Градот на светлината – ПАРИЗ СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА Авион /4 дена /3 ноќевања
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 € / 23.490 мкд Цена за ранa уплатa до 31.12.2024: 339 € / 21.000 мкд
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
15.03.2025 СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.00 часот. Полетување за Париз во 13.00 и пристигнување во Париз во 16.05 часот. Организиран трансфер. Сместување во хотел. Ноќевање.
16.03.2025 ПАРИЗ – Лувр – Ајфелова – Сена
Појадок. Организирана пешачка тура : Од Пирамидата пред Лувр (влез со доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња со слободно време за шопинг и ручек, Триумфална капија , плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула. Можност за крстрење по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање
17.03.2025 ПАРИЗ – Дизниленд- Латински Кварт – Монмартр
Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до забавниот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. За останатите препорака пешачка тура: Посета на Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Враќање во хотел. Ноќевање.
18.03.2025 ПАРИЗ- Латински кварт – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Препорака посета на латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, Пантеон и Богородичната црква Норт Дам. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16.50, пристигнување во 19.35 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir ·
Аеродромски такси ·
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
- 3 ноќевањасо појадок во хотел со 3
* · Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), латинскиот кварт и Богородичната црква Норт Дам
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Во цената не се вклучени следниве услуги
: · Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,1 карнет за 1 возење)
- Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
- Туристичка такса 5 € по лице – се плаќа кај претставникот на групата
- Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот кат 22.60€, до врвот 28.30€)
- Посета на Лувр 22€ влезница (се купува билет преку интернет или во музејот при влез)
- Влезница за брод по Сена 25€ (се патува со метро) организирано
- Посета на Операта Гарние 15€, музејот Орсеј околу 16€
- Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ)
- Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (65-99 € возрасен, дете до 12 год. 60-91 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € повратна карта
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд
Напомена:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби (кревети на спрат)
- Доплата за еднокреветна соба 8,680 мкд
- Возрасни и за деца над 2 години плаќаат полн износ на аранжманот.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. · Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
- Усни и телефонски резервации се невалидни
. · Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка
- ХАВ