Будимпешта ( Виена – Сент Андреа)13.02.2025- 17.02.2025 

декември 20, 2024

Будимпешта ( Виена – Сент Андреа) – 2НП

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2025:  149 евра / 9.240 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 евра/ 10.480 денари

 

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

 

1 ден  13.02.2025 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   14.02.2025 БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден    15.02.2025 БУДИМПЕШТА –ПАНДОРФ – ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање

4 ден   16.02.2025 БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА   Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  17.02.2025  СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  300 денар
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 20€
  • Крстарење по Дунав  20€
  • Посета на Сент Андреа  30€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
  • Туристичка такса -310 ден.( се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  3.100 денари

 

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • neh

 

 

 

НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

e-mail[email protected]    web:www.nehartravel.com.mk