Куба 04.03-15.03.2025

ноември 29, 2024
  • Добредојдовте во Куба,земјата на музиката, сонцето, на боите, насмевките Магичен остров со фасцинантна архитектура
    која го враќа духот на колонијалното време, каде се чини дека времето застанало, земјата на револуцијата! Куба е нешто што
    треба самите да го доживеете, да го вкусите, помирисате, допрете. Патувањето ве води од прекрасните плажи со бел песок
    и тиркизното море во Варадеро, па се до раздвижената и историска Хавана, каде ќе ја запознаете нивната автентична и
    богата култура, ќе ги вкусите нивните традиционални јадења, ќе ги испиете најдобрите Cuba libre и Mojito коктели на светот, ќе
    имате можност да ги помирисате рачно валаните кубански пури и да танцувате во веселиот ритам на салсата на врвните
    музичари. Куба е дестинација која не наликува на ниедна друга, возбудлива, контрадикторна, земја со богато минато од
    шпанските конквистадори, карипските пирати, црните робови, до американските магнати и мафијаши, и револуционерите, со
    чудесните градови со неверојатно убава колонијална архитектура. Од овој момент заборавете на сето она што сте го
    прочитале за Куба, отворете ги сите сетила и препуштете му се на уживањето на една уникатна егзотична авантура,
    запознајте го најубавиот карипски остров од кој ќе се вратете маѓепсани и полни со неверојатни впечатоци.
    ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
    1 ДЕН (04.03.2025 – вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХАВАНА
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:35 часот, лет број TK
    1006со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:15 часот, локално време. Полетување од
    Истанбул за Хавана во 01:55 часот.
    2 ДЕН (05.03.2025 – среда)ХАВАНА – ВАРАДЕРО
    Пристигнување на меѓународниот аеродром во Хавана во 07:15 часот по локално време.По завршување на пасошките
    и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер од
    аеродромот во Хавана до хотелот во Варадеро. Коктел за добредојде и сместување. Слободен ден за одмор, сончање,
    капење и коктели на една од најубавите плажи на Карибите. Ноќевање.
    ***Забелешка:Пријавувањето во хотелот е најчесто до 16 часот, но патниците во меѓувреме можат да уживаат во хотелските
    капацитети и да ручаат во хотелот.
  • 3 до 8 ДЕН (06.03. 11.032025) ВАРАДЕРО
    Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. За време на вашиот престој во
    Варадеро ќе се организираатразни факултативни екскурзии, како: Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara,
    Trinidad) ; екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blanco); Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек
    (Jeep Safari); екскурзија долината Вињалес со вклучен ручек (Vinales). Ноќевање.
    9 ДЕН (12.03.2025 – среда)ВАРАДЕРО – ХАВАНА
    – Екскурзија “Хемингвеј тура” (Hemingway Tour)
    Појадок во хотел.По појадокот одјавување од собите и организиран трансфер од Варадеро до хотелот во Хавана.
    Пристигување во хотелот во Хавана (пријавувањето е во 16:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности или
    можност заполудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar).
    Слободна вечер или можност за вечера со оранизиран трансферво ресторанот Restaurant ChaChaCha (со доплата).
    Ноќевање.
    10ДЕН (13.03.2025 четврток) ХАВАНА
    – Екскурзија Хавана со кабриолети / Cabaret Tropicana Show
    Појадок во хотел.Слободен ден за индивидуални активности или предлагамецелодневна факултативна екскурзија на
    Хавана со уникатна цена, обиколка на Хавана со олдтајмери, посета на музејот на рум, со вклучен ручек. Слободно
    попладне. Навечер можност завечера со организиран трансферво ресторанот El Cocinero Restaurant (со доплата).
    По вечерата има можност за уникатна факултативна екскурзија – посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу
    (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Ноќевање.
    11 ДЕН (14.03.2025 –петок)ХАВАНА –ИСТАНБУЛ
    Ран појадокво хотелот. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Хавана. Со завршувањето на
    пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од најуникатната
    држава на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Хавана за Истанбул во 09:40 часот лет број TK 195.
    12 ДЕН (15.03.2025 –сабота)ИСТАНБУЛ –СКОПЈЕ
    Слетување во Истанбул во 09:30 часот, локално време. Полетување за Скопје во 20:15 часот. Слетување во Скопје во 19.45
    часот полокално време.
    ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
    Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
    Повратни авионски билети на релација Скопје – Хавана – Скопје со авиокомпанија Turkish Airlines, со аеродромски такси.
    Вклучен багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг и 1 парче чекиран багаж до макс. 23 кг.
    Пречек и асистенција на аеродромот во Хавана од страна на локалниот партнер.
    Oрганизиран трансфер од аеродром во Хавана до хотел во Варадеро.
    7 ноќевања на база Се вклучено (All Inclusive) во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен во Варадеро.
    Oрганизиран трансфер од хотелот во Варадеро до хотел во Хавана.
    2 ноќевања на база ноќевање со појадок (Bed & Breakfast) во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен во Хавана.
    Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
    Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
    Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни во овој дел од светот.
    Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
    Индивидуални трошоци, оброци, пијалоци и услуги надвор од понудата.
    Факултативни екскурзии и влезници за културноисториски споменици.
    КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗАПАТУВАЊЕТО:
    За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Куба, за престој помалку од 90 дена.
    Патниците кој патуваат со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за влез во Куба.
    При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува.
    Задолжително е патниците да го проверат времетраењето и точноста на патната исправа, како и бројот на празни
    страници во пасошот потребни за патувањето.
    Пасошот треба да биде со важност од минимум 180 дена (6 месеци) од денот на враќањето во државата.
    Локалното време е минус 6 часа во однос на времето во Македонија.
    Куба е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси…
    За влез во Куба задолжително е да имате меѓународно здравствено осигурување.
    Важно: На барање на кубанската влада, сите патници кои патуваат за Куба се обврзани да пополнат онлајн формуларот
    пред пристигнувањето, познат како D’VIAJEROS. Задолжително е секој патник да го пополни формуларот пред
    патувањето и добиениот QR код да си го испрати на својот e-mail, да го зачува и/или испечати, за да може да го
    презентира на шалтерот при пријавувањето на аеродромот во Скопје, како и на имиграционите служби на аеродромот на
    прристигнување во Куба (Хавана). Формуларот ќе го најдете на линкот: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio
    ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
    Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица;
    За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ на аранжманот;
    Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот;
    Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други
    објективни причини;
    Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми /
    корегира цената на аранжманот, како и цените на факултативните екскурзии;
    Во случај на недоволен број пријавени патници организаторот може да им понуди на патниците можност да се
    организира индивидуално патување за наведената дестинација, со промена на цената на патувањето.
    За реализација на факултативните екскурзии со поаѓање од Варадеро и од Хавана потребен е минимум од 15 лица. За
    истите потребно е да се изјасните во агенцијата пред реализација на аранжманот како би се направиле навремени
    резервации.
    Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена во
    цените на авионските билети, хотелските услуги, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.
    Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во
    агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
    Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.