Древна Ликија 16.04.2025 – 23.04.2025

декември 15, 2024

ДРЕВНА ЛИКИЈА

Комбинирана програма со директен лет од Скопје

  

ФЕТИЈЕ-САКЛИКЕНД-ДАЉАН-КАУНОС-КАЈАКОЈ-ОЛУДЕНИЗ-ДЕМРЕ-КЕМЕР-АНТАЛИЈА

(16.04.2025 – 23.04.2025) 

Некогаш тоа била Древна Ликија, сместена меѓу Средоземното Море и планината Таурус – денес е во областа Анталија и Мугла. За древните Ликијци се знае дека учествувале во освојувањето на Египет, дека во Тројанската Војна се бореле на страната на Троја, дека се освојувани од Персија, ослободувани од Александар Велики и дека долго биле провинција на Римското Царство. Во Мира живеел, работел и умрел Свети Никола Чудотворец!

  

Прв ден: 16.04.2025 (среда)– Скопје-Анталија-Фетије

00.05 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Анталија во 02.05 часот, слетување во 04:50 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон градот Фетије, туристички бисер на Анадолскиот Полуостров. По пристигнувањето организиран разглед на градот во кој богот Аполон се заљубил во ќерката на кралот Агенор, а во чест на нивниот син Телмесус подоцна така и го нарекол. Потоа сместување на групата во хотел „Remer“ 3*** (http://www.remerhotel.com/tr/) кој се наоѓа во непосредна близина на морскиот брег и на плажата. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 17.04.2025 (четврток) Фетије-Национален Парк Сакликенд

Појадок. Заминуваме кон Националниот парк Сакликент што на турски значи „скриен град“. Всушност, станува збор за кањонот кој случајно е пронајден како резултат на овчарска потрага по коза која избегала, а до 1990 година ова место им е познато само на селаните кои живееле во близина.  Благодарение на промотивните филмови направени од Националната телевизија, во 1996 година е прогласен за Национален Парк кој годишно го посетуваат околу 210.000 туристи од целиот свет. Ова е најдолгиот кањон во Турција со површина од 17 километри , а неговата висина е над морското ниво-1100 метри. Камените ѕидови на кањонот се толку високи што ги блокираат дури и сончевите зраци. Растојанието помеѓу карпите понекогаш се намалува на 2 метри па може да се каже дека е невозможно да се види небото од овој предел.  Во кањонот досега се откриени 16 пештери и се смета дека луѓето живееле тука пред 3 илјади години. Слободно време за уживање во оваа неверојатна природна убавина и организиран ручек. Во договореното време се враќаме назад во хотелот во Фетије. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 18.04.2025 (петок)– Фетије-Островот на желките-реката Даљан-Каунос-Кални бањи

Појадок. Организирано заминување на групата на целодневен излет до Островот на желките и реката Даљан. Доколку не` послужи среќата, ќе ги видиме големите желки кои се атракција за туристите и кои ги закопуваат јајцата во песокот на местото каде последниот дел од реката Даљан се влева во морето. Слободно време за прошетки на плажата, а потоа заминуваме на организиран ручек во ресторан. Нашето возбудливо  патување го продолжуваме со чамци пловејќи по реката Даљан, а посебно доживување на оваа пловидба е глетката кон остатоците од античкото археолошко наоѓалиште Kaunos , како и ликијските кралски гробници од IV-II  век пред нашата ера во хелинистички стил, издлабени високо во околните карпи. Зошто баш гробници во карпите? Ликијците верувале дека по смртта душата на луѓето се претвара во крилати суштества кои заминуваат на небото. Затоа луѓето биле закопувани да бидат што поблиску до небото. Колку покојникот бил поимотен и повлијателен, толку неговото гробно место било повисоко на карпите. Пристигнуваме до калните бањи кои, според потврдените податоци поседуваат највисок степен на радиоактивност- 98,3 и по квалитет се веднаш после калните бањи во Индонезија. Се верува дека калта е лековита и поволно делува кај луѓето кои имаат проблеми со ревматизам, лумбаго и кожни болести. Слободно време за забава на едно од најпопуларните места за туристите кои секој момент го користат за фотографирање. Во попладневните часови враќање во хотелот во Фетије. Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 19.04.2025 (сабота)-Кајакој-Национален парк Плава Лагуна -Олудениз

Појадок. Заминуваме на целодневен организиран разглед на градот на Сонцето кој има богата историја која се поврзува со древното Ликијско кралство во кое жителите имале свое писмо, јазик, обичаи и богови. Се упатуваме најпрво кон некогашното грчко село Кајакој кое денес важи за село на духовите. Имено, кога во 1922 година дошло до размена на жителите меѓу Грција и Турција, Грците кои со векови живееле во денешна Турција засекогаш си заминале во Грција, а Турците кои 500 години живееле во Грција се вратиле во Турција. Сепак, околу 400 камени куќи во ова село засекогаш останале ненаселени, па селото на духови денес е туристичка атракција. Тука ќе имаме можност да ги разгледаме интересните коцкасти камени куќи кои се градени на одредена оддалеченост една од друга за да не си прават самите на себе сенка. Поголем дел од објектите, како и две грчки цркви денеска се под заштита на Турската Влада. Потоа продолжуваме кон Националниот Парк Плава Лагуна. Всушност, тоа е официјално најубавата и една од најфотографираните плажи на Медитеранот-Олудениз или како уште го нарекуваат Мртвото Море. Слободно време за уживање на плажата распослана во оваа раскошна убавина на Средоземното Море која е опкружена со четинарска шума што придонесува за создавање на извонредни климатски услови. Олудениз е  речиси три километри долг полуостров со кристално чисто тиркизно море и блескаво бели песочни плажи. Местото изобилува со многу продавници и ресторани.  Во попладневните часови се враќаме во хотелот во Фетије. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 20.04.2025 (недела)- Фетије-Демре-Кемер

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон древниот град Мира, некогашен главен град на Ликија и еден од шесте најголеми градови на Ликијскиот Сојуз. Градот денес се вика Демре и е важно место за христијаните бидејќи во 4. век тука престојувал епископот Никола Мириклијски, подоцна светец заштитник на децата и морнарите. Бројните легенди велат дека Црквата Свети Никола која го носи неговото име низ вековите потонувала под калта што ја носела реката Демре па затоа рускиот цар Александар во 1863 година ја откопал и реставрирал. Во базиликата посебно вреди да се види подниот мозаик и добро сочуваните фрески во куполата, а во Црквата сеуште стои саркофагот на Свети Никола кој претрпел големи оштетувања бидејќи италијанските трговци во 11. век им ги однеле остатоците на светецот на бискупите во Бар.  По престојот и разгледување на ова свето место, се упатуваме кон градот Кемер. Сместување на групата во „Grand Ring Hotel“ 5 * (https://www.grandringhotel.com/ ). Слободно време за уживање во содржините на хотелот. (Услугата во овој хотел е на  All Inclusive). Ноќевање.

Шести ден: 21.04.2025 (понеделник)-Кемер

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и за уживање на плажа или покрај базените во хотелскиот комплекс (Услугата е на  All Inclusive). Ноќевање.

Седми ден: 22.04.2025 (вторник)-Кемер-Анталија

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Анталија, еден од најголемите градови во Турција и најзначајното место за одмор на туристите. Организиран разглед со локален туристички водич на најзначајните објекти од кои се издвојува симболот на градот-Адријановата Порта, римска триумфална порта изградена во 130 година од нашата ера во чест на императорот Адријан. Целосно е направена од бел мермер со резба и рељефни украси. Ќе го видиме часовникот и џамијата  Yivli minaret, ќе прошетаме низ стариот град каде ќе се имаме слободно време да уживаме во шоља турско кафе или традиционален турски чај и ќе продолжиме кон водопадот Düden кој со својата импресивна глетка ќе ни го одземе здивот-тука водата паѓа од 45 метри висина и се влева во морето. Во вечерните часови посета на Мол Центар каде ќе имате слободно време за индивидуални активности. Во договореното време трансфер до аеродромот во Анталија. Полетување од Анталија во 00.25 часот, пристигнување во Скопје на 23.04.2025 во 01.15  часот.

 

Промотивна цена за уплата до 10.01.2025…….. 759 евра(47.060 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………79евра (49.540 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

 • Авионски билет Скопје – Анталија – Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 4 ноќевања во Фетије во хотел со 3* на база HB (појадок и вечера)  

• 2 ноќевања во Кемер во хотел со 5* на база All Inclusive

• Влезница во Националниот Парк Сакликенд и организиран ручек

• Влезница во Калните бањи, трансфер со чамци по реката Даљан и организиран ручек

• Влезници за селото Кајакој и Националниот Парк Олудениз

• Влезница во Црквата Свети Никола во Демре

• Влезница за водопадот Деден во Анталија

• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување (на бугарски јазик)

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Доплата за еднокреветна соба – 200 евра

• Патничко осигурување

 

 Напомена: За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 250 евра (15.500 денари). Целосна доплата на аранжманот до 14.03.2025 година. 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 atlk