Амстердам и Брисел 17.04-22.04.2025 

декември 11, 2024
АМСТЕРДАМ и БРИСЕЛ

17.04-22.04.2025 

           АВИОН /5дена / 4ноќевања

 

17 Април (Четврток)  СКОПЈЕ-АМСТЕРДАМ                

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 02.00 часот. Авионот за Амстердам полетува во 04.00 и слетува во 09.10часот. Органзиран трансфер од аеродром до Амстердам, кратка пауза, oрганизиран панорамски разглед на Амстердам: стариот дел на градот, главниот Плоштад Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, Плоштадот Рембрант и Статуата на познатиот сликар, познатата улица Спигел, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт… Препорачуваме возење со брод по каналите на Амстердам, покрај мостовите по кои позната Холандија. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка до улицата со црвените светилки… Ноќевање.

 

18 Април (Петок)                 АМСТЕРДАМ

Појадок. Факултативна посета, организиран трансфер, водич и влезницана во најубавата градина на светот Кеукенхоф, каде на 32 хектари може да се види најубавото цвеќе во Холандија. Веднаш потоа се упатуваме кон популарното село Зансе Шанс (Zaanse Schans), ќе имате можност да ви видите познатите ветерници, работилници за кломпи, порцелан, сирење… Враќање во хотел. Слободно време за прошетка низ градотИли пепорачуваме за љубителите на уметноста можност да ги посетат музејот Ријкс, основан од братот на Наполеон (со делата на Рембрант и Вермер), или музејот Ван Гог со најголемата збирка на неговите дела. Ноќевање.

 

19 Април (Сабота)      АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА –БРИСЕЛ 

Појадок. Организиран трансфер и водич на познатата Големата Холандска Екскурзија. Посета на Хаг, организиран панорамски разглед на административната престолнина на Холандија, Парламентот, Палатата на мирот и Кралската палата. Патувањето продолжува во посета на модерниот град Ротердам, разглед на градот познат по најголемото пристаниште во Европа и највисоката кула во Холандија – Евромаст. Пристигнување во Брисел, сместување во хотел. Во вечерните часови можност за прошетка за запознавње на централниот дел од градот. Ноќевање.

 

20 Април (Недела)   БРИСЕЛ – АНТВЕРПЕН и БРИЖ    

Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж. Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, а своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Разглед на градот: Најголемата готска црквакаедрала во Европа Onze-Lieve-Vrouwekathedraal, украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКУ, кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен… Патувањето продолжува кон Бриж, градот кој го нарекуваат Венеција на северот”, вистински скапоцен камен, опкружен со живописни канали, кој со својата исклучителна убавина, го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Со неговата  целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКУ. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица… Враќање во Брисел. Ноќевање.

 

21 Април (Понеделник)      БРИСЕЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот, неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo… Слободно попладне, индивидуална програма. Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 21.15. Пристигнување во Скопје во 02.05 часот на аеродромот Александар Велики.

 

ЦЕНА за рана уплати 18.01:      1.090 евра (67.580мкд)  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:     1.190 евра    (73.780мкд)     

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Амстердам и Брисел-Скопје

Рачен багаж до 8кг и чекиран куфер до 23кг

Организиран трансфери според програмата ( аеродром – хотел и обратно )

Сместување во Хотел XO BLUE SQUARE 3* во Амстердам на база 2 ноќевања со појадок

и во Хотел BEDFORD 3* во Брисел на база 2 ноќевања со појадок

Организирани разгледи на Амстердам и Брисел

Голема Холандска Екскурзија (посета на Хаг и Ротердам)

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Целодневна екскурзија до Антверпен и Бриж 75 евра (вклучено автобуски превоз, локален водич)

Посета на Кеукенхоф и Зансе Шанс  95 евра (вклучено автобуски превоз, локален водич и влезница)

Крстарење по каналите 25 евра

Доплата за еднокреветна соба 18.700

Туристичка такса  – 1.240 денари се плаќа во агенција

Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патнициЗа резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

ma