*23.02.2025 Поаѓање од Скопје за Дубаи со Turkish Airlines
1 ДЕН 23.02.2025 | Скопје – Истанбул
Состанок на групата 2 часа порано на аеродром Скопје. Полетување за Истанбул со TK1006 во 20:35 ч. Пристигнување во Истанбул во 00:15 часот следниот ден.
2 ДЕН 24.02.2025 | Истанбул – Дубаи
Полетување од Истанбул за Дубаи со TK 762 во 01:25 ч. Пристигнување во Дубаи во 06:50 ч . Организиран трансфер од аеродром. Посета на Dubai Mall со слободно време за ручек, шопинг и индивидуални активности. Трансфер од Dubai Mall до пристаништето во Дубаи. Чекирање на брод во дополнително договорено време. Вечера и забава на брод. Ноќевање.
3 ДЕН 25.02.2025 | Дубаи | Испловување во 19:00
Појадок. Дубаи нуди по нешто за сечиј вкус, од неговите блескави мега-облакодери се до традиционалните исламски корени. Организиран разглед на Дубаи со автобус и локален водич. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
4 ДЕН 26.02.2025 | Касаб (Оман) | Испловување во 18:00 часот
Појадок. Пристигнување во Касаб рано наутро. Касаб, кој често се нарекува „Норвешка од Арабија“, е град на полуостровот Мусандам во Оман кој е познат по својата неверојатна природна убавина, единственото место каде може да видите пустински фјордови, или да уживате во активности на отворено, како што се крстарења по фјордови (факултативно). Слободно време за прошетки. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
5 ДЕН 27.02.2025 | Сир Бани Јас | Испловување во 20:00 часот
Појадок. Пристигнување на островот Сир Бани Јас во 13:00 часот. Тоа е најголемиот природен остров којшто се наоѓа на западниот дел од Абу Даби. Интересен по археолошките локалитети на островот или едноставно остров за уживање во прекрасните плажи и пејзажи. После ова прекрасно искуство крузерот се закотвува на ристаништето во Абу Даби. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
6 ДЕН 28.02.2025 | Абу Даби | Испловување во 19:00 часот
Пристигнување во утринските часови. Појадок. Најбогатиот град во светот и главен град на ОАЕ изобилува со богатство на култура, историја и авантура. Оваа метропола стара 5.000 години е одлично место каде може да го искусите топлото зимско сонце додека пиете миризливо арапско кафе. Додека сте во Абу Даби не испуштајте ја можноста да ја посетите џамијата Шеик Зајед, една од најголемите џамии во светот, музејот Лувр во Абу Даби, хотелот Емирати Палас како и пустината Ал Катим која е една од најдобрите локации за авантуристи љубители на пустински активности како што е off-road возење со 4х4 ( факултативно). Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање. 7 ДЕН 01.03.2025 | Доха (Катар) | Испловување во 17:00ч.
Пристигнување во Доха во 08:00 часот. Појадок. Исклучително место за посетување е внатрешното море Хор Ал Адаид. Со автентична атмосфера ќе бидете пречекани и на пазарот Souq Waqif. Доколку сакате повеќе да се задлабочите во уметноста и традицијата на овој народ, не заборавајте да го посетите и Музејот на исламските уметности(факултативно) . Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
8 ДЕН 02.03.2025 | Бахреин | Испловување во 17:00 часот
Пристигнување во Бахреин во утринските часови. Појадок. Ал Манама, главниот град на Бахреин, служи како центар на трговија и култура во Персискиот Залив. Не ја пропуштајте иконската Голема џамија Ал Фатех, симбол на исламската архитектура и гостопримство. Можност за организирани факултативни екскурзии и разгледи. Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање. 9 ДЕН 03.03.2025 | Дубаи (ОАЕ)
Пристигнување во Дубаи. Појадок. Во 14:00 часот се одјавуваме од крузерот. Со организиран трансфер во попладневните часови се упатуваме кон аеродром во Дубаи со попатна посета на стариот дел од градот .
10 ДЕН 04.03.2025 | Дубаи – Истанбул – Скопје
Полетување од Дубаи за Истанбул со TK 761 во 02:50 часот. Пристигнување во Истанбул во 06.45 ч .Полетување за Скопје со TK1003 во 08:10 часот по локално време. Пристигнување во Скопје во 07:45 часот. |
|
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио билети на релација Скопје – Истанбул – Дубаи – Истанбул – Скопје;
- Аеродромски такси и оброк во авион;
- Багаж 30 килограми;
- Сместување во внатрешна кабина , можност за доплата за друг тип на кабина;
- Повратен трансфер од аеродром Дубаи до пристаниште ;
- Организиран разглед на Дубаи со превоз и водич;
- Вклучени пристанишни такси 199 еур;
- Бакшиш вклучен во цената;
- Забава на брод со најразлични активности , анимации ;
- Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците;
- Бонус 75 € по особа за користење екскурзии;
- Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот;
- Претставник од Fibula Travel на патување ( доколку се оформи група над 30 патници).
Во цената не е вклучено:
- Медицински услуги ;
- Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.;
- Услуги во спа центарот и услуги за убавина;
- Патничко осигурување ;
- Факултативни излети ;
- Интернет е со доплата ;
- Виза за влез во ОАЕ изнесува 180 .Потребни се пасош скениран и фотографија во боја со бела позадина.
- Важна напомена:
- Горе наведената цена важи за резервации направени до 30 ноември!
- Чекирањето на бродот е од 17:00 по локално време;
- За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци ;
- Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место;
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето;
- За резервација задолжителна е уплата од 50 % депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето;
- За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
fi