Темишвар е трет по големина град во Романија кој во 2023 бил прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Со архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.
На оваа екскурзија се посетува и градот Белград, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.
Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12
Во продолжение програмата…