Порто и Лисабон 08.03-12.03.2025

ноември 4, 2024

ПОРТО И ЛИСАБОН
8ми Март во бисерите на Португалија
07.03 – 12.03.2025
5 ноќи – 6 дена | Лет од Скопје

Авионски лет: Swiss International Air Lines (Скопје – Цирих – Скопје)
Поаѓање: 07.03.2025 во 08:55ч. (Скопје)
Пристигнување: 07.03.2025 во 18:40ч (Порто)

Цена по лице во двокреветна соба 995€ / 61.960 мкд
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 15.Декември 895€ / 55.490 мкд
Попуст за дете од 2 до 11,99 год* – 90€ / -5.580 мкд
Попуст за трето лице 12+ год* -70€ / -4.340 мкд
Доплата за еднокреветна соба 265€ / 16.430 мкд
*на барање! Сместувањето е на дополнително легло, софа на спуштање, доколку има расположливост

Услуга: 5 ноќевања со појадок – 6 BB
Сместување
(услуга)
2 ноќи во хотел 3* во Порто (Ноќевање со Појадок)
3 ноќи во хотел 3* во Лисабон (Ноќевање со Појадок)
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 12.03.2025 во 22:35ч.

Порто – Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место
на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата
историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен.

Лисабон – Главен и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна
култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на
Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот
Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио,
Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
07. Март (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЦИРИХ – ПОРТО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:55 часот. Полетување за Цирих во 08:55 и пристигнување во 11:15 часот.
Полетување во 16:55 од Цирих и пристигнување во Порто во 18:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

08. Март (САБОТА) ПОРТО
Појадок. Организиран разглед на Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата
на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со
позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден
од ученикот на познатиот Ајфел. Слободно време за индивидуални активности, предлагаме прошетка до улицата Света
Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик, прошетка до речниот брег, во квартот Вила Нова де Гаја.
Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на
реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Враќање во хотел, индивидуално, со јавен превоз. Ноќевање.

09. Март (НЕДЕЛА) ПОРТО Коимбра – Батаља – Алкобака – ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Попатна посета на Коимбра, еден од најважните универзитети во Европа. Посета
на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Патувањето продолжува кон Батаља каде ќе го посетиме
националното обележје на Португалија, ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското
културно наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век). Потоа продолжуваме кон Алкобака.
Посета на манастирот Санта Марија д’Алкобака – основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на
неговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден го прават ова ремек дело на
цистерцијанската готска уметност. Заминување за Порто. Сместување во хотел. Вечерта, слободно време за уживање со
добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.

10. Март (ПОНЕДЕЛНИК) ЛИСАБОН
Појадок. Панорамски разглед (околу 3 часа) на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето
на Европскиот Атлантик. Ќе ги посетиме најважните места на градот: Плоштадот Рестаурадорес, елегантната Авенија на
Слободата , кружниот тек на Маркиз де Помбал. Првите слики ќе ги направиме во Паркот Едвард VII, најголемиот јавен парк
во Лисабон. Потоа заминуваме кон најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден
од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на
градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско.
Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Слободно време за ручек.
Посета на квартот Алфама (со јавен превоз), возење со стариот трамвај бр.28, прошетка низ стариот град сместен во
тврдината/замокот s.Jorge, попатно посета на Катедралата, посета на националниот Пантеон. Во вечерните часови посета на
квартот со вибрантен ноќен живот и розевата улица…. Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Ноќевање.

11. Март (ВТОРНИК) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил)
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра (окоу 8 часа), сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна
резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во
Португалија, изградена во 19 век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под
заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат
совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа,
Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со
шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно
казино, се споредува со Монте Карло.Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Факултативно,
вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

12. Март (СРЕДА) ЛИСАБОН – ЦИРИХ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Цирих во 12:15 часот. Пристигнување во Цирих во
16:00 часот и полетување за Скопје во 17:45 часот. Слетување во Скопје во 19:55 часот.

Во цената е вклучено :
 Авионски превоз со Swiss Airlines на релацијата Скопје – Цирих – Порто и Лисабон – Цирих – Скопје
 Аеродромски такси
 Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)
 Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто (07.03)
 Разглед и прошетка низ Порто (08.03)
 Трансфер од Порто до Лисабон со попатни разгледи на Коимбра, Батаља, Алкобака според програмата (09.03)
 Разглед и прошетка низ Лисабон (10.03) според програмата
 Трансфер од хотелот во Порто до аеродром (12.03)
 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто
 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон
 Напомена: хотелите НЕ располагаат со стандардни трикреветни соби!
 На барање може да се смести максимум едно лице во соба на дополнително легло.
 Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето\

 

Во цената не е вклучено :
 Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција 2 евра / ноќевање)
 Чекиран багаж / куфер – со доплата (цена два дена пред поаѓање)
 Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата
Пена – 100 евра (задолжително пријавување во агенција, при резервација)
 Факултативна вечера со Фадо – 105 евра – трансфер, ноќен панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно
времетраење околу 4 часа (задолжително пријавување во агенција, при резервација)
 Влезници во локалитетите и манастирите
 Карти за локален превоз (метро)
 Задолжително патничко – здравствено осигурување.
Забелешки:
 Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
 Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
 За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
 Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
 Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други
објективни причини.
 Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети,
аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
 Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или
да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на факултативните
излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата
при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
 Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во
агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
 Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

aur