Венеција 01.03-04.03.2025

ноември 29, 2024

Карневал во ВЕНЕЦИЈА

399€ / по лице

    Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

01. Март (Сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување за Венеција во 21:20 и слетување во 23:05 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Ноќевање.

02. Март (Недела)             ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Организиран разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Прошетки и уживање во карневалската атмосфера, покрај ревиите со оригиналните карневалски костими. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.

03. Март (Понеделник) ВЕРОНА

Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

04. Март (Вторник)             МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 23:35 и слетување во 01:15 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра (24.750 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)

  • Трансфер во Венеција од Аеродромот до хотелот и обратно

– Сместување во Хотел MERCURE VENEZIA MARGHERA 4* во Венеција/ Маргера со 3 ноќевања со појадок

– Разглед на Венеција

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)

– Багаж за чекирање 1 куфер до 10kg или 20kg

– Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра

– Посета на Верона 50 евра

– Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 25 евра)

– Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

tr