи..)
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 50€/3.100ден,
– Трето лице плаќа полна сума на аранжманот,
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
Важни напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
Waiki