ПАРИЗ
ПАРИЗ. АВИОНСКА ПРОГРАМА
ХОТЕЛ 3*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 08.02 – 11.02.2025
УСЛУГИ 3 Ноќевања со појадок (3BB)
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 3 Н / 4 Д
Сместен на северот од Франција, на живописните брегови на реката Сена, Париз е град кој со право ја носи титулата на најубав и најромантичен град во светот. Неговата богата историја, културно наследство и глобално влијание во уметноста, модата, дизајнот и гастрономијата го прават магнет за посетители од сите страни на светот.
Започнете го денот со утринско кафе и топол кроасан во автентично париско кафуле, уживајќи во гледката на булеварите полни живот. Од таму, прошетајте покрај реката Сена, впивајќи ја атмосферата на градот додека се воодушевувате на иконската Ајфелова кула, совршена за незаборавна фотографија. Продолжете кон историскиот Шанз-Елизе и величествената Триумфална капија, а потоа дозволете си да се изгубите во тесните улички и плоштади околу Нотр Дам, кои раскажуваат приказни стари векови.
Вечерта во Париз има посебен шарм. Заокружете го денот со незаборавно искуство во легендарниот Мулен Руж, каде што светлата, музиката и раскошните костими ќе ве внесат во светот на гламурот и забавата. Ако сте љубители на мирна атмосфера, истражете некое од многуте романтични бистроа или рестораните што нудат деликатеси како француско сирење, пате или совршено подготвен кршен тарт.
Париз е град кој секој пат го доживувате на нов начин, без разлика дали сте тука за прв пат или пак се враќате за повторно да ја почувствувате неговата магија.
Цена по лице во двокреветна соба 549€
Black Friday цена за резервации (со уплата од 10% од цената) до 15.11.2024 – 459€
Попуст за дете до 11,99год (расположливост на дополнителен лежај – на барање)! -75€
Доплата за еднокреветна соба 220€
Во цената е вклучено:
- Aвио билет на релација Скопје – Париз Beauvais – Скопје со Wizz Air
- Aeродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во хотел IBIS STYLES PARIS GARE DE L’EST CHATEA од 3*
- Рачен багаж сo (димензии 40x30x20 cm) маx дo 10 кг
- Организиран трансфер сo автoбус пд аерoдрoм дo хoтел и oбратнo
- Разглед на Париз со автобус и локален водич
- Организација на патувањето
- Придружник за целиот период на престој во Париз
Во цената не е вклучено:
- Доплата за багаж
- Патничко здравствено осигурување
- Дополнително оброци и пијалаци
- Туристичка такса околу 5,2€ по лице на ден (се плаќа во хотел).
- Доплата за багаж (цените се променливи, информации во агенцијата) Чекиран куфер (1 до 10 кг или 1 до 20 кг) или Wizz Priority + small bag.
- Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција)
- Факултативни посети, излети и влезници
- Билет за јавен превоз со метро или автобус во Париз
Факултативни излети и посети:
- Влезница за Ајфелпва Кула ( влезница до 2-кат 23 € / до врвот 33 € – се купуваат на лице место, цените се од информативен карактер)
- Посета на Лувр – 70 € влезница + впдич.
- Посета на Версај – 95 € влезница + водич, (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место , доколку има можнпст!
- Крстарење по Сена – 23 € *** цените за факултативните излети се изразени по лице *** *** За реализација на факултативите потребни се најмалку 15 патници **
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Организатор на ова патување е Туристичка агенција ТРАВИТИ
- За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници.
- Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
- Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спрптивно цената може да биде соодветно корегирана.
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 40% од вкупнипт износ. За уплати на “black friday” потребна е уплата 10% од вкупната сума на аранжманот. Целосна дпплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање
- При резервација задплжителнп изјаснуваое/пријавуваое кпи пд ппнудените факултативи ќе ги користи патник, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервација за истите.
- Програмата и редолседот на разгледи и посети може да претрпи измени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промени на цените на влезниците во локалитетите.
- Организаторот на патуњевото го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети) да ја промени и цената на аранжманот.