Андалузија 07.03.2025-10.03.2025

декември 6, 2024

 

8.МАРТ ВО АНДАЛУЗИЈА

(МАЛАГА-СЕВИЉА-РОНДА-СЕТЕНИЛ)

Со директен лет од Скопје

 

БОНУС ПОСЕТА НА ЦИРИХ!!!

 

(07.03.2025-10.03.2025)

  

Огнена, страствена, мистична, привлечна… жешка крв која тера на танц, ти го одзема здивот… Едноставно-мора да се види… Шпанија!!!

 

Прв ден: 07.03.2025 (петок)Скопје-Цирих-Малага

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07.00 часот. Полетување кон Цирих во 08.55 часот, слетување во 11:15 часот по локално време. Летот за Малага е во 12.45 часот, пристигнување во 15.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус до Малага, родното место на Пабло Пикасо и на познатиот глумец Антонио Бандерас.  Петтиот по големина град во Шпанија е вистински музеј на отворено токму заради богатата историја. Ќе прошетаме низ Плоштадот Plaza de la Merced во чија близина се наоѓа родната куќа на Пабло Пикасо и Катедралата Catedral de la Encarnacion чија градба траела скоро два века и никогаш не е докрај завршена.  По организираниот разглед со лиценциран туристички водич, слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон хотелот „Bluesea Gran Cervantes Hotel“ 4* лоциран во центарот на Торемолинос (https://grancervantesbybluesea.hotels-torremolinos.com/en/#bkl  ). Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 08.03.202(среда)– Торемолинос – Севиља

Појадок. Заминување со автобус на целодневна посета на Севиља, главниот град на Андалузија. Велат дека ниту еден град не му е рамен по архитектонското наследство. Секоја градба ќе ни го одземе здивот додека шетаме низ улиците по кои шетал барокниот сликар Bartolomeo Muriljo. Но она што прво ќе не` пречека во градот е мирисот на портокалите – во 12. век се верувало дека оној кој има повеќе од две стебла портокали ќе има среќа, што на крај придонело до тоа денес градот да пука од среќа – посадени се повеќе од 40.000 стебла, а дополнително фасцинира и податокот дека некои од нив се стари и до 600 години. Главната атракција на градот е Катедралата, трета по големина во светот прогласена во 1986 година од УНЕСКО како светско културно наследство. Многу познати личности се погребани во неа, меѓу нив и Кристофер Колумбо (во слободното време можете индивидуално да ја посетите Катедралата). Најпознатиот градски Плоштад во Севиља е толку голем што не може да влезе во еден кадар… Ова ремек дело на архитектурата е изградено во 1929 година како дел од Ибероамериканската изложба која се одржувала токму тука, а Плоштадот бил центар на таа изложба. Деталите на зградите одушевуваат – се` е украсено со препознатливите керамички плочки познати како „azulejos“ што значи плаво. Севиља е дом на двете најголеми шпански традиции-фламингото и коридата, па на плоштадот секојдневно можете да уживате во фламинго перформансите. По организираниот разглед, слободно време за индивидуално уживање во еден од најубавите европски градови. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 09.03.2025 (недела)- Торемолинос-Ронда-Setenil de las Bodegas

Појадок. Заминување со автобус на целодневна посета на најубавите бели села во овој дел од Шпанија. Ернест Хемингвеј во својот есеј „Смрт попладне“ пишува дека постои еден најромантичен град во кој треба да се оди ако некој одлучи да оди на меден месец во Шпанија. Тој град е Ронда. Тоа е најубавиот мал град во Андалузија кој со своите 3500 жители годишно го посетуваат и до 200.000 туристи. Изграден е во планинска област на 760 метри над нивото на морето и е поделен на два дела – стариот и новиот кои се разделени со 120 метри длабокиот кањон El Taho а  го поврзуваат три моста- еден го изградиле Маврите, вториот Арапите, а третиот „најновиот“ и најимпресивниот мост во Шпанија е завршен во 1793 година. Тесни улички, куќи на ивицата на кањонот, драматичен пејзаж кој го одзема здивот на секој кој ќе го посети ова спектакуларно место. Тука се наоѓа и една од најстарите и најголемите арени за борби со бикови во Шпанија. Слободно време за индивидуални прошетки, а потоа продолжуваме кон најчудното село во Андалузија-  Setenil de las Bodegas. Најнеобична архитектура: куќите во ова село се изградени на остатоците од изладена лава. Или уште поточно, надоградени се на пештерите кои ги формирала лавата. На некои куќи слојот од лавата е нивниот покрив, на други нивен ѕид… белите фасади се совршено вклопени во златножолтите слоеви на лавата и така ја сочинуваат оваа необична глетка. Овој скриен бисер е уникатна дестинација која мора да се доживее. Слободно време за индивидуални прошетки низ тесните улички над кои се надвиснала скаменетата лава. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 10.03.2025 (понеделник)- Торемолинос-Цирих-Скопје

Во раните утрински часови заминуваме кон аеродромот. Летот за Цирих е во 05. 35 часот, слетување во 08.15. Следува Бонус посета на Цирих, најголемиот град во Швајцарија, градот во кој живеат најсреќните луѓе во светот токму заради највисокиот стандард што го имаат. Организиран трансфер до центарот и слободно време за индивидуални прошетки.  Во договореното време се упатуваме кон аеродромот. Летот е во 17.50 часот по локално време, слетување во Скопје во 19.50. часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 27.12.2024…….. 599 евра (37.140 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………699 евра (43.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Авионски билет Скопје-Цирих-Малага-Скопје со вклучени аеродромски такси

– Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице

– Сите трансфери вклучени во програмата

– 3 ноќевања со појадок во хотелот „Bluesea Gran Cervantes Hotel“ 4* во Торемолинос

– Организиран разглед на Малага

– Лиценциран туристички водич

– Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

– Доплата за еднокреветна соба – 200 евра

– Факултативна посета на Севиља- 75 евра

– Факултативна посета на Ронда и Setenil de las Bodegas – 65 евра

– Туристичка такса – 1.5евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)

– Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на рецервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари). Целосна доплата на аранжманот до 31.01.2025

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

atl