Грузија и Ерменија 18.04.2025-24.04.2025

декември 15, 2024

ВЕЛИГДЕН ВО ГРУЗИЈА И ЕРМЕНИЈA 

Со лет од Скопје 

(18.04.2025-24.04.2025)

  

Овој Велигден сме во првата христијанска земја во светот… Две земји со древни цркви и манастири, специфична архитектура, сопствени азбуки кои никој друг не ги користи, модерен живот со традиционален шарм, карактеристична кујна, најубави вина на светот…

Две сосема посебни култури на Кавказот! 

 

Прв ден: 18.04.2025 (петок)– Скопје-Виена-Тбилиси

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување кон Виена во 12.40 часот, слетување во 14:15 часот по локално време. Летот за Тбилиси, главниот град на Грузија е во 22.40 часот, пристигнување во 03.55 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Glarros“ 5* кој се наоѓа на одлична локација во строгиот центар на Тбилиси (https://www.glarros.com/ ). Сместување на групата и одмор од патувањето.

 

Втор ден: 19.04.2025 (сабота)Tbilisi–Kakheti-TelaviSignagi-Tbilisi

Појадок. Заминуваме кон Telavi, главниот град на регионот Kakheti, еден од најважните антички градови во Грузија. Разгледот го започнуваме со тврдината Batonis Tsikhe изградена во 17-18 век, која во минатото била најважна резиденција на кралското семејство Kakheti. Комплексот се состои од две стари цркви, палата на кралот Erekle II и урнатини од кралска бања. Надвор од замокот се гледа статуата на кралот Ерекле Втори. Денес во палатата има музеј во кој се изложени бројни интересни артефакти: кралски живеалишта и спални соби, познатиот престол и меч на кралот Erekle,  нумизматички артефакти, стари порти на тврдината, саркофаг од раното феудално време, средновековно оружје и оклопи, етнографска колекција, бројни слики на грузиски, руски, германски и холандски сликари итн. Во текот на 19 век, во Грузија доаѓаат западните идеали и вредности. Aleksandre Chavchavadze-поет, преведувач, воена фигура, бизнисмен и основач на грузискиот романтизам, одиграл клучна улога во воведувањето на европската култура и образование во Грузија, особено на истокот на земјата. Палатата Chavchavadze од 1830-та година, која опфаќа површина од 18 хектари земјиште на кое успеваат егзотични растенија, сведочи за префинетиот вкус и прогресивноста на ова семејство, а музејската колекција која се наоѓа во палатата на познатиот грузиски поет опфаќа предмети што го претставуваат и животот и творештвото на поетот и неговата епоха. Го продолжуваме нашето патување до градот на љубовта Signahi, кој се смета за најромантично и најубаво место во Kakheti. Градот е опкружен со 23 кули и 6 порти; додека шетаме по неговите калдрмени улици низ кои тече мирен селски живот сфаќаме зошто многумина го сметаат за совршено место за заљубени парови. На само два километри од овој град се наоѓа Манастирот на Света Нина во Bodbe, грузиски православен манастирски комплекс и седиште на епископите. Во него е погребана Света Nina, која во IV век ја донела христијанската вера во Грузија. Манастирот денес функционира како женски манастир и е едно од главните места за аџилак во Грузија. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Трет ден: 20.04.2025 (недела)Tbilisi-Mrskheta

Заминуваме на организиран разглед на Тбилиси со лиценциран туристички водич, откривајќи го градот во кој се комбинира модерното со традиционалниот шарм. Започнуваме од пред платото на храмот Metekhi од каде има совршен панорамски поглед кон стариот град: тврдината Narikala, областа Bath и Meidani. Пристигнуваме до тврдината Narikala и Krtlis Deda, а на спуштање кон населбата Bath ќе поминеме покрај џамијата и ќе уживаме во природниот водопад кој се наоѓа во срцето на стариот град. За време на организираниот разглед ќе видиме храмови на различни религии: грузиски и ерменски цркви, Синагогата и џамијата. Одејќи низ старите градски улици ќе сретнеме интересни скулптури, ќе стигнеме до најатрактивната Саат кула и ќе ја завршиме нашата обиколка на плоштадот Слобода. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови е планиран разглед на Mtskheta, античкиот главен град на Грузија кој е вклучен во списокот на УНЕСКО како уникатен град-музеј… Тоа е верскиот центар на земјата, грузискиот „Втор Ерусалим“,  а главните знаменитости се Манастирот Jvari кој се наоѓа на врвот на ридот, една од најстарите цркви во Грузија која се уште ги импресионира посетителите и Катедралата Svetitskhoveli Cathedral (Cathedral of Living Pillar)- значаен Споменик на грузиската култура, уметност и архитектура… Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Четврти ден: 21.04.2025 (понеделник)-Tbilisi-Jerevan

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со автобус се упатуваме кон Ерменија. По пристигнувањето во главниот град Ереван, сместување на групата во „Yerevan Place Hotel“  4 * во центарот на градот (https://yerevanplace.com/). Краток одмор од патувањето и заминуваме на организиран разглед. Ќе го видиме  Плоштадот на Републиката со прекрасната фонтана Yot Aghbyur  што во превоз значи „Фонтана на седумте пролети“, зградата на Владата на Ерменија и на Министерството за комуникации, Централната метро станица со фонтаната, Плоштадот на Слободата, Францускиот Плоштад и Комплексот Каскади од каде има фантастичен поглед на Ереван. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Петти ден: 22.04.2025 (вторник)-Jerevan-Khor Virap-Naravank

Појадок. Заминуваме со автобус кон Khor Virap, еден од најголемите и најпознатите манастири на Ерменската апостолска црква, дирекно поврзан со прифаќањето на христијанството во земјата во 301 година.  Khor Virap, што во превод значи длабока темница, се наоѓа на планината Ararat на чиј врв, според легендата, застанал бродот на Ное по големиот потоп. Црквата се наоѓа на араратската висорамнина од каде се простира прекрасна панорама на планината Ararat која географски и` припаѓа на Турција. Ова е еден од најважните духовни и културни споменици во Ерменија. Манастирот станал познат како место каде паганскиот ерменски крал Tiridar III го држел Светиот Григориј Просветителот во затвор цели 13 години заради тоа што го проповедал христијанството. Кога кралот почнал да полудува, неговата сестра сонила сон во кој ангелот и` кажал дека само затвореникот од  Khor Virap можел да го излечи нејзиниот брат. Овој настан го натерало кралот Tiridar III  да го прифати христијанството како единствена вера на Ерменците, а Ерменија официјално во 301.-та година станала првата христијанска земја на светот. Манастирот денес претставува најзначајно место за аџилак и најпопуларна туристичка дестинација во земјата. Од таму се упатуваме кон еден од најпознатите манастири Naravank, сместен меѓу преубави стрмни карпи. Неговото име значи нов манастир, но денес никако не му одговара бидејќи манастирот постои уште од 13. век. Изграден е на тесната кривулеста клисура над реката Amaghu и е ремек-дело на средновековната ерменска архитектура, главен религиозен и културен центар во минатото и резиденција на принцовите од династијата Orbelia. Според една легенда, во него било скриено парче од вистинскиот крст на кој бил распнат Исус, извалкано со неговата крв. Уште една легенда е поврзана со овој манастир. Изграден е од архитект по име Momik, кој се вљубил во убавата ќерка на принцот Orbelian. Кога нејзиниот татко дознал за нивната љубов, му рекол дека ќе му ја даде раката на неговата ќерка само ако за помалку од три години изгради храм со неверојатна и неспоредлива убавина. Momik се зафатил со работа, сечел огромни парчиња карпи резбајќи ги во градежни блокови. Навреме го испочитувал дадениот рок и додека ги ставувал завршните работи на куполата, клечејќи на самиот врв на храмот бил поттурнат од слугата на принцот кој наредил да го исфрлат од покривот на манастирот. Momik паднал на земјата стегајќи го во рацете последниот блок од куполата; тој камен станал негов надгробен споменик. Потоа доаѓаме до пештерата Arena каде ќе го видиме местото каде е пронајдена винарија стара 6000 години. Во пештерата исто така е пронајдена совршено сочувана кожена обувка стара 5500 години. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Шести ден: 23.04.2025 (среда)-Jerevan-Garni-Geghard

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон древниот локалитет Garni. Сликовито место во кое е сместен единствениот сочуван пагански храм на Ерменските кралеви. Изграден е во 1. Век од новата ера во стилот на класичните римски храмови со столбови во јонски стил. Сместен е  над реката Azat и има спекталарен поглед кон околните планини и долини. Од таму се упатуваме кон манастирскиот комплекс од 4. век Geghart, еден од најубавите и најзначајните манастири во Ерменија. Овој манастир е познат по тоа што делумно е исклесан во карпа. Основан е од Свети Григориј Просветител, а името Geghart значи копје и се однесува на светото копје кое, според традицијата е користено за време на распнувањето на Исус Христос и кое некогаш се чувало во овој манастир. Geghart е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство. За крај на нашата посета во Ерменија ќе имаме можност да видиме еден неверојатен феномен сместен во клисурата на реката Azat. Овој феномен наречен „Симфонија на карпите“ или „Базалтни оргуљи“ е составен од базалтни столбови високи околу 50 метри оформени пред околу 40 милиони години од лавата која се слеала од околните вулкански планини. Нешто слично може да се види во Исланд, но во Ерменија изгледа уште поневеројатно и моќно. По слободното време за индивидуални прошетки, во вечерните часови заминуваме кон аеродромот во Тбилиси.

 

Седми ден: 24.04.2024 (четврток)- ТбилисиВиена-Скопје

Полетување кон Виена во 04.50 часот по локално време, слетување во 06:30 часот. Летот за Скопје е во 10.25 часот, пристигнување во 11.55.

 

Промотивна цена за уплата до 29.01.2025…….. 959 евра (59.460 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………1059евра (65.660 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 • Авионски билет СкопјеВиена-Тбилиси-Виена-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 3 ноќевања во Тбилиси во хотел со 5*

• 2 ноќевања во Јереван во хотел со 4*

• Влезници во објектите кои се посетуваат

• Лиценцирани локални туристички водичи

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Виза за Грузија – 20 евра (За вадење на виза ќе посредува агенцијата)

• Доплата за еднокреветна соба – 220 евра

• Патничко осигурување

 

Начин на плаќање: Заклучно со 29.01.2025 уплата 50 % од аранжманот. Целосна доплата на аранжманот до 18.03.2025 

  

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 atlk