Островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Тоа е Кипар! Остров кој локалците го нарекуваат Афродита, бидејќи според легендата, Кипар бил дом на грчката божица на љубовта Низ. Во текот на својата историја, овој остров бил освојуван од Грци, Римјани, Персијци, Египјани, Византијци и крстоносци, секој зад себе оставајќи свој белег го претвориле Кипар во тоа што е денес. Благодарејќи на богатата историја, Кипар денес има развиен туризам привлекувајќи туристи од целиот свет. Топла медитеранска клима, одлични хотели, прекрасно крајбрежје, вкусна храна и квалитетно вино, ноќен живот на високо нив. Тоа е само дел од листата која го прави Кипар дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа!
Состанок на групата во Скопје и трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:10 часот Слетување во
Ларнака во 11:10 часот.По завршување на пасошки и царински формалности следува организиран трансфер. Патувајќи
кон хотелот, ќе имаме можност панорамски да уживаме во убавините на Ларнака, од кои дел е и прекрасното солено
езеро Алики кое во текот на зимскиот период е дом на илјадници птици, а меѓу кои се преубавите розеви суштества –
фламинго. Се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор и релаксација, додека за оние со повеќе енергија, оваа
авантура може веднаш да започне! Ќе прошетаме по долгото шеталиште, може да се одмориме на песочната плажа во
комбинација со коктел пијалок или пак да се посети некоја од историските знаменитости на градот, на чија листа се наоѓа
црквата Светли Лазар, една од најстарите овде. Ноќевање.
Појадок во хотел. Одморени и спремни за нов ден на островот! За денес предлагаме факултативна посета на главниот
град на Кипар, Никозија и Лефкара. Никозија, град поделен на 2 дела, со 130 000 жители и 2 различни временски зони!
Самата помисла е посебна знаејќи дека сте во град кој е поделен на 2 држави (Грција/Турција), чија граница ја
поминувате за 2 минути, а притоа менувате временска зона. Велат најинтересниот дел на грчката страна на градот е Laiki
Getonia, што во превод би значело “Добар сосед”. Овој дел од градот изобилува со тесни улици каде се наоѓаат голем
број на продавници, атељеа и кафе барови, вредни да бидат дел од Вашите спомен фотографии. Ќе го посетиме и
Кипарскиот Археолошки музеј кој брои колекција на предмети од долгогодишната историја на градот. Прекрасна
архитектра на куќи кои повеќето од нив се реставрирани, но сеуште го задржуваат духот на историјата на островот. Во
склоп на стариот дел на градот, се наоѓа и Етнографскиот музеј, Катедралата Свети Јован, Големата Палата на
Архепископот Макариос III, како и најголемата банка на Кипар за која се верува дека е во сопственост на Кипарската
Православна црква. Пауза за ручек. Ќе го видиме и познатиот ѕид кој претставува граница и го дели Кипар помеѓу Грција
и Турција, статуата на независен Кипар и ќе ја посетиме црквата Фанеромени лоцирана на самата граница. Потоа ќе
продолжиме кон живописното село Лефкара, познато по сребрените садови и сложената рачно изработена чипка,
позната како „Лефчаритика“.Се враќаме во хотелот во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
Појадок во хотел. За денешниот ден предлагаме факултативна посета на крајбрежните град на Кипар, Аја Напа и
Фамагуста. Градот Аја Напа важи за најпопуларен турстички центар на Кипар, кој некогаш бил само мало рибарско село.
Овде ќе не пречека тиркизно море и прекрасни пејсажи, голем број на ресторани, барови и клубови кои се причина да
Аја Напа не случајно го носи приматот на втора Ибица во светот. Две од најпознатите плажи овде, Golden Beach I Nissi
Beach со вкупна должина од 3 километри, го красат крајбрежјето на Аја Напа. Патот не води кон Фамагуста, при што ќе
го посетиме манастрито Свети Барнабас, која го носи името на основачот на кипарската православна црква и античкиот
град Саламис. Стариот дел на градот е следен на нашата агенда, а овде ќе имаме можност да ги видиме венецијанските
ѕидови, Готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Се враќаме назад во Ларнака. Слободно време за
индивидуални активности. Ноќевање.
Напуштање на хотлот во раните утрински часови со спремен ланч пакет од хотлот. Се упатуваме кон аеродром.
Полетување за Солун во 06:20 ч. слетување во 08:35 ч. После пасошки и царински формалности следува посета на
трговски центар ( Cosmos ). Во договорено време организиран трансфер до Скопје.