Истанбул 07.03.2025 – 09.03.2025

јануари 29, 2025

ИСТАНБУЛ ЗА 8-МИ МАРТ
07.03.2025 – 09.03.2025 (две ноќевања)


Откријте ја магијата на Истанбул со незаборавно тридневно патување! Овој магичен град на два континента нуди мешавина од култура, историја, шопинг и забава, што го прави идеален за едно незаборавно патување. Посветете еден ден на шопинг во најдобрите дистрикти и прославете го Денот на жената со луксузна вечера во еден од врвните ресторани. Пловете по Босфор и уживајте во спектакуларните погледи на градот. Спојот на историја, култура и модерна убавина ќе ве остави без здив – резервирајте го вашето место денес!

ПЛАН И ПРОГРАМА:
07.03.2025 Прв ден: Таксим и прошетка по Авенијата Истиклал
Состанок на групата на Скопски аеродром во 06:30 часот. Полетување за  Истанбул во 08:35 часот. Пристигнување во Истанбул во 12.15 (локално време). Организиран трансфер од аеродром до хотел со водич, попатно панорамски разглед. Сместување во хотелот. Планирана прошетка на Таксим, со јавен превоз, со нашиот пратител. Слободно време за прошетка по познатата пешачка улица Авенијата Истиклал. Пешачката улица е долга 1,4 километри (0,87 милји) во историскиот кварт Бејоглу (Пера) во Истанбул, Турција. Тоа е една од најпознатите авении во градот. Своето модерно име го доби по прогласувањето на Републиката на 29 октомври 1923 година, Истиклал (Независност) во чест на триумфот на Турција во нејзината војна за независност. Таксим Плоштад е срцето на Истанбул, познат по својата енергична атмосфера и културна разновидност. Околу плоштадот се наоѓаат бројни кафулиња, ресторани и шопинг места, совршени за истражување – одлична почетна точка за откривање на градот и неговите знаменитости.


08.03.2025 Втор ден: Тура во стариот дел на градот и празнување на брод
Во 09.00 (локално време) средба со водичот пред хотелот, организирана пешачка тура во стариот дел на градот. Посета на Султанахмет, Света Софија, Сината Џамија и Топкапи Палатата.  
– Султанахмет е историското срце на Истанбул, дом на величествени знаменитости како Света Софија и Сината џамија. Оваа област е полна со културно наследство и шармантни улици. Идеално место за љубителите на историјата и архитектурата.
– Света Софија Џамијата е симбол на Истанбул, спој на византиската и османлиската архитектура. Со својата импозантна купола и богата историја, претставува магнет за посетителите. Ова свето место инспирира восхит и духовност.
– Сината Џамија е ремек-дело на османлиската архитектура, позната по своите шест минариња и прекрасни сини плочки. Оваа џамија е симбол на духовноста и историјата на Истанбул. Нејзината величественост ја прави незаборавно искуство за секој посетител.
– Топкапи Палатата е величествен музеј кој ја отсликува моќта и раскошот на Османлиската империја. Сместена во срцето на Истанбул, оваа палата нуди неверојатен поглед кон Босфорот. Овде ќе откриете богатство од историја, уметност и култура.

Во 19.30 пред хотел, следува организиран трансфер за крстарење со брод, прослава по повод денот на жената.
Вечерта ја посветуваме на прославата на денот на жената со музичка програма и вечера во ресторан на брод. Уживајте во турска и меѓународна кујна со прекрасен поглед на градот од Босфорот.
Организиран трансфер од и до хотелот.

09.03.2025 Трет ден: Слободно предпладне
Одјавување од собите после појадокот и време за слободни активности.
Наш предлог за прошетки: 
Истанбул е рај за љубителите на шопинг, со места како Капали Чаршија и Чадрџа маркетот за автентични сувенири и уникатни ракотворби. За современо искуство, посетете ги трговските центри како Истанбул Мол, кои нудат луксузни брендови и модерни бутици. Овој град го спојува традиционалното и модерното во незаборавно шопинг доживување.
Организиран трансфер кон аеродром во 16.00 од пред хотел. Лет за Скопје во 20:15 часот, пристигнување во Скопје во 19:45 часот (локално време).


Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 31.01.2025: 25.956 МКД / 390 ЕУР 
Цена по лице во двокреветна соба за резервации од 01.02.2025: 28.428 МКД / 420 ЕУР
Доплата за сместување во еднокреветна соба: 3708 МКД/ 60 ЕУР


Што е вклучено во цената:
-Директен лет со Turkish Airlines Скопје Истанбул Скопје, со следните летови
TK1004  07MAR 5 SKPIST    0835 1215    
TK1005  09MAR 7 ISTSKP    2015 1945 
-Рачен багаж до 8кг и чекиран багаж до 20кг,
-Организиран трансфери од аеродром до хотел и обратно,
-Две ноќевања во хотел Oran 4* со вклучен појадок https://www.oranhotel.com/
-Панорамски разглед попатно од аеродром до хотел според програмата,
-Организирана тура во стариот дел на Истанбул (Султахахмет, Света Софија, Сината Џамија и Топ Капи), 
-Пратител за време на целото патување од нашата агенција,
-Вклучена вечера на брод, крстарење по Босфор, со музичка програма, храна и безалкохолни пијалоци
-Прошетки со придружник на групата, движење на групата со јавен превоз.


Што не е вклучено во цената: 
-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци
-Влезници во локалитети (Света Софија 28 ЕУР, Топ Капи 50 ЕУР, Долма Бахче 38 ЕУР), истите мора да се однапред платени во агенција доколку се користат.
-Билети за јавен превоз (цена 27 турски лири, околу 1 ЕУР)
-Доплата за вклучени алкохолни пијалоци на крстарење со брод 750 МКД (мора да се најави и плати однапред во нашата агенција, цените на лице место се многу повисоки)

Напомена
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 25 патници.
– За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна 2 недели пред поаѓање.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 6 месеци.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 
gtur