Програма на патување
1 ден (18.04) Скопје – Кападокија
Полетување од Скопје за Истанбул во 08.40 ч со лет ТК1004. Слетување во Истанбул во 11.15 ч. Патувањето продолжува со лет ТК2012 во 13.00 ч, слетување во Кајсери во 14.30 ч. Организиран превоз до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно попладне. Факултативно организирана вечера во национален ресторан со традиционална музика. Ноќевање.
2 ден (19.04) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Северна тура или класична) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз, ручек и влезници, времетраење на турата 09.00-17.00 часот. Разглед на: долината Деврент, Пашабаг (Долина на монасите), Аванос (посета на грнчарска работилница), Зелве музејот на отворено, тврдината Учисар. Уживајте во погледот на камените формации и несекојдневните пејзажи во долината Дервент и вилинските оџаци кај Зелве. Таму се најубавите остатоци од Византиската уметност, цркви исклесани во камен и фрески кои датираат од 10от век. Од највисоката карпа во Гореме, Учисар, ќе уживате во преубава панорама која се протега пред вас. Ручек во Аванос, град на грнчарската уметност. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечер со дервишки танци. Ноќевање.
3 ден (20.04) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Зелена тура и посета на подземен град) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер, ручек и влезници, времетраење на турата 09.00-17.00 часот. Разглед на: подземните градови Кајмакли или Деринкују, долината Ихлара, Белисирма, Селиме. Посета на најмистериозните подземни градови, и кањонот Ихлара. Посета на селото Белисирма, односно древната Перистреме каде што тече реката Мелендиз. Посета на Селима, позната по куќите кои се исклесани во камен и кои се наоѓаат на ивиците од самиот кањон, пејзаж како од Војна на ѕвездите. Враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден (21.04) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран лет со балон во утрниските часови. Поаѓање околу 04 ч од хотел. Волшебно, незаборавно доживување. Враќање во хотел. Во 12.00 ч организиран превоз до аеродром во Кајсери. Полетување со ТК 2015 во 16.30 ч, слетување во Истанбул во 18.10 ч. Патувањето продолжува со ТК1005 во 20.15 ч од Истанбул, слетување во Скопје во 19.45 ч по локално време.
Цени за факултативни екскурзии:
Северна тура – од 65 €
Зелена тура – од 85 €
Летање со балон (цената зависи од локацијата и е променлива, информативно од 220 € па нагоре)
Вечера во традиционален ресторан со неограничено пиење од 50 €
Шоу со дервишки танц (без храна и пијалаци) – 45 €
Јавање коњи со инструктор 2 часа на зајдисонце – 45 € (цена по лице, за мин. 2 лица)
Сафари со четири цикли -2 часа на зајдисонце – 50 € (едно возило може да го делат 2 лица)
Џип сафари 2 часа на зајдисонце – 90 € по возило (едно возило може да го делат 4 лица) Важна напомена:
Цените се по лице, за сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 2 патника.
Цени за сместување во еднокреветна или трокреветна соба, или цена за деца е достапа на барање.
Разгледите во Кападокија зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед. Плаќање исклучиво во денари по курс 1 € – 62 ден.
При резервација се плаќаат мин. 30% од износот, а остатокот најкасно 15 дена пред патување.
За реализација на патувањето и факултативите потребни се мин. 20 патника.
Агенцијата има право да го откаже патувањето до 7 дена пред поаѓање. Важат општите услови на Фибула за продажба и специјални услови за групни аранжман